Changes between Version 3 and Version 4 of RelationalModel


Ignore:
Timestamp:
04/21/26 17:44:24 (13 days ago)
Author:
231186
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • RelationalModel

    v3 v4  
    22== Relational diagram ==
    33[[Image("STS Delivery.svg")]]
     4
     5I Сегмент на моделот: Корисничка хиерархија и Лојалност
     6Вклучени ентитети: User, Customer, Driver, LoyalCustomer.
     7
     8Како е моделиран: Моделот користи централизирана табела User за основните информации (име, е-маил, контакт), која потоа се специјализира преку релации 1-на-1 во Customer и Driver. Дополнително, за најредовните купувачи е изведен ентитетот LoyalCustomer.
     9
     10Зошто е моделиран на овој начин:
     11
     12Специјализација на улоги: Наместо сите колони да се во една табела, овој пристап овозможува јасно разграничување. Доставувачите имаат специфични податоци (како број на лиценца), додека купувачите имаат историја на лојалност.
     13
     14Систем за наградување: Ентитетот LoyalCustomer овозможува следење на поени и родендени независно од основниот кориснички профил, што го олеснува креирањето на маркетинг автоматизации за попусти.
     15
     16II Сегмент на моделот: Логистика и Географска структура
     17Вклучени ентитети: City, DeliveryZone, Address, Vehicle, VehicleType.
     18
     19Како е моделиран: Географијата е нормализирана во три нивоа: Град -> Зона -> Адреса. Логистиката за транспорт е одвоена преку Vehicle кој е дефиниран според VehicleType.
     20
     21Зошто е моделиран на овој начин:
     22
     23Оптимизација на достава: Со поделбата на градот на зони (DeliveryZone), системот може прецизно да пресметува цена за достава и да доделува доставувачи кои се активни само во таа специфична област.
     24
     25Управување со флота: Одвојувањето на возилата овозможува апликацијата да знае дали одредена нарачка (на пр. кабаста нарачка од маркет) бара автомобил или може да се достави со велосипед.
     26
     27III Сегмент на моделот: Бизнис објекти и Каталог на производи
     28Вклучени ентитети: Store, StoreType, StoreInstance, Product, Promotion.
     29
     30Како е моделиран: Продавниците се дефинирани како генерален концепт (Store), но функционираат преку конкретни физички локации (StoreInstance). Секоја продавница поседува свој каталог на производи и активни промоции.
     31
     32Зошто е моделиран на овој начин:
     33
     34Поддршка за франшизи: Овој модел овозможува еден бренд (на пр. специфичен ланец маркети) да има една заедничка листа на производи, но да ги продава преку десет различни локации низ градот, секоја со сопствен телефон и адреса.
     35
     36Динамично ценообразување: Промоциите се врзани директно за продавниците, овозможувајќи автоматско пресметување на попусти во кошничката пред да се финализира нарачката.
     37
     38IV Сегмент на моделот: Нарачки, Трансакции и Оценување
     39Вклучени ентитети: Order, OrderItem, Payment, Review, Products_review, Delivery_review.
     40
     41Како е моделиран: Нарачката функционира како централен ентитет кој ги поврзува купувачот, доставувачот, продавницата и зоната. По наплатата преку Payment, системот овозможува разгрането оценување преку Review кое се дели на специфични рецензии за продуктот и за доставата.
     42
     43Зошто е моделиран на овој начин:
     44
     45Детална евиденција: OrderItem овозможува следење на повеќе производи со различна количина во рамките на една иста нарачка.
     46
     47Изолација на фидбек (Feedback): Професорот ни сугерираше да ги разделиме рецензиите (Products_review и Delivery_review). На овој начин, ако доставата била бавна, тоа нема да го расипе рејтингот на квалитетот на храната во продавницата, и обратно – секој ентитет добива реална оцена за својот дел од услугата.
     48
     49V Сегмент на моделот: Интегритет и Финансиски текови
     50Вклучени ентитети: Payment_method, Payment.
     51
     52Како е моделиран: Начините на плаќање се издвоени во посебна шифрарник табела, а секое плаќање е врзано со конкретна нарачка и временски печат.
     53
     54Зошто е моделиран на овој начин:
     55
     56Ревизија и безбедност: Одвојувањето на плаќањата овозможува лесно генерирање на дневни извештаи за промет и следење на статусот на трансакциите (на пр. дали е платено или е во процес), независно од тоа дали нарачката е веќе доставена или е сè уште во подготовка.