Version 28 (modified by 3 years ago) ( diff ) | ,
---|
Имплементација
Организација на изворен код
Намерно референцирате Hello World демо од GitHub?
Мислев да го референцирате вашиот оригинален репозиториум на GitHub, или пак генералната страница на GitHub ако не сакате оригиналниот репозиториум.
Линкот до кодот го сменив - да си биде експлицитно излистан.
За контрола врз верзиите на изворниот код ја користев алатката Git. Иницијалниот репозиториум за изворниот код на апликацијата го креирав на Github [11] платформата за хостирање или зачувување на код.
Преку интерфејсот на Github ја добиваме истата структура на апликацијата која ја развиваме. На многу едноставен начин може да се зачуваат измени од кодот преку Git алатката и да се управува со верзии на кодот. Секое репо може да има неколку гранки во кои на една од нив се развива целата апликација и во иднина може да се креираат дополнителни гранки за нови фукнционалности. Тоа ни олеснува да пристапиме до некоја постара верзија на апликациајта каде што нема дополнителни функционалности кои не се потребни. Во процесот на развој ја користев гранката develop и потоа кодот ја пресликав на главната гранка master. Кога завршив со развојот направив пресликување на целото репо во проектиот простор на факултет каде може да го добиете изворот од кодот и логови за направени измени.
Адреса на изворниот код: https://develop.finki.ukim.mk/projects/SaveSpace/browser
Дополнително апликацијата ја хостирав на сервер за тестирање кој ќе биде опишан во делот "Презентација".
Структурата на датотеките во Laravel е по избор на развивачите, но за да е во тек со други апликации и разбирлива за други, добро е да се држиме на класичната MVC структура.
Model-View-Controller (MVC) [12] е модел кој ја дели апликацијата на три главни логички компоненти: модел, приказ и контролер. Секоја од овие компоненти е изградена за да се справи со специфични развојни аспекти на апликацијата. MVC е една од најчесто користените индустриски стандардни рамки за развој на веб за креирање скалабилни и проширливи проекти.
- Модел
Компонентата Модел одговара на целата логика поврзана со податоци со која работи корисникот. Ова може да ги претставува или податоците што се пренесуваат помеѓу компонентите Приказ и контролер или кои било други податоци поврзани со деловната логика. На пример, објектот Customer ќе ги преземе информациите за клиентот од базата на податоци, ќе манипулира со нив и ќе ги ажурира податоците назад во базата на податоци или ќе ги користи за прикажување податоци.
- Приказ
Компонентата View се користи за целата логика на UI на апликацијата. На пример, приказот на клиентите ќе ги вклучи сите компоненти на корисничкиот интерфејс, како што се текстуални полиња, паѓачки склопки, итн. со кои ќе комуницира конечниот корисник.
- Контролер
Контролерите дејствуваат како интерфејс помеѓу компонентите на Model и View за да ја обработат целата деловна логика и дојдовните барања, да манипулираат со податоците користејќи ја компонентата Model и да комуницираат со Views за да го прикажат конечниот излез. На пример, контролорот на клиентите ќе се справи со сите интеракции и влезови од Приказот на клиентите и ќе ја ажурира базата на податоци користејќи го моделот на клиентите. Истиот контролер ќе се користи за прегледување на податоците на клиентот.
Многу е долго поделете го во сегменти
Во Laravel Root directory се нарекува главниот директориум каде се наоѓа целиот изворен код од апликацијата. App апликации директориумот на апликацијата го содржи основниот код на апликација. Директориумот Config, како што имплицира името, ги содржи сите конфигурациски датотеки на апликација. Database директориумот ги содржи миграциите на базата на податоци, вредностите кои се запишуваат за моделот и семиња за тестирање на датабазата. Public директориум ја содржи датотеката index.php, која е влезна точка за сите барања што влегуваат во апликацијата и го конфигурира автоматското вчитување. Во овој директориум се сместени и сликите како и интерфејсите на апликацијата. Resources директориумот ги содржи фронтенд делот т.е. интерфејсите на апликацијата кои ќе бидат рендерирани во соодветен код за приказ на прелистувач, како на пример некомпајлирани скрипти. Во овој директориум се сместени и сите јазични датотеки. Директориумот Routes ги содржи сите дефиниции за рути за апликацијата. Иницијално, неколку датотеки со рути се вклучени со Laravel: web.php, api.php, console.php и channels.php. Датотеката web.php содржи рути кои ги поставува во групата веб-базиран софтвер, која обезбедува контрола на сесија, заштита од CSRF и шифрирање на колачиња. Во мојот пример сите рути се дефинирани во web.php датотеката. .php е местото каде што можете да ги регистрирате сите канали за емитување настани што ги поддржува вашата апликација. Storage директориумот за складирање ги содржи сите компајлирани шаблони како и конфигурацијата за зачувување на датотеки. Директориумот на апликации може да се користи за складирање на сите датотеки генерирани од вашата апликација. Рамковниот директориум се користи за складирање на датотеки и кешови генерирани од рамка. Конечно, директориумот за дневници ги содржи датотеките за дневници на вашата апликација.Vendor директориумот ги содржи сите зависности од Composer [13] кој што претставува управуавач на зависносни пакети во PHP. Поголемиот дел од вашата апликација е сместена во директориумот App кој содржи дополнителни директориуми како што се Console, Http и Providers. Во директориумот Console додадов clearAll класа која што како една команда ми заменува четири команди во исто време за чистење на кеш и конфигурација на апликацијата. Директориумот Http ги содржи контролерите, конфигурацијата за автентикација и валидациските класи за моделите. Речиси целата логика за справување со барањата кои влегуваат во апликацијата се запишани во овој директориум. Директориумот Models ги содржи сите класи на Eloquent модели. Eloquent ORM https://laravel.com/docs/8.x/eloquent вклучен во Laravel обезбедува едноставна имплементација за работа со базата на податоци. Секоја табела со база на податоци има соодветен „модел“ кој се користи за интеракција со таа табела. Директориумот Notifications иницијално не постои, но се креира автоматски ако ја извршите командата Artisan make:notification. Истиот ги содржи сите известувања што ги испраќа апликацијата, како што се едноставни известувања за настани што се случуваат во апликацијата. Во конкретниот пример праќам нотификација за промена или заборавена лозинка, верификација на кориснички профил, промена на е-адреса како и OTP код за верификација на најавата преку маил.
