wiki:Презентација

Version 2 (modified by 151545, 3 years ago) ( diff )

Приказ на решението

Во следниот дел ќе биде опишана апликацијата, како таа работи, нејзините функционалности и начинот на нејзиното користење. Апликацијата SaveSpace е веб базирана апликација што значи дека до нејзе се пристапува преку прелистувач со даден линк. Истата е и прогресивна што го олеснува пристапот и користењето преку мобилен уред. Со цел да може да се разгледа и тестира како работи на сервер ја хостирав на Heroku [14], платформа во облак која поддржува различни програмски јазици и е прва меѓу првите. Таа нуди можност за бесплатен хостинг на апликација изработена во Laravel.

До апликацијата може да се пристапи на следен начин:

Линк - https://savespace-mk.herokuapp.com
Корисничко име: admin или referent или viewer
Лозинка: 123456
OTP код за верификација: 1234

Предуслов за пристап до апликацијата е најава со корисничко име како и верификација на најавата преку OTP код кој што се добива на е-адресата која е внесена за корисникот.


Екран за најава и верификација

По успешна најава на корисникот му се појавува почетниот екран од админ панелот Dashboard. На оваа страница има детали за сите оддели, фолдери и датотеки како и линкови до нивните страници. Исто така подолу може да се види и табела каде се листаат нај ново внесените датотеки од било кој корисник. Под табелата се прикажува граф т.е. canvas во кој се прикажува колку датотеки се внесени секоја година за да може да се спореди ефикасноста и користењето на апликацијата. До графот има листа во која се прикажуваат десетте оддели со најголем број на фолдери т.е. документи подредени.


Почетен екран на админ панелот

Преку навигацискиот панелот корисникот може да пристапи до листата со корисници, оддели, фолдери или датотеки. Секој модул има посебна страница. Во страницата каде се излистани сите корисници користев DataTables, [15] флексибилна алатка, прогресивна, која додава и овозможува различни функции и функционалности на HTML табела. Може да се забележи и преку сликата подолу дека сите податоци може да се филтрираат како и да се пребарува по сите параметри. За секој корисник во еден ред се прикажува статусот, слика од профилот и корисничкото име, податоците за неговиот профил и информации дали е активен и од кој корисник бил креиран. Во делот за акции администраторот има можност преку модал да ги менува податоците за профилот на корисникот, да го менува статусот на корисникот или да го избрише. Додавањето на нов корисник исто така се врши преку тригерирање на модал во кој има форма која треба да се пополни според валидациските правила дефинирани претходно. До копчето за додавање на корисник над табелата има и копче преку кое се симнува excel датотека во која се запишани сите податоци за табелата за корисници во база.


Страница за управување со корисници

Attachments (8)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.