= Оптимизација на прашалници и погледи = Во оваа фаза ќе се изврши анализа и оптимизација на погледите дефинирани во претходната фаза преку прашалници базирани на реални сценарија кои би се користеле во рамки на системот '''Safe City Security'''. Целта е да се испитаат перформансите при пребарување и обработка на податоци поврзани со прекршоци, возила, казни, камери и корисници, како и да се идентификуваат потенцијални проблеми при извршување на прашалниците. Во оваа фаза ќе се анализираат плановите на извршување, ќе се утврдат најбавните операции и ќе се изврши оптимизација со помош на индекси и подобрување на прашалниците, со цел системот да обезбеди поефикасно и побрзо извршување при работа со големи количини на податоци. === Анализа на View1: Неплатени казни во последните 2 недели ===