Оваа слика од развојната околина со делче од кодот за најава мислам дека не е соодветна тука. Не знам зошто е потребна. Во текстот не ја спомнувате. Тука е најдобро да ставите организациска шема со структурата на кодот.
Корегирано. Се обидов да направам screenshot од целата организациска структура на проектот кој што го опишувам погоре.
Имплементациски детали
Најава и автентикација
Во овој дел ќе бидат претставени одредени функционалности од системот кои се почесто во употреба и ќе биде објаснето како се имплементирани. Ќе започнам со објаснување за начинот на креирање на оддел кој е предуслов за креирање на фолдер т.е. документ.
Во MVC системот моделот е класа која се состои од податоци запишани во одредена табела во база. View го претставува интерфејсот преку кој корисникот комуницира со апликацијата. Кога корисникот презема акција, Controller се справува со акцијата и ги ажурира податоците во база преку моделот доколку е потребно.
Ќе започнам со објаснување на начинот на најава и автентикација во апликацијата. За автентикација се користи Middleware [14] кој претставува механизам за проверка и филтрирање на HTTP барањата на апликацијата. Laravel вклучува софтвер кој потврдува дека корисникот е автентициран. Ако корисникот не е автентициран, ќе го пренасочи корисникот на екранот за најава. Меѓутоа, ако корисникот е автентициран, ќе дозволи барањето да продолжи да се процесира. Освен базичните класи за автентикација кои ни ги овозможува Laravel во Middleware директориумот ги додаваме сите проверки кои му дозволуваат на корисникот да се автентицира.
На пример, во апликацијата предуслов за најава е да се креира лозинка за да се активира профилот на корисникот. Laravel го олеснува начинот на заштитата на апликацијата од напади за не верифицирани барања меѓу страници со помош на CSRF. Laravel автоматски генерира CSRF „токен“ за секоја активна корисничка сесија управувана од апликацијата. Овој токен се користи за да се потврди дека автентицираниот корисник е тој што всушност ги поставува барањата до апликацијата. Во секоја форма преку која праќаме HTTP барање потребно е да се додаде и CSFR токенот.
За секој повик за автентикација потребен е параметарот token кој означува уникатен идентификатор на корисничкиот профил преку кој корисникот се автентицира и праќа барања до серверот.
Route::group(['prefix' => 'auth'], function () { Route::get('/login', "Auth\LoginController@showLogin")->name("auth.showLogin"); Route::get('/verify-login/{id}/{token}', "Auth\VerifyLoginController@index")->middleware("CheckVerifyToken")->name("verify-login.index"); Route::post('/verify-login/{id}/{token}', "Auth\VerifyLoginController@verify")->name("verify-login"); Route::post('/login', "Auth\LoginController@login")->name("auth.login"); Route::post('/logout', "Auth\LoginController@logout")->name("auth.logout"); Route::get('/forgot', "Auth\ForgotPasswordController@showForgotPassword")->name("auth.forgotShow"); Route::post('/forgot', "Auth\ForgotPasswordController@forgotPassword")->name("auth.forgot"); Route::group(['middleware' => "createPassword"], function () { Route::get('/create-password/{id}/{token}', "Auth\CreatePasswordController@showCreatePassword")->name("auth.create-password-show"); Route::post('/create-password/{id}/{token}', "Auth\CreatePasswordController@createPassword")->name("auth.create-password"); }); });
Листа на рути за автентикација
Преку методот showLogin() го прикажувам интерфејсот за најава во апликацијата. Во методот login() се врши најавата. Во овој метод има два параметри од кои едниот е валидацијата на податоците преку барањето која се врши преку класата LoginRequest како и $hashid од класата HashId која ни помага при енкодирање на токенот за верификација на најавата. Во овој метод проверуваме дали корисникот постои во база, е активен т.е. дали креирал лозинка и се најавил во системот и дали има внесено точна лозинка. Потоа му се генеира безбедносен код кој ќе му биде испратен на е-пошта за верификација на најавата преку VerifyUser класата за праќање на нотификација како и токенот за верификација преку кој ќе се најави. По автентикација на корисникот ќе му се појави екранот за внес на кодот за верификација т.е. ќе се прати барање до контролерот VerifyLoginController.
