Changes between Version 3 and Version 4 of Презентација


Ignore:
Timestamp:
11/23/21 21:16:12 (3 years ago)
Author:
151545
Comment:

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • Презентација

    v3 v4  
    3737=== Оддели
    3838
     39Линкот за пристап до модулот за оддели се наоѓа веднаш под модулот за корисници. По пристап до страницата со оддели на ист начин како што и претходно се листаат сите оддели со нивните податоци во табела. Секој ред со оддел ги има следните податоци: име на одделот кој што исто времено служи како линк до страницата на тој оддел каде се наоѓаат сите фолдери асоцирани со него, код на оддел, број на фолдери, податоци кога и од кого е креиран, кога е последно ажуриран како и патеката каде се наоѓа на сервер. Во делот на акции корисникот може да ги промени името и кодот на одреден оддел преку пополнување на форма во модал што важи исто и за креирање на нов оддел. Веднаш до иконата со форма молив за уредување се наоѓа икона за симнување на сите фолдери со датотеки во нив како што се структурирани на сервер во една zip датотека. Покрај основните функции над табелата се наоѓа копче за симнување на сите оддели заедно со нивните фолдери и датотеки во нив од сервер во zip датотека.\\ 
     40
     41[[Image(departments.png)]]\\
     42''Страница за управување со оддели''\\
     43
     44=== Фолдери
     45
     46Веднаш под модулот за оддели се наоѓа модулот за фолдери. Тука структурата на приказ на податоци е малку различна. Наместо HTML табела користев Bootstrap Cards [16] кои се користат како флексибилни и проширливи контејнери за содржини. Модулот за фолдери има дополнителен навигациски панел каде што се прикажуваат сите оддели со бројот на фолдери во нив. Секој елемент има линк кој води до одреден оддел. Во долниот дел се прикажува зафатеност на апликацијата во сервер. Во десниот контејнер се наоѓаат копчињата за креирање на нов фолдер како и копчето за симнување на табелата од база. Во истата секција има можност за сортирање на фолдери според има (по азбучен редослен), по датум на креирање (најновите-први) како и по број на датотеки во нив. Исто така постои и можността за пребарување на фолдерите по име и архивски број. При секое пребарување се филтрираат фолдерите според критериумот. За секој фолдер се прикажуваат следните податоци: име, број на датотеки, верзија, архивски број, забелешка, време на креирање и време на последно ажурирање. З секој фолдер има акција за преглед на датотеки (води до страницата каде се листаат датотеки само од избраниот фолдер), прикачување на нови датотеки преку модал, симнување на сите датотеки за избраниот фолдер, креирање на верзија преку модал каде се препополнети името и ахивскиот број како и бришење. Фолдерите се листаат по страници. Секоја страница содржи највеќе 12 фолдери.
     47
     48[[Image(folders.png)]]\\
     49''Страница за управување со фолдери''\\
     50
    3951
    4052