= Бизнис модел == Цели Цели на проектот е да се создаде дигитална платформа за тргување со македонски акции, да се олесни пристапот до берзанскиот пазар за пошироката публика и секако да зе зголеми финансиската писменост и интерес за инвестирање во Македонија. == Ризици * **Регулаторни бариери **: Потребна е согласност и соработка со една или повеќе брокерски компании. * **Ниска иницијална база на корисници **: Еден од главните ризици е недоволен интерес и прифаќање од страна на публиката во Македонија. Причината за тоа е што голем дел од населението се уште не поседува доволна финансиска писменост, па за многумина берзата е нешто далечно,комплицирано, резервирано за финансиски порфесионалци. Поради тоа, платформата ќе мора да вложи и во едукативен материјал. == Предности * **Можност за раст и проширување**: Потенцијал за раст преку проширување на регионални пазари или да поуди дополнителни инвестициони продукти. * **Промоција на финансиска писменост **: TradingMK ќе помогне да се едуцира јавноста за тргување и управување со пари. Ова ќе има позитивно влијание и на општествен план.