== ** Студија на изведливост за информациски систем** На почеток, пред да се започне да се развива еден софтвер, потребно е да се направат некои анализи и да се ваиди дали со развојот на тој софтвер ќе имаме придонеси. Бидејќи информатичките системи се обемни, тие трошат голем дел од времето на развивачите и побаруваат премногу финансиски средства. Некои од проектите пропаѓаат после првите шест месеци, па затоа е потребно кога се избира проект, најпрво истиот да се испита, да се направат првичните анализи, наречени студии на изведливост, па доколку се добие позитивен исход (резултат), системот да почне да се развива. Според тоа може да заклучиме дека целта на студијата на изведливост е да се донесе одлука дали системот е оправдан и возможен, а и да се предложат можни решенија. Има четири типа на студија на изведливост, и истите ќе ги разгледаме и анализираме за нашиот информациски систем: - Економска изводливост – колку ќе изнесува развојот на системот, и дали од истиот ќе имаме придонеси - Техничка изводливост – дали ја имаме потребната технологија - Операциска изводливост – опис на системот и негови можни решенија - Временска изводливост – времето потребно за превземање на активностите за развој на проектот **Економска изводливост** Во делот за економска изведливост ќе ја разгледаме анализата на трошоците и придонесот што ќе го донесе овој систем. ''Придонес'' Придонесот е од голема важност при одлучувањето дали еден систем ќе се развива. Постојат три вида на придонеси и тоа: монетарен, материјален и нематеријален. Најголем придонес од овој систем ќе биде подобрувањето на функционалноста на компанијата. Според тоа имаме материјален придонес, односно добиваме на време, продуктивност и функционалност. За нашиот информациски систем наменет за МЖТ може да кажеме дека од голема важност е доброто менаџирање и добрата организација внатре во компаијата. При воведувањето на овој информациски систем ќе се добијат многу придобивки меѓу кои како поважнии може да ги издвоиме следните: Подобрување на продуктивноста – со користење на овој детален информационен систем ќе се подобри продуктивноста на компанијата Добивање на време – Ќе се намали времето потребно за добивање на одредени информации Намалување на грешките – Ќе се намалат грешките и ќе се овозможат точни и релевантни податоци Информации во реално време – Исто така со овој информациски систем секогаш, во било кое време од денот ќе имаме пристап до точни податоци и информации Подобрување на комуникацијата – И комуникацијата би се подобрила со користењето на овој информациски систем ''Анализа на исплаќање '' Во овој дел ќе направиме анализа на исплаќање, со цел да утврдиме кога компанијата ќе си ја вратил инвестицијата и ќе има монетарен придонес: || ||Година на развој ||Прва година||Втора година||Трета година|| ||Развој ||100,000 € || || || || ||Одржување ||0 ||10,000 €||11,000 €||12,000 €|| ||Present value ||1||0.893 €||0.797 € ||0.712 €|| ||Адаптиран трошок по време||100,000 € ||8930 € ||8767 € ||8544 €|| ||Вкупен трошок ||100,000 € ||108,930 € ||117,697 € ||126,241 €|| ||Придонес ||0||60,000 € ||60,000 € ||60,000 € || ||Адаптиран придонес по време||0 ||53,580 €||47,820 €||42,720 €|| ||Вкупен придонес ||0 ||53,580 €||101,400 €||144,120 €|| ||Исплаќање ||-100,000 € ||-55,350 €||-16,297 €||17,879 €|| Според овааа табела веќе во третата година компанијата би имала придонес од неполни 18000 €. **Техничка изводливост** Техничкиот аспект на нашиот информациски систем опфаќа клиент – сервер архитектура. За работење на системот се потребни мрежа од компјутери, кои што ќе бидат обезбедени од самата компанија, поточно во нашиот случај од МЖТ. Компјутерите треба да бидат поврзани на Интернет, а за ефикасно и непречено работење потребна е стабилна интернет конекција со најмалку 1Mbit/s. Заради времето во кое живееме, претпоставуваме дека корисниците на системот нема да имаат никаков проблем со неговото користење. **Операциска изводливост** Целта на оваа изведливост е да се увиди дали системот ќе се вклопи во организацијата, дали ќе биде прифатен од корисниците и дали ќе ги реши бизнис процесите, т.