public function __construct() { $this->middleware("guest")->except('logout'); } public function showLogin() { return view("auth.login"); } public function login(LoginRequest $request, Hashid $hashid) { $user = User::whereUsername($request->username)->first(); if (is_null($user)) { Alert::flash("Please check your credentials", "error"); return redirect()->route("auth.login"); } if (!$user->is_active) { Alert::flash("Your account is blocked or its not confirmed yet. Please contact with your system administrator or check your email.", "error"); return redirect()->route("auth.login"); } if (!Hash::check($request->password, $user->password)) { Alert::flash("Your password is incorrect", "error"); return redirect()->route("auth.login"); } if ($user->is_forgot_password) { $user->is_forgot_password = false; } $user->security_code = rand(10000, 99999); $user->verify_token = Str::uuid(); $user->is_online = true; $user->save(); $user->notify(new VerifyUser($user)); return redirect()->route("verify-login.index", [ "id" => $hashid->encode($user->id), "token" => $user->verify_token ]); }
Методи од контролерот LoginController за најава во апликацијата
Секогаш се почнува со приказ на интерфејсот т.е. index методот која служи за приказ на целата колекција од податоци. Откако корисникот ќе се најави ќе стигне барањето до методот verify кој ќе го прими барањето, ќе направи декодирање на претходно енкодираниот $hashid и ќе му дозволи на корисникот да се најави во системот.
public function index() { return view("auth.verify-login"); } public function verify(Request $request, Hashid $hashid, $id, $token) { $user = User::findOrFail($hashid->decode($id)); if($request->code != $user->security_code) { Alert::flash("Security code is wrong", "error"); return redirect()->back(); } auth()->login($user); return redirect()->route("dashboard.index"); }
Методи од контролерот VerifyLoginController
Управување со оддели
Класата Department во која се дефинирани сите променливи кои претходно ги запишав во датотеката за миграција на табелата
"departments". Во класата се дефинираат и релации помеѓу два или повеке модели. Во кодот е дефинирана релација помеѓу Department и Folder моделот каде што се означува дека еден оддел може да има неколку фолдери. Може да се дефинираат и методи кои влечат одредени податоци од истиот модел како што е методот getCreatedByName() кој го наоѓа корисничкото име од User моделот и истиот може потоа да се прикаже во интерфејс на апликацијата преку класата Department.
class Department extends Model { use HasFactory; protected $table = "departments"; protected $fillable = ["name", "code", "location", "user_id", "no_of_folders"]; protected $casts = [ 'created_at' => 'datetime:d-m-Y', ]; public function folder(){ return $this->hasMany(Folder::class); } public function getCreatedByName() { return User::where('id', $this->user_id)->pluck('username')->first(); } }
Department моделот
Основниот метод index од контролерот DepartmentsController се повикува кога рутата /departments е вчитана со методот GET HTTP. Во овој метод, ние ги преземаме сите достапни податоци во табелата за оддели користејќи го моделот Department и го пренесуваме во интерфејсот како променлива. Ова значи дека во интерфејсот, променливата $departments ќе може да се користи за да се прикажат податоци од колекцијата која ги состои сите оддели.
public function index() { return view("dashboard.departments.index")->with([ "departments" => Department::all(), ]); }
Метод од контролерот DepartmentsController за приказ на сите оддели запишани во база
Секој повик во Laravel потребно е да има посебна рута. Рутата со име index ја дефинирав посебно за да се ограничи пристапот за корисници кои имаат ролја во која не е дозволено да управуваат со оддели. Рутата store служи за креирање на нов оддел. Методот во оваа рута секогаш треба да е post затоа што се запишуваат нови податоци т.е. се креира нов оддел. Методот patch се повикува кога се прави ажурирање на податоците во база за веќе креиран оддел што во овој случај е рутата со име edit. На двете рути за да прикажат и ажурираат оддел потребно им е да се додели вредност id која според id-то во база ќе го најде конкретниот оддел.
