Version 4 (modified by 2 days ago) ( diff ) | ,
---|
SIMLAB
Краток опис
SIMLAB e веб апликација која овозможува симулација на хемиски реакции во виртуелна лабораторија, со цел да ги доближи експериментите до корисниците без потреба од физички ресурси. Корисниците (ученици, студенти, професори) можат да избираат различни реактанти, услови за реакција (температура, притисок, pH и слично) и да ги визуелизираат резултатите преку графикони и хемиски формули. Дополнително, апликацијата вклучува основни хемиски принципи за пресметка на продуктите и нивните состојби, а во иднина ќе користи машинско учење за подобрување на точноста на предвидувањата, со што ќе се издигне корисничкото искуство и ќе се олесни процесот на учење хемија.
Овој пристап им овозможува на корисниците целосно да се нурнат во светот на хемијата, да ги тестираат своите хипотези, и да го забрзаат процесот на истражување. Се намалува потребата од скапа или тешко достапна лабораториска опрема, а ризикот од потенцијално опасни хемиски реакции е сведен на нула бидејќи сите процеси се виртуелни. Преку создавање на профил и следење на историјата на експерименти, корисниците добиваат персонализирана едукативна патека и можност да видат каде можат да ги усовршат своите знаења.
Изработува
Име и презиме | Индекс |
---|---|
Марија Исаиловска | 221028 |
- Предмет
-
Бази на податоци во 2024/2025 зимски семестар
- Под менторство на
- проф. д-р Вангел Ајановски
Фази на изработка
Фаза | Име на фаза | Статус |
---|---|---|
Ф0 | Дефинирање на проектот | Одобрена |
Ф1 | Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања | Одобрена |
Ф2 | Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) | Одобрена |
Ф3 | Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи | Чека на одобрување |
Ф4 | Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) | Чека на одобрување |
Ф5 | Прототип апликација - Основни функционалности | Не е започната |
Ф6 | Нормализација и подобрување на дизајнот | Не е започната |
Ф7 | Напреден апликативен развој | Не е започната |
Attachments (1)
- logo.png (6.1 KB ) - added by 5 weeks ago.
Download all attachments as: .zip