== За проектот == Наслов: SaveSpace\\ Oтпочнат: јули 2021\\ Членови на тимот:\\ * Координатор - [mailto:kjufliju.berat@students.finki.ukim.mk Берат Ќуфлију] 151545 Членови од комисија:\\ * Ментор - [mailto:vangel.ajanovski@finki.ukim.mk Вангел Ајановски] * Член 1 - [mailto:magdalena.kostoska@finki.ukim.mk Магдалена Костоска] * Член 2 - [mailto:kostadin.mishev@finki.ukim.mk Костадин Мишев] == Опис на проектот == Технолошкиот развој го трансформира функционирањето на институциите и повремено ги замаглува институционалните рамки. Со цел да се постигне дигитализација на традиционалните, институционални процеси, во оваа дипломска работа ќе се изработи веб апликација што ќе ги покрие главните работни процеси од архивското работење на една компанија. Веб апликацијата главно ќе се состои од следните модули: модул за конфигурација, модул за работа со документи и модул за скенирање. Во модулот за конфигурација ќе биде овозможено дефинирање на клиенти, план на архивски знаци, типови на документи и типови на архивски книги. Во модулот за работа со документи ќе биде овозможено уредување на архивски книги како и архивирање на предмети и документи во рамките на дадена архивска книга и нивно зачувување на систем за управување со документи. Администраторот ќе може да го дефинира начинот на приказ на документите по сектори. Корисниците ќе можат да скенираат и прикачуваат документи, при што правникот (корисник со повисоки привилегии) ќе ги одобрува и валидира истите. Модулот за скенирање ќе овозможи дигитализација на хартиените документи. Корисникот ќе има опција да генерира нови содржини и да прикачува постоечка содржина на сервер. До поставената содржина може да се пристапи насекаде, во кое било време (ова може да биде ограничено од администраторот по со своја волја). На корисниците ќе им се нуди не само простор за складирање, туку и прогресивна веб апликација што им овозможува да управуваат со прикачените информации (преземање, споделување, модифицирање). Содржината ќе се зачувува според структурата дефинирана од корисниците и на ниво разбирливо за нив. Поставената дигитална содржина ќе може да се преземе и реплицира во неограничен број копии, секако доколку не се работи за злоупотреба на системот. == Чекори и документација == ||= **Задачи** =||= **Статус** =|| || **[[Вовед]]** || **[[span(style=color: #ff0000, За ревизија)]]** || || **[[Анализа на потребите]]** || **[[span(style=color: #ff0000, За ревизија)]]** || || **[[Дизајн на системот]]** || **[[span(style=color: #ffa500, Започнато)]]** || || **[[Имплементација]]** || **[[span(style=color: #ffa500, Започнато)]]** || || **[[Евалуација на апликацијата]]** || **[[span(style=color: #ffa500, Започнато)]]** || || **[[Презентација]]** || **[[span(style=color: #ffa500, Започнато)]]** || || **[[Упатство за користење]]** || **[[span(style=color: #ffa500, Започнато)]]** || || **[[Заклучок]]** || **[[span(style=color: #ffa500, Започнато)]]** || || **[[Референци]]** || **[[span(style=color: #ffa500, Започнато)]]** ||