// Departments view Route::group(['middleware' => 'permission:view_all_departments'], function () { Route::get("/departments", "Dashboard\DepartmentsController@index")->name("dashboard.departments.index"); }); // Departments manage Route::group(['middleware' => 'permission:manage_all_departments'], function () { Route::post("/departments/store", "Dashboard\DepartmentsController@store")->name("dashboard.departments.store"); Route::patch("/departments/{id}/edit", "Dashboard\DepartmentsController@edit")->name("dashboard.departments.edit"); });
Листа на рути за оддели
Методот store како влезен параметар има објект од класата NewDepartmentRequest каде што се прави валидацијата на променливите од моделот Department кога тие ќе стигнат преку HTTP барањето преку формата која претходно ја пополнувал корисникот во интерфејсот на апликацијата. Почнуваме со креирање на нов објект од класата Department и сите параметри кои треба да се запишат во база за тој оддел ќе бидат еднакви на тие што доаѓаат од повикот. При креирање на одделот за истиот креираме и фолдер во сервер за зачувување на датотеките. Името на фолдер-от го одредува кодот кој го доделуваме на новиот оддел а локацијата на фолдер-от ја зачувуваме во променлива. На крај го зачувуваме одделот и прикажуваме порака на корисникот дали во таа сесија поминало барањето или не. Доколку има грешки се прикажуваат валидациски пораки. Последен чекор е да се вратиме на почетниот екран.
public function store(NewDepartmentRequest $request) { $department = new Department(); $department->name = $request->name; $department->code = $request->code; $location = 'Departments' . DIRECTORY_SEPARATOR . $request->code; if(!Storage::disk('local')->has($location)){ Storage::disk('local')->makeDirectory($location); } $department->location = $location; $department->user_id = auth()->id(); $department->save(); Alert::flash("New Department added successfully", "success"); return redirect()->route("dashboard.departments.index"); }
Метод од контролерот DepartmentsController за креирање на нов оддел
Методот во класата Alert е креиран за да му прикаже соодветна порака според одговорот од серверот кога не поминува валидацијата која ќе му ја олесни работата на корисникот во моментот кога нема да помине барањето поради грешка при валидација на податоците или друг проблем. За приказ на пораките користев Тоаst JS [11].
class Alert { public static function flash($message, $type = "success") { return request()->session()->flash("alert", [ "message" => $message, "type" => $type ]); } }
Класата Alert за приказ на пораки од сесија
Во првиот дел проверувам дали има грешка и ја враќаме пораката од сесија и типот го поставуваме да е секогаш грешка за да биде соодветно на пораката додека во вториот дел проверувам дали во сесија има објект alert т.е. дали се враќа одговор од серверот и ја прикажувам пораката и типот на одговорот според сесија.
{{-- Validation errors --}} @if($errors->any()) @foreach ($errors->all() as $error) <script> new Toast({ message: "{{$error}}", type: 'danger' }); </script> @endforeach @endif {{-- Http request alerts --}} @if(session()->has("alert")) <script> new Toast({ message: "{{session()->get("alert.message")}}", type: '{{session()->get("alert.type")}}' }); </script> @endif
Интерфејсот за приказ на пораките
Со помош на методот edit може да се смени името на одделот или кодот. Во случај кога ќе се прави измена во кодот потребно е името на фолдерот каде што се наоѓаат сите датотеки од тој оддел да се преименува. Со таа цел преку функцијата isDirty() со која може да се дознае дали моделот е уреден пред да се запише во база проверувам дали има промена и доколку има прво го поместуваме одделот во нов директориум а потоа во две итерации ги изминуваме сите фолдери и датотеки и нивните патеки во база ги заменуваме со новата. На крај ги зачувуваме и прикажувам соодветна порака за извршена акција како и го враќам корисникот во страницата со сите оддели.
public function edit(UpdateDepartmentRequest $request, $id) { $department = Department::findOrFail($id); $folders = $department->folder; $oldLocation = DIRECTORY_SEPARATOR . 'Departments' . DIRECTORY_SEPARATOR . $department->code; $department->name = $request->name; $department->code = $request->code; $department->updated_at = Carbon::now(); if($department->isDirty('code')) { $location = 'Departments' . DIRECTORY_SEPARATOR . $request->code; if(!Storage::disk('local')->has($location)){ Storage::disk('local')->move($oldLocation, $location); $department->location = $location; } foreach ($folders as $folder) { $currArchId = explode('/', $folder->arch_id)[1]; $folder->arch_id = $department->code . '/' . $currArchId; $folder->save(); foreach($folder->files as $file) { $file->location = $location . DIRECTORY_SEPARATOR . $folder->name . DIRECTORY_SEPARATOR . $file->name; $file->save(); } } } $department->save(); Alert::flash("Department edited successfully"); return redirect()->route("dashboard.departments.index"); }
Метод од контролерот DepartmentsController за уредување на оддел
Покрај уредување на оддел корисникот со привилегии администратор или референт има можност да избрише еден оддел што значи да се одстранат сите записи од база како и сите фолдери и датотеки за истиот. Корисникот има можност да го избрише одделот само ако тој оддел е празен т.е. доколку во него не постои ниту еден фолдер. Во спротивно, се фрла порака дека тој оддел има асоцирани фолдери со него и не ја дозволува акцијата да се изврши.
