= Функции, процедури и тригери = == Процедури == Во овој дел се прикажани процедури кои овозможуваат централизирано извршување на операции над базата на податоци. Процедурите се користат за автоматизација на сложени процеси, вметнување, ажурирање и бришење на податоци. [attachment:prodecures.sql prodecures.sql] === Процедура 1 : pr_sell_ticket [[Image("Screenshot 2026-05-20 154906.png", 300px)]] [[Image("Screenshot 2026-05-20 160834.png", 300px)]] [[Image("Screenshot 2026-05-20 160856.png", 300px)]] [[Image("Screenshot 2026-05-20 160911.png", 300px)]] Оваа процедура автоматски продава билет во системот за возови. Прво проверува дали постојат патникот, патувањето и станиците, и дали седиштето е слободно. Потоа креира плаќање и билет и ако постои резервација ја означува како "Completed". Се користи за автоматизирана и сигурна продажба на билети без грешки и дупли резервации. === Процедура 2 : cancel_reservation [[Image("Screenshot 2026-05-20 161319.png", 300px)]] Оваа процедура ја поништува резервацијата и автоматски ги ажурира поврзаните податоци. Кога ќе се повика, статусот на резервацијата се менува во "Cancelled", а сите билети поврзани со таа резервација исто така се означуваат како "Cancelled" Се користи за правилно откажување на резервации и одржување конзистентност меѓу резервациите, плаќањата и билетите. === Процедура 3 : apply_seasonal_discount [[Image("Screenshot 2026-05-20 161953.png", 300px)]] Оваа процедура применува сезонски попуст на билетите за сите патувања што припаѓаат на одредена рута. Кога ќе се повика, ја намалува цената на билетите за даден процент и автоматски ги ажурира сите поврзани записи. Се користи за промоции и динамично формирање на цени по рути. === Процедура 4 : update_trip_delay [[Image("Screenshot 2026-05-20 161643.png", 300px)]] Оваа процедура го ажурира доцнењето и статусот на едно патување. Кога ќе се повика, го поставува бројот на минути на доцнење и автоматски го менува статусот во "Delayed" ако има доцнење или "On Time" ако нема. Се користи за брзо и точно ажурирање на состојбата на возовите во реално време. === Процедура 5 : reassign_passengers_to_new_trip [[Image("Screenshot 2026-05-20 162556.png", 300px)]] Оваа процедура ги префрла сите патници од едно откажано патување на ново патување. Кога ќе се повика, ги ажурира билетите да покажуваат нов "Train Trip", им го менува статусот во "Reassigned", а старото патување го означува како "Cancelled". Се користи за брзо пренасочување на патници при откажани или променети возни линии. === Процедура 6 : change_trip_platform [[Image("Screenshot 2026-05-20 162956.png", 300px)]] Оваа процедура ја менува платформата на одредено патување. Кога ќе се повика, го ажурира Platformplatform_id за дадениот trip_id и го преместува возот на нова платформа. Се користи за динамично управување со платформи и прилагодување на распоредот на возовите во станицата. == Тригери == Во овој дел се прикажани скриптите потребни за дефинирање на тригерите кои овозможуваат автоматска обработка и контрола на податоците во базата. Тригерите се користат за одржување на интегритетот, автоматско ажурирање на вредности и евиденција на промените во системот. [attachment:triggers.sql triggers.sql] === Тригер 1 : auto_set_reservation_status [[Image("Screenshot 2026-05-20 142512.png", 300px)]] Овој trigger автоматски го поставува статусот на резервацијата како "Active" или "Expired" според датумот на истекување. Се користи за автоматско ажурирање на резервациите и одржување точни податоци во системот === Тригер 2 : prevent_duplicate_seat_booking [[Image("Screenshot 2026-05-20 143034.png", 300px)]] Овој trigger спречува дупло резервирање на исто седиште на исто патување со воз. Пред внесување нов билет, системот проверува дали седиштето е веќе резервирано и ако постои, прикажува грешка во спротивно. Се користи за да се избегнат конфликти и да се обезбедат точни резервации на билети. === Тригер 3 : update_trip_status_based_on_delay [[Image("Screenshot 2026-05-20 143448.png", 300px)]] Овој trigger автоматски го ажурира статусот на патувањето според доцнењето на возот. Ако бројот на минути за доцнење е поголем од 0, статусот се поставува на "Delayed", а во спротивно на "On Time". Се користи за автоматско следење и прикажување на точниот статус на возовите. === Тригер 4 : auto_set_transaction_date [[Image("Screenshot 2026-05-20 144202.png", 300px)]] Овој trigger автоматски ја поставува датата на трансакцијата ако не е внесена при креирање на плаќање. Ако transaction_date е NULL, системот ја става тековната дата. Се користи за да се осигураме дека секое плаќање има точен датум и за автоматско и конзистентно водење на финансиски записи. === Тригер 5 : prevent_employee_trip_overlap [[Image("Screenshot 2026-05-20 144545.png", 300px)]] Овој trigger спречува еден вработен да биде доделен на две патувања во исто време. Пред внесување нов запис во "Train Trip", системот проверува дали веќе постои ист вработен со исто време на поаѓање и ако да, фрла грешка. Се користи за да се избегнат конфликти во распоредот и за правилно распределување на вработените. === Тригер 6 : check_and_mark_overbooked [[Image("Screenshot 2026-05-20 145123.png", 300px)]] Овој trigger проверува дали бројот на продадени билети го надминува капацитетот на возот за дадено патување. Ако има повеќе билети од дозволени места, автоматски го менува статусот на патувањето во "Overbooked" и дава известување. Се користи за автоматско следење на пополнетост и спречување на преголем број резервации. === Тригер 7 : prevent_station_delete_active_trip [[Image("Screenshot 2026-05-20 145522.png", 300px)]] Овој trigger спречува бришење на станица ако таа е веќе користена во билети или патувања. Пред DELETE во табелата Station, системот проверува дали постојат поврзани записи и ако има, фрла грешка. Се користи за заштита на податоците и одржување на интегритет на базата. == Функции == Во овој дел се прикажани функциите кои се користат за извршување на специфични пресметки и обработка на податоците во базата. Функциите овозможуваат повторна употреба на логика и поедноставување на SQL наредбите. [attachment:functions.sql functions.sql]