Version 1 (modified by 7 days ago) ( diff ) | ,
---|
Детален опис на проектот
За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
SynergyMed Pharmacy System е наменета пред сѐ за аптеки, без разлика дали станува збор за индивидуални аптеки или синџири на аптеки. Дополнително, системот може да се користи и за здравствени институции и организации кои управуваат со повеќе аптеки, бидејќи овозможува централизирано управување со податоци, следење на здравствени профили и финансиски трансакции.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Првиот клучен проблем што го решаваме е недостатокот на централизирано управување. Со нашата база и апликација обезбедуваме единствена платформа за управување со аптеки, залихи на лекови и докторски рецепти. Ова овозможува сите податоци да бидат достапни на едно место, што го поедноставува секојдневното работење. Дополнително, апликацијата автоматски спречува издавање на лекови кои може да бидат опасни во комбинација, со што се елиминира ризикот од несакани интеракции. Проблемот со невалидни рецепти го решаваме преку дигитална верификација на издавачот(докторот) и проверка дали тој навистина постои. Системот овозможува брз и лесен пристап до здравствениот профил на клиентите. Исто така, обезбедуваме јасен увид во состојбата на инвентарот и автоматска нарачка на лекови кога количините се под зададен праг.
Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
До проектот е наменето да имаат пристап 3 различни видови корисници.
- Фармацевти - ќе имаат пристап до здравствените профили, рецепти, залихи и издавање лекови.
- Доктори - ќе имаат ограничен пристап за верификација и издавање на рецепти, како и увид во терапиите на своите пациенти.
- Клиентит - ќе можат да ги прегледуваат своите здравствени профили, клуб картичка, историја на рецепти и препорачани терапии. Ќе имаат и пристап до достапни лекови од аптеката, кои ќе можат да ги нарачаат.
Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?
Колку што сме запознаени, системите за здравство и аптеки во нашата држава се доста застарени, нашата апликација додава голема стапка на автоматизација, автоматска верификација на рецепти, автоматско предупредување и забрана ако лековите не се компатибилни, автомација во нарачка на лекови. Исто така многу е важно и централен пристап, секој клиент има свој профил со свои рецепти, и во било која аптека може да му се признае рецептот од доктор автоматски, без додатни проверки. Системот е скалабилен, многу лесно може да се додаваат нови аптеки, клиенти, доктори и лекови во него.
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Проетктот ќе биде веб апликација, со посебни портали за доктори, фармацевти и клиенти.