public function destroy($id) { $department = Department::find($id); //$department->delete(); $folders = $department->folder()->count(); if($folders > 0){ Alert::flash($department->name . " has " . $folders . " document/s associated", "error"); } else { $department->delete(); Alert::flash($department->name . " deleted successfully"); } return redirect()->route("dashboard.departments.index"); }
Метод од контролерот DepartmentsController за бришење на оддел
За потребите на компанијата додаден е метод за симнување на сите фолдери со нивните датотеки од еден оддел преку кој се креира zip кој ги содржи сите фолдери од еден оддел со истата структура како што се тие запишани на сервер. На почеток проверуваме дали има празни фолдери со цел тие да ги игнорираме затоа што не содржат ниту една датотека.Класата RecursiveIteratorIterator која што е тип на итератор кој ни овозможува рекурзивно да ги поминеме сите патеки ми помогна да ги најдам потребните фолдери и датотеки. За разлика од обичен итератор кој пребарува низ листа RecursiveIteratorIterator може да се каже дека пребарува низ дрво и ја олеснува работата кога се работи за неколку патеки во еден директориум. За секоја пронајдена датотека ја добиваме патеката од Storage и ја додаваме во zip. На крај ја симнуваме датотеката со доделено име, прикажуваме соодветна порака и се враќаме назад. Во овој дел клуч е патеката која ја запишувам при креирање на оддел. На истиот начин направив и функција за симнување на сите оддели со нивните фолдери и датотеки при што се игнорираат празните оддели и фолдери.
public function downloadDepartment($id) { $department = Department::find($id); $folders = Folder::where('department_id', $id)->get(); $flag = false; foreach($folders as $folder){ if($folder->no_of_files > 0) $flag=true; break; } if($flag) { $zip_file=Storage::disk('local')->path('Department.zip'); $zip = new \ZipArchive(); $zip->open($zip_file, \ZipArchive::CREATE | \ZipArchive::OVERWRITE); $path = Storage::disk('local')->path($department->location); $files = new \RecursiveIteratorIterator(new \RecursiveDirectoryIterator($path)); foreach ($files as $file) { if (!$file->isDir()) { $filePath = $file->getRealPath(); $relativePath = substr($filePath, strlen($path) + 1); $zip->addFile($filePath, $relativePath); } } $zip->close(); $headers = array('Content-Type' => 'application/octet-stream'); $zip_new_name = Carbon::now()->format('d.m.Y - ') . $department->name . '.zip'; return response()->download($zip_file, $zip_new_name, $headers); } else { Alert::flash("This department has no files", "warning"); return redirect()->back(); } }
Метод од контролерот DepartmentsController за симнување на фолдери и датотеки од оддел
Корисници и уредување на кориснички податоци
Секој корисник има можност да ги промени своите податоци за профилот како и администраторот има можност да ги промени податоците за секој корисник и да додаде нови. Исто така секој корисник има можност да ги менува е-адресата, корисничкото име или лозинката. Дополнително администраторот има можност да постави валидациски правила за прикачување на нови датотеки. Ќе започнам со објаснување на контролерот UsersController преку кој се креираат нови корисници или се менуваат кориснички податоци.
Рутата за приказ на корисници е посебно дефинирана со цел да се овозможи пристап за корисници од различни ролји т.е. референтот да има можност да ја види листата со корисници но да нема можност да управува со нив.
Route::group(['middleware' => 'permission:view_all_users'], function () { Route::get("/users", "Dashboard\UsersController@index")->name("dashboard.users.index"); }); Route::group(['middleware' => 'permission:manage_all_users'], function () { Route::post("/users/store", "Dashboard\UsersController@store")->name("dashboard.users.store"); Route::patch("/users/{id}/edit", "Dashboard\UsersController@edit")->name("dashboard.users.edit"); Route::patch("/users/{id}/block", "Dashboard\UsersController@block")->name("dashboard.users.block"); Route::patch("/users/{id}/unblock", "Dashboard\UsersController@unblock")->name("dashboard.users.unblock"); Route::delete("/users/{id}/destroy", "Dashboard\UsersController@destroy")->name("dashboard.users.destroy"); });
Листа на рути за управување со корисници
Додавање на нов корисник оди преку методот store кој како параметар го прима барањето кое ќе го валидира според правилата дефинирани во NewUserRequest класата. Некои од податоците за кои не им се доделува вредност при креирање креирав методи во User моделот за генерирање на random вредности со цел за да помине валидацијата на тие задолжителни полиња како на пример што е generateTemporaryPassword() методот. За корисникот исто така може да се додаде слика која ја зачувуваме во сервер. На крај се зачувува корисникот и се праќа нотификација од класата WelcomeUser() преку која праќаме е-пошта до новиот корисник за креирање на нова лозинка со што корисникот ќе има активен профил и ќе може да се најави. На сличен начин работи и контролерот за уредување на кориснички податоци. За разлика од креирање во тој дел доколку се промени е-адресата на корисникот се генеира нов токен за верификација како и безбедносен код и се праќаат до корисникот со цел да го верифицира истиот и да може да се најави пак во системот.