е. дали ќе ги постигне посакуваните барања на корисникот. Ќе ги разгледаме и двете засегнати страни кои ќе го користат овој систем. Тоа се: вработените во МЖТ и патниците. ''Патник:'' Земајќи го во предвид фактот дека живееме во 21 век и дека во денешно време скоро сите работи се завршуваат електронски може да кажеме дека од страна на патниците не би требало да има некој голем проблем. Тие веќе се навикнати со користењето на електронските услуги кои што се повеќе се нудат на домашниот пазар. Се разбира има и такви кои на почетокот ќе бидат против, но со тек на време, кога ќе бидат подобро информирани и тие ќе го прифатат. ''Вработен во МЖТ:'' Кога би тргнеле од фактот дека во МЖТ никогаш немало ваков информациски систем со сигурност би можеле да кажеме дека на почеток би имале проблем со прифаќање на истиот. Тие на почеток би се плашеле да не бидат заменети со овој систем. Но кога би им се објаснило на вработените и кога би им се одрзала добра обука за користење на системот и тие брзо и лесно ќе го прифатат и ќе бидат задоволни со негова имплементација. Според направената операциска анализа, може да кажеме дека нашиот систем е изводлив. Притоа треба да се посвети внимание како на патниците така и на вработените со цел побрзо и полесно прифаќање на истиот. **Временска изводливост** Временскиот аспект на студијата за изводливост ги опфаќа временските ограничувања за развој и имплементација на системот за компанијата која што ќе го користи. Временската анализа што подолу ќе биде направена за нашиот информационен систем е врз основа на активностите што ќе се превземаат во развојот на системот со RUP развојниот процес. Ги имаме следните активности: ''**I Активност:** 1 итерација од фазата на иницијализација'' - Времетраење: 3 недели - Подактивности: -> Изработка на визијата на системот -> Изработка на прелиминарните кориснички барања ''**II Активност:** 2 итерација од фазата на иницијализација'' - Времетраење: 3 недели - Подактивности: -> Детализација на визијата на системот -> Детализирање на корисничките барања -> План за фазата на елаборација ''**III Активност:** 1 итерација од фазата на елаборација'' - Времетраење: 4 недели - Подактивности: -> Прелиминарна архитектура -> UML дијаграми -> Use case модел ''**IV Активност:** 2 итерација од фазата на елаборација'' - Времетраење: 4 недели - Подактивности: -> Анализа на use cases -> Операциска анализа -> Прв архитектурен прототип ''**V Активност:** 3 итерација од фазата на елаборација'' - Времетраење: 4 недели - Подактивности: -> Детализација на UML дијаграми -> Втор архитектурен прототип ''**VI Активност:** 4 итерација од фазата на елаборација'' - Времетраење: 4 недели - Подактивности: -> Детализација на UML дијаграми -> Трет – конечен архитектурен прототип -> План за фазата на конструкција ''**VII Активност:** 1 итерација од фазата на конструкција'' - Времетраење: 10 недели - Подактивности: -> Дизајн и имплементација на корисничките барања -> Интеграција на корисничките барања -> Извршување прв прототип ''**VIII Активност:** 2 итерација од фазата на конструкција'' - Времетраење: 10 недели - Подактивности: -> Тестирање на корисничките барања и поправање грешки -> Извршување втор прототип -> Изработка на корисничка документација -> План за фазата на транзиција ''**IX Активност:** 1 итерација од фазата на транзиција'' - Времетраење: 6 недели - Подактивности: -> Транзиција на системот во околината на компанијата -> Обука на корисниците