== Методски техники и алатки == **Jira** е комерцијален софтвер за следење на развој на верзии, развиен од страна на Atlassian,што овозможува следење на грешки и агилно управување со проекти, најчесто се користи за следење и решавање на проблеми, следење на развојот на софтверските верзии и управување со проекти, што им помага на корисниците да ги приоретизираат и избираат своите задачи,се користи од софтверски тимови за градење и испорака на производи, системот го насочува процесот на развој на апликацијата. Jira е иделна за овој проект бидејќи: 1)Jira е многу лесна за прилагодување. Секоја компанија може да го прилагоди системот на деловните процеси.Корисниците можат да создадат разновиден работен тек и задачи. 2)Содржи plugins кои даваат дополнителни функционалности. 3)Jira нуди различни варијанти на користење на базата на податоци.Ни овозможува не само да ја користите нејзината внатрешна база на податоци,туку и да ја интегрираме со вашата надворешна база на податоци (MySQL, PostgreSQL,итн.) 4)Jira е поддржана од голема компанија со ресурси за трајно решавање на грешки во системот и обезбедување услуги за поддршка и одржување на корисниците на Jira. 5)Клучен елемент на кој било софтвер за управување со проекти е (backlog). Oва е местото каде што ги наведуваме сите задачи и барања за нашиот краен производ. Од витално значење е да се даде приоритет на заостанатите активности според итноста и важноста на секоја задача.