public function index() { return view("dashboard.users.index")->with([ "users" => User::all(), "roles" => Role::all() ]); } public function store(NewUserRequest $request) { $user = new User(); $user->name = $request->name; $user->surname = $request->surname; $user->email = $request->email; $user->phone_number = $request->phone_number; $user->username = $request->username; $user->password = $user->generateTemporaryPassword(); $user->security_code = $user->generateSecurityCode(); $user->verify_token = $user->generateVerifyToken(); $user->role_id = $request->userRole; if ($request->hasFile("avatar")) { $image = $request->file("avatar"); $avatarName = $user->id . '_avatar' . time() . '.' . request()->avatar->getClientOriginalExtension(); if (!empty($user->avatar)) { Storage::disk('uploads')->delete("/users/" . $user->avatar); } Storage::disk('uploads')->put("/users/" . $avatarName, File::get($image)); $user->avatar = $avatarName; } $user->created_by = auth()->user()->id; $user->save(); $user->notify(new WelcomeUser($user)); Alert::flash("New user added successfully"); return redirect()->route("dashboard.users.index"); }
Методи на контролерот UsersController за приказ и креирање на корисници
Доколку еден корисник не работи веќе во фирмата тоа значи дека истиот не смее да се најави веќе во системот. Со таа намена методот block го менува статусот на корисникот од активен во не активен и не му дозволува да се најави во системот. На ист начин може и да се деблокира еден корисник.
if($user->isDirty('email')) { $user->is_active = false; $user->security_code = $user->generateSecurityCode(); $user->verify_token = $user->generateVerifyToken(); $user->notify(new VerifyNewEmail($user)); }
Дел од методот за уредување на корисник (промена на е-адреса)
public function block(Request $request, $id) { $user = User::find($id); $user->is_active = false; $user->save(); Alert::flash($user->name . " User blocked successfully"); return redirect()->route("dashboard.users.index"); }
Методот за блокирање на корисник
Со помош на методот editUserData секој најавен корисник има можност да си ги менува своите лични кориснички податоци како име, презиме, мобилен број или слика.
public function editUserData(UpdateUserData $request, $id) { $user = User::findOrFail($id); $user->name = $request->name; $user->surname = $request->surname; $user->phone_number = $request->phone_number; if ($request->hasFile("avatar")) { $image = $request->file("avatar"); $avatarName = $user->id . '_avatar' . time() . '.' . request()->avatar->getClientOriginalExtension(); if (!empty($user->avatar)) { Storage::disk('uploads')->delete("/users/" . $user->avatar); } Storage::disk('uploads')->put("/users/" . $avatarName, File::get($image)); $user->avatar = $avatarName; } $user->save(); Alert::flash("User data updated successfully"); return redirect()->route("dashboard.settings.index"); }
Метод за промена на личните кориснички податоци
Администраторот на апликацијата има можност да избрише корисник со користење на методот destroy. При бришење во истиот момент је отстранува и сликата од профилот на корисникот од сервер како и сите податоци за него во база. Притоа, еден корисник може да се избрише само доколку нема асоцирани фолдери во него т.е. доколку тој корисник никогаш не додал фолдери и датотеки во одреден оддел.
public function destroy(Request $request, $id) { $user = User::find($id); if(Folder::where('user_id', $user->id)->count() == 0) { if (Storage::disk("uploads")->exists("users" . DIRECTORY_SEPARATOR . $user->avatar)) { Storage::disk("uploads")->delete("users" . DIRECTORY_SEPARATOR . $user->avatar); } $user->delete(); Alert::flash($user->name . " deleted successfully"); return redirect()->route("dashboard.users.index"); } else { Alert::flash($user->name . "has associated folders"); return redirect()->back(); } }
Метод за бришење на корисник
Преку методот updateUsername корисникот има можност да го промени своето корисничко име. Методот како параметар го добива барањето кое ќе биде валидирано според правилата поставени во UsernameSettingsRequest. По завршена акција корисникот се одјавува. Доколку се промени е-адресата тој исто така добива и порака по е-пошта за потврда на новата со цел да може да се најави пак. На ист начин работи и методот за промена на лозинка.
public function updateUsername(UsernameSettingsRequest $request) { $user = auth()->user(); $user->username = $request->username; $user->updated_at = Carbon::now(); $user->save(); Alert::flash("Username updated successfully"); auth()->logout(); session()->flush(); return redirect()->route("auth.showLogin"); }
Метод за промена на корисничко име во SettingsController контролерот
Валидациските правила се зачувуваат во база во еден ред од посебна табела и истите потоа се превземаат при валидација за прикачување на датотеки. Администраторот има можност да ги дефинира сите дозволени типови на датотеки кои можат да се прикачат како и максималната големина по датотека.
public function fileTypes(FileTypeRequest $request) { $fileType = FileType::find("1"); $fileType->mimes = $request->mimes; $fileType->max_size = $request->max_size; $fileType->user_id = auth()->id(); $fileType->updated_at = Carbon::now(); if(auth()->user()->hasPermission("manage_file_types")) { $fileType->save(); Alert::flash("File validations updated successfully"); return redirect()->back(); } else { Alert::flash("You don't have permission to change file validations", "error"); return redirect()->back(); } }
Метод за промена на валидациски правила во SettingsController контролерот
Во долниот дел од кодот од FolderRequest класата за валидација на нов фолдер може да се забележи дека во mimes се запишуваат типови на датотеки кои администраторот претходно ги дефинирал преку методот fileTypes(). Прво го наоѓаме првиот ред од база од класата FileType и неговите податоци ги поставуваме како валидациски правила.
