== **[[span(style=color: #BF1B1B, Дефинирање на потреби за база на податоци)]]** == **[[span(style=color: #BF1B1B, • Членови на тимот)]]** ||= Имe и презиме =||= Индекс =|| ||[[span(style=color: #BF1B1B, Сара Стојилкова)]] - **координатор**||215073|| ||[[span(style=color: #BF1B1B, Маргарита Стојковска)]]||121232|| ||[[span(style=color: #BF1B1B, Илинка Ставрова)]]||133039|| ||[[span(style=color: #BF1B1B, Христијан Серафимовски)]]||215051|| == **[[span(style=color: #BF1B1B, • Краток опис на проектот)]]** **"University Planner"** е систем за управување со академските обврски на студентите, изработен со цел да го олесни и подобри искуството на студирањето. За да ги задоволи потребите на студентите, базата на податоци на овој планер ќе содржи широк спектар информации поврзани со академскиот календар и активностите при студирањето како што се: податоци за распоредот на часови за предметите кои ги следи студентот, термини за испити/колоквиуми, информации за домашни задачи, курсеви, материјали и препорачана литература за предметите кои студентот ги слуша, информации за проекти, забелешки од предавањата, термини за консултации ... Во целост, "University Planner" не е само база на податоци, туку целосна алатка за поддршка на студентите во нивното студентско искуство, обезбедувајќи им лесно и ефикасно управување со академските задачи и обврски. == **[[span(style=color: #BF1B1B, • Детален опис на проектот:)]]** **•** Дел од функционалностите кои би ги нудела апликацијата се': ** - Планер и календар:** "University Planner" обезбедува дигитален планер и календар каде корисниците можат да внесат свој распоред на часови, термини за испити/колоквиуми, рокови за проекти и слично. Дополнително, апликацијата им овозможува на корисниците да додаваат неакадемски настани и потсетници/забелешки. Корисниците ќе имаат опција да додаваат повторувачки или неповторувачки евенти. ** - ТО-DО листа:** Корисниците можат да внесат листа на обврски кои треба да ги изработат за одредена задача. Листата може да се подредува по приоритет. ** - Известувања:** Апликацијата може да испраќа известувања и напомени за предстојни часови, задачи и испити. На овој начин апликацијата ќе им помага на студентите да не заборават одредена обврска. ** - Матријали за учење:** За секој предмет корисникот може да внесе препорачана литература (скрипта, книга итн) како и поглавје од истата кое е релевантно за одредено предавање. ** - Feedback форма:** Корисникот има можност да даде фидбек со цел апликацијата да се надоградува со функционалности кои им се најпотребни на корисниците. **• За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец?**\\ Базата на податоци на **"University Planner"** е наменета за студентите. Идејата за апликацијата е да биде продукт од студентите - за студентите. Затоа, базата на податоци би ја поседувале поединци (студенти) кои се всушност самите креатори (девелопери) на овој софтвер кои редовно би ја одржувале и во иднина би ја upgrade-ирале со нови функционалности (во зависност од потребите) и би ги обезбедувале како сервис за самите студенти. **• Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?**\\ Проектот решава проблеми со неорганизираност и задоцнување во управувањето на академските активности за студентите. Покрај тоа што обезбедува ефикасно следење на претстојните активности на студентот и допринесува кон подобрување на академскиот успех , апликацијата може да помогне во подобрување на административните процеси на универзитетот (следење на рокови за навремено поднесување на документи итн). **• Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?**\\ Апликацијата ќе има само еден вид на корисник - студент. **• Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?**\\ Во светот постојат повеќе различни апликации од истата област. Меѓутоа, не наидовме на апликација која ги содржи сите функционалности кои би ги нудела **"University Planner"**. Исто така, најголем дел од апликациите кои постојат можат да се download-ираат за одреден паричен надоместок, додека нашата апликација е комплетно бесплатна. Дополнително, не наидовме на студентска апликација од овој вид создадена од македонски тим на девелопери. **• Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?**\\ Проектот се реализира како мобилна апликација (iOS и Android) и web апликација, обезбедувајќи пристапот од различни уреди и платформи. Со оглед на тоа што корисниците на апликацијата се млади луѓе (студенти) мислиме дека за почеток форматот на мобилна апликација би бил најсоодветен. Понатаму, проектот би можел да биде реализиран и во веб формат. == **[[span(style=color: #BF1B1B, • Branding)]]** [[Image(student.jpg)]] [[Image(Planner.png)]] [[Image(merch.jpg)]]