= Бизнис модел == Цели Целта на проектот е унапредување на бизнисите и индивидуалните професионалци преку понуда на квалитетни експерти и курсеви. Платформата ќе придонесе до зголемување на нивото на вештини, експертиза и професионалност кај вработените, без разлика дали работат во компании или како фриленсери. == Ризици * **Недоволно материјал: ** Доколку нема доволно материјали кои ќе ги привлечат и задржат корисниците, веб апликацијата може да биде залудна * **Недоверба во квалитетот на услугата: ** Корисниците можат да се чувствуваат несигурно за квалитетот на услугата бидејќи таа е онлајн и непиплива. * **Песимистичка настроеност кон ваков тип на услуга: ** Во Македонија и регионот, многу корисници не се свесни за долгорочните придобивки од инвестирањето во онлајн курсеви или ангажирање експерти. * **Споделување на курсеви: ** Може еден корисник да купи курс и тој курс да го слушаат повеќе луѓе. * **Нелегален пристап до материјалот во курсевите: ** Хакирањето може да доведе до нелегално превземање на курсевите без плаќање * **Непочитување на авторските права: ** Користење на курсевите за нивна препродажба или било какво монетизирање без дозвола == Предности * **Единствени на пазарот: ** Во Македонија и регионот нема ваков концепт * **Флексибилност и достапност:** Корисниците можат да пристапат и да ги слушаат курсевите во било коре време и од било кое место * **Инвестиција кон успех: ** Корисниците ке постигнат подобри резултати со инвестирање во нивните вештини и знаења * **Оправдан трошок: ** Со резултатите што ќе ги постигнат преку стекнување нови знаења и вештини, корисниците целосно ќе го оправдаат својот трошок и ќе добијат значително повеќе отколку што вложиле.