= Дефинирање на проектот == Краток опис Проектот претставува интегрирана дигитална платформа за бизнис трансформација и професионален развој, наменета за Shifter. Базата на податоци ќе содржи информации за корисници (клиенти), експерти, курсеви (со сите модули, лекции, квизови, сертификати и рецензии/оцени), плаќања. Апликацијата ќе биде развиена како веб платформа. Главната цел е да им овозможи на компаниите и професионалците лесен пристап до едукативни содржини, менторство и консалтинг услуги, како и алатки за подобрување на нивните бизнис процеси. Овој проект ќе овозможи централизирано управување со сите услуги на Shifter. == Долг опис Проектот Shifter претставува сеопфатна дигитална платформа која обединува едукација, менторство и консалтинг во едно интегрирано решение. Целта е да се овозможи на компаниите, особено семејните бизниси, како и на индивидуалните професионалци, да добијат структуриран пристап кон раст и трансформација. Базата и апликацијата ќе бидат во сопственост на компанијата Shifter. Компанијата има потреба од централизиран систем за продажба на курсеви и услуги. Со ова решение се решаваат проблеми како отежната продажба на дигитални производи и услуги, како и недостаток на централизирана платформа за преглед и следење на дигитални курсеви од страна на клиентите на Shifter. Типови на корисници ќе бидат: експерт ментори/консултанти (вработени во Shifter) и клиенти (индивидуалци кои би биле вработени во компании). Секој тип ќе има различни нивоа на пристап и функционалности. Иако постојат слични платформи во светот (LMS системи, консалтинг платформи), ова решение се разликува по тоа што ќе биде прилагодено за потребите на бизнисите и индивидуалните професионалци во Македонија и регионот. Платформата ќе биде развиена како веб апликација, со можност за понатамошна експанзија во мобилна апликација.