$mimes = FileType::find("1")->mimes; $maxSize = FileType::find("1")->max_size; if ($this->isMethod("patch")) { $fileRules = [ "file_item.*" => "mimes:{$mimes}|max:{$maxSize}" ]; } else { $fileRules = [ "file_item.*" => "mimes:{$mimes}|max:{$maxSize}" ]; }
Дел од кодот за валидација на датотеки
Управување со фолдери и датотеки
Рутата со име dashboard.folders.files се користи за приказ на сите датотеки за одреден фолдер според query параметарот кој е id од избраниот фолдер. Рутите create и store се користат за креирање на нов фолдер додека рутата uploadFiles за прикачување на нови датотеки во веќе креиран фолдер.
// Folders view Route::group(['middleware' => 'permission:view_all_folders'], function () { Route::get("/folders", "Dashboard\FoldersController@index")->name("dashboard.folders.index"); Route::get('/folders/{id}/files', 'Dashboard\FoldersController@files')->name('dashboard.folders.files'); }); // Folders manage Route::group(['middleware' => 'permission:manage_all_folders'], function () { Route::get("/folders/create", "Dashboard\FoldersController@create")->name("dashboard.folders.create"); Route::post("/folders/store", "Dashboard\FoldersController@store")->name("dashboard.folders.store"); Route::post("/folders/{id}/upload", "Dashboard\FoldersController@uploadFiles")->name("dashboard.folders.uploadFiles"); });
Рути за управување со фолдери
За разлика од другите index методи тука дополнително правам сортирање по query параметри и ги подредувам фолдерите според селекцијата која ја прави во интерфејсот. Сите податоци се прикажуваат и полнат на истата страница и со таа цел пред да ја враќам колекцијата и да ја прикажам на фронтенд ги правам сите можни проверки за сортирање. Исто така, освен сортирање на главната страница со сите фолдери правам и сортирање на фолдери од еден оддел кога пристапува корисникот до избран оддел преку навигацискиот панел. Исто така правам калкукација на тоа колку простор е зафатен во дискот на сервер преку функцијата disk_total_space која ја враќа вкупната зафатеност на дискот или одредена партиција каде што работи апликацијата. Преку фунцијата paginate() која како параметар прима број на објекти по страница Laravel креира страници кои исто така преку query параметри прават филтрирање и ги листаат објектите по даден број во различни страници.
public function index(Request $request) { $deptName = ""; $deptCode = ""; if ($request->query('id')) { $deptName = Department::find($request->query('id'))->getOriginal('name'); $deptCode = Department::find($request->query('id'))->getOriginal('code'); $foldersInDeptSort = Folder::with('department')->when($request->has('id'), function ($query) use ($request) { $query->where('department_id', $request->query('id')); }); if ($request->query('sort') == 'newest') { $folders = $foldersInDeptSort->orderBy('created_at', 'desc')->paginate(12); } else if ($request->query('sort') == 'name') { $folders = $foldersInDeptSort->orderBy('name', 'asc')->paginate(12); } else if ($request->query('sort') == 'no_of_files') { $folders = $foldersInDeptSort->orderBy('no_of_files', 'desc')->paginate(12); } else if($request->query('sort') == 'count'){ $total = $foldersInDeptSort->folder->files->count(); $folders = $foldersInDeptSort->orderBy($total, 'asc')->paginate(12); } else { $folders = Folder::where('department_id', $request->query('id'))->paginate(12); } } else { if ($request->query('sort') == 'newest') { $folders = Folder::orderBy('created_at', 'desc')->paginate(12); } else if ($request->query('sort') == 'name') { $folders = Folder::orderBy('name', 'asc')->paginate(12); } else if ($request->query('sort') == 'no_of_files') { $folders = Folder::orderBy('no_of_files', 'desc')->paginate(12); } else if ($request->query('sort') == 'recent') { $folders = Folder::orderBy('created_at', 'desc')->paginate(12); } else if ($request->query('search')) { $result = collect(); $queries = explode(" ", $request->search); foreach ($queries as $query) { $result->push(Folder::where("arch_id", "like", "%{$query}%")->orWhere("name", "like", "%{$query}%")->get()); } $result = $result->flatten(); $folders = $result; } else { $folders = Folder::paginate(12); } } $departments = Department::all(); $diskTotal = disk_total_space('/'); $diskTotalSize = $diskTotal / 1073741824; $diskFree = disk_free_space('/'); $used = $diskTotal - $diskFree; $diskUsedSize = $used / 1073741824; $diskUse1 = round(100 - (($diskUsedSize / $diskTotalSize) * 100)); $diskUse = round(100 - ($diskUse1)) . '%'; return view("dashboard.folders.index")->with([ "folders" => $folders, "currentUser" => auth()->user(), "departments" => $departments, "docsCount" => Department::withCount('folder')->get(), "totalDocs" => Folder::all()->count(), "diskTotal" => $diskTotal, "diskTotalSize" => $diskTotalSize, "diskUse" => $diskUse, "diskUsedSize" => $diskUsedSize, "deptName" => $deptName, "deptCode" => $deptCode, "fileTypes" => '.' . implode(',.', explode(',', FileType::find('1')->mimes)) ]); }
