wiki:Имплементација

Version 12 (modified by 151545, 3 years ago) ( diff )

Имплементација

- Организација на контролата врз верзии на изворниот код

За контрола врз верзиите на изворниот код ќе се користи алатката Git.

- Изворен код

Извор - SaveSpace

- Имплементациски дијаграм

Во овој дел ќе бидат прествени и објаснати одредени функционалности од системот кои се користат нај често во рамки на системот. Ќе започнам со објаснување за начинот на креирање на оддел кој што е предуслов за креирање на фолдер т.е. документ.
Во MVC системот моделот е класа која се состои од податоци запишани во одредена табела во база. View го претставува интерфејсот преку кој корисникот комуницира со апликацијата. Кога корисникот презема акција, Controller се справува со акцијата и ги ажурира податоците во база преку моделот доколку е потребно.
Во Laravel, моделот обично е класа со променливи што одговараат на колоните во базата на податоци т.е. променливите кои се дефинирани во Migrations во одредена табела. Контролерите се одговорни за завршување на корисничките дејства и за управување со деловната логика на апликацијата. Рутирањето на ресурсите во Laravel ги доделува „CRUD“ операциите или функциите дефинирани во контролерот со една линија код.

class Department extends Model
{
    use HasFactory;

    protected $table = "departments";

    protected $fillable = ["name", "code", "location", "user_id", "no_of_folders"];

    protected $casts = [
        'created_at' => 'datetime:d-m-Y',
    ];

    public function folder(){
        return $this->hasMany(Folder::class);
    }

    public function getCreatedByName()
    {
        return User::where('id', $this->user_id)->pluck('username')->first();
    }
}

Department моделот
Во горенаведениот код се запишани променливите кои претходно биле дефнирани во табелата Departments. Исто така во овој дел се дефинираат и релации помеѓу два или повеке модели. Во конкретниот случај е дефинирана релација помеѓу Department и Folder моделот каде што се означува дека еден оддел може да има неколку фолдери. Може да се дефинираат и методи кои влечат одредени податоци од истиот модел како што методот getCreatedByName() кој го наоѓа корисничкото име од User модел-от и истиот може потоа да се прикаже во интерфејс на апликацијата преку класата Department.

public function index()
    {
        return view("dashboard.departments.index")->with([
            "departments" => Department::all(),
        ]);
    }

Метод од контролерот DepartmentsController за приказ на сите оддели запишани во база
Методот index се повикува кога рутата /departments е вчитана со методот GET HTTP. Во овој метод, ние ги преземаме сите достапни податоци во табелата за оддели користејќи го моделот Department и го пренесуваме во интерфејсот како променлива. Ова значи дека во интерфејсот, променливата $departments ќе може да се користи за да се прикажат податоци од колекцијата која ги состои сите оддели.

// Departments view
    Route::group(['middleware' => 'permission:view_all_departments'], function () {
        Route::get("/departments", "Dashboard\DepartmentsController@index")->name("dashboard.departments.index");
    });

// Departments manage
    Route::group(['middleware' => 'permission:manage_all_departments'], function () {
        Route::post("/departments/store", "Dashboard\DepartmentsController@store")->name("dashboard.departments.store");
        Route::get("/departments/{id}/edit", "Dashboard\DepartmentsController@editShow")->name("dashboard.departments.editShow");
        Route::patch("/departments/{id}/edit", "Dashboard\DepartmentsController@edit")->name("dashboard.departments.edit");
     });

Листа на рути за оддели
Секој повик во Laravel потребно е да има посебна рута. Рутата со име index ја дефинирав посебно за да се ограничи пристапот за корисници кои имаат ролја во која не е дозволено да управуваат со оддели. Рутата store служи за креирање на нов оддел. Методот во оваа рута секогаш треба да е post затоа што се запишуваат нови податоци т.е. се креира нов оддел. Кога се работи за приказ или влечење на податоци од табела се користи методот get како што е рутата editShow која служи за приказ на еден оддел. Методот patch се повикува кога се прави ажурирање на податоците во база за веќе креиран оддел што во овој случај е рутата со име edit. На двете рути за да прикажат и ажурираат оддел потребно им е да се додели вредност id која според id-то во база ќе го најде конкретниот оддел.

public function store(NewDepartmentRequest $request)
    {
        $department = new Department();

        $department->name = $request->name;
        $department->code = $request->code;

        $location = 'Departments' . DIRECTORY_SEPARATOR . $request->code;

        if(!Storage::disk('local')->has($location)){
            Storage::disk('local')->makeDirectory($location);

        }

        $department->location = $location;
        $department->user_id = auth()->id();

        $department->save();

        Alert::flash("New Department added successfully", "success");

        return redirect()->route("dashboard.departments.index");
    }

Метод од контролерот DepartmentsController за креирање на нов оддел
Како што може да се види и во кодот методот како влезен параметар има објект од класата NewDepartmentRequest каде што се прави валидацијата на променливите од моделот Department кога тие ќе стигнат преку HTTP барањето преку формата која претходно ја пополнувал корисникот во интерфејсот на апликацијата. Почнуваме со креирање на нов објект од класата Department и сите параметри кои треба да се запишат во база за тој оддел ќе бидат еднакви на тие што доаѓаат од повикот. При креирање на одделот за истиот креираме и фолдер во сервер за зачувување на датотеките. Името на фолдер-от го одредува кодот кој го доделуваме на новиот оддел а локацијата на фолдер-от ја зачувуваме во променлива. На крај го зачувуваме одделот и прикажуваме порака на корисникот дали во таа сесија поминало барањето или не. Доколку има грешки се прикажуваат валидациски пораки. Последен чекор е да се вратиме на почетниот екран.

class Alert
{
    public static function flash($message, $type = "success")
    {
        return request()->session()->flash("alert", [
            "message" => $message,
            "type" => $type
        ]);
    }
}

Класата Alert за приказ на пораки од сесија
Методот во класата алерт е креиран за да му ја олесни работата на корисникот во моментот кога нема да помине барањето поради грешка при валидација на податоците или друг проблем. За приказ на пораките користев Тоаst JS [11].

{{--  Validation errors --}}
@if($errors->any())
    @foreach ($errors->all() as $error)
        <script>
                new Toast({
                    message: "{{$error}}",
                    type: 'danger'
                });
        </script>
    @endforeach
@endif

{{--  Http request alerts --}}
@if(session()->has("alert"))
    <script>
                new Toast({
                    message: "{{session()->get("alert.message")}}",
                    type: '{{session()->get("alert.type")}}'
                });


    </script>
@endif

Интерфејсот за приказ на пораките
Во првиот дел проверуваме дали има грешка и ја враќаме пораката од сесија и типот го поставуваме да е секогаш грешка за да биде соодветно на пораката додека во вториот дел проверувам дали во сесија има објект alert т.е. дали се враќа одговор од серверот и ја прикажуваме пораката и типот на одговорот според сесија.

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.