Changes between Initial Version and Version 1 of About


Ignore:
Timestamp:
01/16/25 04:31:34 (2 weeks ago)
Author:
221028
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • About

    v1 v1  
     1= SIMLAB =
     2
     3== Краток опис на проектот
     4
     5**SIMLAB** е веб апликација која овозможува едноставна и интерактивна симулација на хемиски експерименти во виртуелна лабораторија, притоа прикажувајќи предупредувања за ризик и безбедносни мерки согласно условите на реакцијата.
     6
     7Во системот учествуваат ученици и наставници, кои имаат преглед на сите хемиски елементи, лабораториски инструменти, реакции и експерименти, притоа можат да ги избираат и комбинираат реактанти и услови (температура, притисок) за да добијат поблиску до реалноста симулации и детални резултати за нивните експерименти.
     8
     9Покрај тоа, професорите можат да ја надградуваат базата на системот со нови инструменти, реактанти и продукти, со што се овозможува постојано збогатување на содржината, понапредни сценарија за симулации и автоматски совети за безбедно експериментирање.
     10
     11== Детален опис на проектот
     12* **За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?**
     13        Овој систем е наменет за сите оние кои сакаат да учат и истражуваат хемија. //Наставници// и //ученици// можат да го користат за практична настава и експерименти. Администраторот на системот и наставниците ќе бидат одговорени за управување со базата на податоци, односно за обновување на информациите за реактанти и резултати од експериментите. Корисниците ќе можат да создаваат свои профили за следење на извршените експерименти.
     14* **Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?**
     15    Со овој систем ќе се решат следниве проблеми:
     16        1. Недостиг на кабинети и лаборатории во училиштата и нееднакви можности за учење – Многу образовни институции, особено во помалку развиените региони, немаат соодветни простории или ресурси за лабораториски активности, што создава нееднаквост во пристапот до квалитетна едукација.
     17        2. Недостиг на финансиски средства за набавка на хемиски елементи и лабораториски инструменти – Физичките лаборатории често бараат значителни инвестиции за опрема и материјали, што може да биде пречка за училиштата и универзитетите.
     18        3.Ризик од опасни експерименти – Изведувањето на одредени експерименти во физички лаборатории може да биде опасно за учениците, особено ако станува збор за токсични, корозивни или експлозивни материјали.
     19        4. Ограничен пристап до ретки и скапи хемикалии – Некои хемикалии се тешко достапни или многу скапи, што ги ограничува експерименталните можности. SIMLAB овозможува виртуелна употреба на овие хемикалии без дополнителни трошоци.
     20        5. Недоволно време за практична настава – Образовниот систем често не обезбедува доволно време за изведување на хемиски експерименти во рамките на стандардните часови. SIMLAB им овозможува на студентите да работат надвор од училницата, во свое темпо.
     21        6. Недостаток на безбедносна обука – Многу студенти не се запознаени со основните принципи за безбедност при работа со хемикалии. SIMLAB вклучува интерактивни упатства за безбедно експериментирање.
     22    SIMLAB ги елиминира овие проблеми со создавање на виртуелна средина каде корисниците можат безбедно, економично и интерактивно да спроведуваат експерименти и да ги истражуваат хемиските реакции.
     23- **Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?**
     24        //Администратор//: Лице задолжено за управување со системот и базата на податоци, додавање на нови реактанти и следење на активностите на корисниците.
     25
     26        //Корисник//: Ученик од основно училиште кое ќе користи апликацијата за симулирање на реакции и анализа на резултатите.
     27
     28        //Наставник//: Лице кое ќе ја користи апликацијата за демонстрација на експерименти, за следење на напредокот на учениците и додавање на потребни реакции и инсрументи согласно материјалот кој го предава.
     29- **Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект.**
     30        Овој проект нуди интерактивно искуство со симулација на хемиски реакции, што не е често достапно во физичките лаборатории. Исто така, предвидено е да се вклучи машинско учење за подобрување на точноста на предвидувањата за ризикот од експериментите, што е иновативен пристап за ваков тип на апликација.
     31- **Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?**
     32        Се работи за веб апликација.