Метод од контролерот FoldersController за приказ на фолдери
Начинот на креирање на фолдер е идентичен со тој на оддел. За разлика од првиот тука при креирање на избор потребно е фолдерот да има асоциран оддел како и архивски број според избраниот оддел кој автоматски ќе му биде препопулиран по избор. Исто така дополнително има можност за прикачување на датотеки кои ќе бидат асоцирани со ново креираниот фолдер. Во кодот може да се забележи дека се проверува дали постои фолдер во база со исто име или архивски број. Доколку постои само едното се враќа порака за грешка и доколку се исти двете полиња се креира нова верзија за веќе постоечкиот фолдер. За секој нов фолдер се креира папка на сервер според локацијата на одделот и во неја ги зачувувам сите додадени датотеки. Архивскиот број се состои од: "код од одделот" + "/" + "внесува корисникот". Истата логика се валидира во класата FolderRequest на следниот начин:
public function create() { return view("dashboard.folders.create")->with([ "departments" => Department::all() ]); } public function store(FolderRequest $request) { $folder = new Folder(); $existingFolder = Folder::where(['department_id' => $request->department, 'name' => $request->name, 'arch_id' => $request->arch_id])->count(); $existingFolderName = Folder::where(['department_id' => $request->department, 'name' => $request->name])->get(); $existingFolderArchId = Folder::where(['department_id' => $request->department, 'arch_id' => $request->arch_id])->get(); if($existingFolder > 0) { $folder->version = $existingFolder + 1; } //dd($existingFolderName, $existingFolderArchId); if(($existingFolderName->isNotEmpty() && $existingFolderArchId->isEmpty()) || ($existingFolderName->isEmpty() && $existingFolderArchId->isNotEmpty())) { Alert::flash("Can't create another version since folder name or archive ID is different", "error"); return redirect()->route("dashboard.folders.index"); } $department = Department::find($request->department); $user = auth()->user(); $folder->user()->associate($user); $folder->department()->associate($department); $folder->department()->increment('no_of_folders'); $folder->arch_id = $request->arch_id; $folder->name = $request->name; $folder->note = $request->note; $location = $folder->department->location . DIRECTORY_SEPARATOR . $request->name; if (!Storage::disk('local')->has($location)) { Storage::disk('local')->makeDirectory($location); } $users = User::all(); $folder->location = $location; $folder->save(); if ($request->has('file_item')) { foreach ($request->file_item as $file) { $fileName = $folder->name . '-' . uniqid() . '.' . $file->getClientOriginalExtension(); $file->storeAs($location . DIRECTORY_SEPARATOR, $fileName); $newFile = new File(); $newFile->name = $fileName; $newFile->location = $location . DIRECTORY_SEPARATOR . $fileName; $newFile->folder()->associate($folder); $newFile->folder()->increment('no_of_files'); $newFile->save(); } } Alert::flash("New folder created successfully"); return redirect()->route("dashboard.folders.index"); }
Метод за креирање на нов фолдер
Во методот rules() може да се забележи дека се прави валидација на архивскиот број со цел да се провери дали е тој правилно внесен т.е. дали се состои од кодот на одделот како и внесениот број од страна на корисникот и доколку не е се фрла исклучок. Валидација на низата од датотеки се прави според внесените валидациски правила од страна на администраторот.
public function rules() { $rules = [ "arch_id" => [ "required", function ($attribute, $value, $fail) { try { $arch_id = $this->request->get('arch_id'); $deptCode = explode('/', $arch_id)[0]; $archNum = explode('/', $arch_id)[1]; if (empty($archNum)) { $fail("Please enter folders Archive ID"); } if ($deptCode != Department::find($this->request->get('department'))->code) { $fail("Folder Archive ID field format is invalid"); } } catch (\Exception $e) { $fail("Please enter folders Archive ID"); } } ], "name" => "required|min:2|max:30", "department" => "required|integer|exists:departments,id", ]; $mimes = FileType::find("1")->mimes; $maxSize = FileType::find("1")->max_size; if ($this->isMethod("patch")) { $fileRules = [ "file_item.*" => "mimes:{$mimes}|max:{$maxSize}" ]; } else { $fileRules = [ "file_item.*" => "mimes:{$mimes}|max:{$maxSize}" ]; } $rules = array_merge( $rules, $fileRules, ); return $rules; }
Валидација на полињата за креирање на нов фолдер
Attachments (1)
- project_structure.png (61.6 KB ) - added by 3 years ago.
Download all attachments as: .zip
Корегирав. Сега линкот води кон репото на SaveSpace.