---- = Shifter ***Кратка Дескрипција***: *Shifter* е иновативна платформа за онлајн курсеви, менторство и консалтинг. Таа е наменета да им помогне на бизниси, фриленсери и индивидуалци да ги постигнат своите професионални цели. Компании и професионалци од различни индустрии ќе можат лесно да ангажираат експерти за консултации и менторство, како и да обезбедат квалитетни курсеви за своите вработени и соработници, со цел подобрување на нивните вештини и експертиза. Фриленсерите и вработените ќе имаат можност да учат од докажани професионалци, да развијат нови компетенции и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот, создавајќи поголеми можности за професионален развој. **Долга Дескрипција**: *За кого е наменет проектот* Базата на податоци и самата апликација се наменети за Shifter – центар за развој и трансформација на бизниси. Оваа организација ќе биде одговорна за сопственоста, управувањето и обезбедувањето на услугите поврзани со платформата. *Проблеми што се решаваат* Со овој проект се решаваат неколку клучни проблеми во рамките на Shifter и пошироко во бизнис-секторот: * Недостиг на централизирана едукациска платформа – моментално во Македонија нема интегрирана платформа што обединува менторство, консалтинг и дигитално учење на едно место. * Ограничена достапност до квалитетни експерти – преку Shifter, експертите ќе бидат достапни на еден клик растојание, со можност за директна комуникација и ангажман. * Ниска доверба во онлајн едукација – преку професионален пристап и висококвалитетна содржина, платформата ќе ја зголеми довербата на корисниците во дигиталното учење. *Типови на корисници* Апликацијата ќе поддржува неколку типови на корисници, при што секој тип ќе има различни нивоа на пристап до базата и функционалностите: Експерти и ментори – можат да креираат нови курсеви, да креираат нови верзии од курсеви, и да преведуваат курсеви. Корисник – можат да прелистуваат курсеви, да купуваат програми, имаат можност да закажат една бестплатна менторска сесиија. *Уникатност на идејата* Иако постојат глобални решенија како Coursera, Udemy или LinkedIn Learning, Shifter се разликува по неколку основни аспекти: * Фокус на семејни компании и претприемачи – наместо општа публика, Shifter е специјализиран за овој пазарен сегмент. * Персонализиран пристап – платформата не нуди само курсеви, туку и менторство, консалтинг и индивидуални планови за развој. * Регионален контекст – содржината и експертите се адаптирани на реалноста во Македонија и Балканот, што ја прави платформата релевантна и културно блиска. * Комбиниран модел на учење – интеграција на дигитални програми, академии, менторски пакети и консалтинг, што ја прави Shifter повеќе од обична платформа за учење. *Технологија и пристапност* Shifter ќе биде веб апликација со можност за понатамошно проширување во мобилна верзија. Веб платформата ќе овозможи пристап преку сите уреди (компјутери, таблети, телефони) и ќе биде изградена со современи технологии како React.js (frontend), Java Spring Boot (backend) и PostgreSQL (база на податоци). ----