= Опис на финална имплементација Финалната верзија на апликацијата опфаќа неколку сценарија: * Регистрација на корисник/админ. * Најава на корисник/админ. * Приказ на производи, продавници. * Приказ на други корисници(доколку корисникот е админ). == Опис на секое од наведените сценарија === Регистрација на корисник/админ Прво имаме приказ на почетната страна каде што ни се достапни информации за страната, линкови, контакти и 3 копчиња: Register, Log In и Log Out (Сл.1). [[Image(home page.png, 1200px)]] **Сл.1** Доколку кликнеме на копчето Register, ќе не однесе на нова страна(**Сл.2**) каде секој нов корисник ќе може да се регистрира, откако ќе ги пополни бараните информации во формата за регистрација(**Сл.3**). [[Image(register.png, 800px)]] **Сл.2** [[Image(register1.png, 800px)]] **Сл.3** === Најава на корисник/админ По успешната регистрација, корисникот е однесен на нова страна, односно Sign In/ Log In страната, каде ги внесува потребните информации, односно User Name и Password (**Сл.4**). [[Image(sign up.png, 800px)]] **Сл.4** Откако корисникот ќе кликне на копчето Sign in, има пристап до страната како веќе најавен корисник и горе во менито гледаме дека најавата е успешна (**Сл.5**). [[Image(najavenkorisnik.png, 800px)]] **Сл.5** === Приказ на производи и понудени продавници Веќе најавениот корисник има пристап да одбере од која продавница сака да купува производи и какви производи нуди продавницата. Со клик на копчето Shops во менито има пристап до продавниците (**Сл.6**). [[Image(shops.png, 800px)]] **Сл.6** Доколку корисникот е админ може да тргне било која од продавниците ако веќе не соработува со ShopaHolic. Исто така корисникот има и приказ до понудените продукти и избраните да ги додаде во кошничка, а доколку е админ може да избрише било кој од продуктите (**Сл.7**). [[Image(products.png, 800px)]] **Сл.7** === Приказ на други корисници(доколку корисникот е админ) Доколку корисникот кој е најавен е админ има пристап да види други нови корисници на страната и можност да додаде нов корисник или нов админ. Со клик на копчето Add new user, админот е вратен на делот за регистрација каде ќе додаде нов корисник. (**Сл.8**). [[Image(usersadmin.png, 800px)]] **Сл.8**