= Визија == 1. Вовед TradingMK има за цел да стане водечка дигитална платформа за тргување со акции во Македонија. Визијата зад апликацијата е да создаде модерен, безбеден и интуитивен систем кој ќе го олесни процесот на инвестирање и ќе им овозможи на корисниците полесно да пристапат до финансиските пазари. == 2. Позиционирање === 2.1 Дефиниција на проблем ||= Тема на проблем =|| Ограничен пристап до тргување со акции во Македонија || ||= Кого засега =|| Сите кои сакаат да инвестираат, но немаат пристап до соодветна платформа или информации || ||= Со последици како =|| Ниска финансиска писменост и недоволно учество на населението во берзанскиот пазар || ||= Успешно решение би било =||Создавање интуитивна и достапна платформа за тргување со македонски акции, која ќе го олесни пристапот до пазарот и ќе поттикне финансиска едукација кај пошироката публика|| === 2.2 Позиција на пазарот ||= За =|| Индивидуални инвеститори во Македонија || ||= Кои =|| Сакаат безбеден, едноставен и дигитален пристап до тргување со акции || ||= TradingMK =|| Е веб апликација за тргување со македонски акции преку лиценцирани брокери || ||= Кој овозможува =|| Следење на пазарот во реално време, анализа, тругување и управување со портфолио преку интуитивен интерфејс || ||= За разлика од =|| Комплексни, застарени и недостапни платформи, кои најчесто бараат директна комуникација со брокери || ||= Нашиот продукт =|| Овозможува модерен, дигитален и транспарентен начин на инвестирање || == 3. Опис на засегнатите лица === 3.1 Преглед ||= Име =||= Опис =||= Одговорности =|| || Корисник || Лице кое сака да инвестира во македонски акции преку платформата || Креирање на сметка, купување и продажба на акции, следење на пазарот и портфолио || || Развивач на апликацијата || Лице задолжено за техничка поддршка и развој на платформата || Одржување на системот, корекција на грешки, имплементација на нови функционалности и безбедносни ажурирања || || Администратор || Лице со напреден пристап до административни алатки на платформата || Менаџирање на корисници, следење на активност, конфигурирање на поставки и модерација на содржина || || Брокерска Компанија || Лиценцирана финансиска институција која посредува во трансакциите || Обработка на налози за купување/продавање, верификација на клиенти, давање податоци за тргување || === 3.2 Корисничка околина Апликацијата има модерен и интуитивен интерфејс, дизајниран за лесна навигација и користење без разлика на техничката подготвеност на корисникот. TradingMK е достапна на сите уреди со интернет конекција и веб прелистувач, вклучувајќи компјутери, мобилни телефони и таблети. Апликацијата е составена од неколку основни секции, почетна страна, прикажува информации за тековните берзански движења и популарни акции, при клик на некоја акција се прикажува екран со детали за избраната акција, реална временска листа со нивните цени и движења и опција за купување, мое портфолио приказ на инвестициите на корисникот, моментален статус и добивка/загуба. == 4. Преглед на производот === 4.1 Барања ==== Корисник ||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики =|| || Креирање на корисничка сметка || Must Have || Регистрација и логирање || || Преглед на пазар || Must Have || Приказ на сите достапни акции со нивни цени и графикони || || Купување на акции || Must Have ||Испраќање барање за купување кон брокерска компанија || || Продажба на акции || Must Have || Испраќање барање за продажба кон брокерска компанија || || Преглед на портфолио || Must Have || Следење на сопствени инвестиции, добивка/загуба, историја на трансакции || || Обука и едукација || Could Have || Пристап до туторијали и едукативен материјал за почетници || || Следење на пазарни движења || Should Have || Приказ на графикони, вести и анализи || ==== Администратор ||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики =|| || Кориснички профил || Must Have|| Персонализиран профил кој нуди администраторски привилегии || == 5. Други барања ||= Барање =||= Приоритет=|| || Интернет конекција || Must Have || || Веб прелистувач || Must Have || || Електронски уред за пристап до апликацијата || Must Have ||