**Разгледувани решенија** **Odoo** – претставува пакет на open-source софтверско решение кое работи во облак и ги покрива сите наши потреби: CRM,форум,регистрирање корисници,податоци на регистрирани корисници, изградба на веб страница, датабаза, можност за претплата и плаќање. Го избравме ова софтверско решение затоа што цената е мала во споредба со другите. Користи Python, scripting, PostgreSQL, DBMS. Најголема предност е тоа што има проширена архитектура. И сметаме дека ова софтверско решение ни дава поголема флексибилност и подобро ги исполнува нашите потреби.\\ **Epesi** – претставува веб базирана апликација, која работи во облак и е open-source. Сите податоци и апликациски скрипти се чуваат на сервер, дури и избришаните податоци се чуваат, сокриени од корисниците, но никогаш не се избришани од датабазата. Има модуларна архитектура и сите модули се напишани користејќи Epesi framework. Ги исполнува следните наши потреби: регистрација на корисници, складирање на информации, можност за извршување на плаќање.