| | 1 | = Дефинирање на проектот |
| | 2 | |
| | 3 | == Краток опис |
| | 4 | |
| | 5 | Проектот претставува интегрирана дигитална платформа за бизнис трансформација и професионален развој, наменета за Shifter. Базата на податоци ќе содржи информации за корисници (клиенти), експерти, курсеви (со сите модули, лекции, квизови, сертификати и рецензии/оцени), плаќања. |
| | 6 | |
| | 7 | Апликацијата ќе биде развиена како веб платформа. Главната цел е да им овозможи на компаниите и професионалците лесен пристап до едукативни содржини, менторство и консалтинг услуги, како и алатки за подобрување на нивните бизнис процеси. Овој проект ќе овозможи централизирано управување со сите услуги на Shifter. |
| | 8 | |
| | 9 | == Долг опис |
| | 10 | |
| | 11 | Проектот Shifter претставува сеопфатна дигитална платформа која обединува едукација, менторство и консалтинг во едно интегрирано решение. Целта е да се овозможи на компаниите, особено семејните бизниси, како и на индивидуалните професионалци, да добијат структуриран пристап кон раст и трансформација. |
| | 12 | |
| | 13 | Базата и апликацијата ќе бидат во сопственост на компанијата Shifter. Компанијата има потреба од централизиран систем за продажба на курсеви и услуги. |
| | 14 | |
| | 15 | Со ова решение се решаваат проблеми како отежната продажба на дигитални производи и услуги, како и недостаток на централизирана платформа за преглед и следење на дигитални курсеви од страна на клиентите на Shifter. |
| | 16 | |
| | 17 | Типови на корисници ќе бидат: експерт ментори/консултанти (вработени во Shifter) и клиенти (индивидуалци кои би биле вработени во компании). Секој тип ќе има различни нивоа на пристап и функционалности. |
| | 18 | |
| | 19 | Иако постојат слични платформи во светот (LMS системи, консалтинг платформи), ова решение се разликува по тоа што ќе биде прилагодено за потребите на бизнисите и индивидуалните професионалци во Македонија и регионот. |
| | 20 | |
| | 21 | Платформата ќе биде развиена како веб апликација, со можност за понатамошна експанзија во мобилна апликација. |