Анализата за изводливост го оценува потенцијалот на проектот за успех; според тоа, согледаната објективност е суштински фактор во кредибилитетот на студијата за потенцијалните инвеститори и заемните институции. Постојат пет видови на студија на изводливост опишани подолу. **1. Техничка изводливост** Оваа проценка се фокусира на техничките ресурси што им се достапни на организацијата. Им помага на организациите да утврдат дали техничките ресурси ги исполнуваат капацитетите и дали техничкиот тим е способен да ги претвори идеите во работни системи. Техничката изводливост исто така вклучува и проценка на хардверот, софтверот и другите технички барања на предложениот систем. TicketingSystem проектот е web базиран. Главните технологии и алатки поврзани за овој проект се следниве: Java, HTML, CSS, PostgreSQL, Spring Boot, алатки за цртање диаграми (NCLASS, Microsoft Project, Visio, Draw.IO). Секоја од технологиите е слободно достапна и потребните технички вештини се управливи. Временските ограничувања на производот и едноставноста за спроведување со користење на овие технологии се синхронизираат. Апликацијата ќе се хостира на платен простор за веб-хостинг. Од оваа гледна точка, овој проект е технички изводлив. **2. Економска изводливост** Оваа проценка обично вклучува анализа на трошоците / придобивките на проектот, помагајќи им на организациите да утврдат одржливост, трошоци и придобивки поврзани со проект пред да се распределат финансиските ресурси. Таа, исто така служи како независна проценка на проектот и го зајакнува кредибилитетот на проектот - помагајќи им на носителите на одлуки да ги утврдат позитивните економски придобивки за организацијата што ќе ја обезбеди предложениот проект. Ticketing system-от е предвиден да биде завршен за два месеци, за кој се потребни три web развивачи, со придонеси од 1200 ЕУР на месечна основа во времетраење од 2 месеци и еден развивач на база на податоци со придонеси од 800 ЕУР на месечна основа, исто така 2 месеци. Овие би биле основните трошоци се до имплементација на финална верзија на апликацијата. За управување на проектот ќе се користи JIRA која е бесплатна до 10 корисници – што значи дека нема да има дополнителни трошоци. ||Месец || 1 || 2 || 3|| 4 || 5 || 6 || 7 || 8 || 9 || 10 || 11 || 12 || ||Плата за web развивачи || 3600 ||3600 || 0|| 0|| 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || ||Плата за DB развивач || 800 ||800 || 0|| 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || ||вкупен придонес по месец || 4400 ||4400 || 0|| 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || ||вкупно на крај на месец || 4400 ||8800 || 0|| 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 || 0 ||