== Детален опис на проектот '''За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?''' - Базата и апликацијата се наменети да бидат управувани од фирма или стартап кој нуди услуги за планирање патувања. Таквата организација би обезбедувала централизирана база со информации за дестинации, активности и патувања, со цел да им помогне на корисниците побрзо и поефикасно да ги организираат своите патувања. '''Кои проблеми се решаваат?''' - Проектот го решава проблемот на бавно и неорганизирано планирање патувања. Наместо рачно пребарување и комбинирање на информации, системот овозможува распоред на активности според време, локација и буџет. '''Какви видови корисници ќе имаат пристап?''' - Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници: - '''Администратори на базата''' – управуваат со базата, додаваат и ажурираат податоци за градови, места, категории и дополнителни информации. - '''Главен корисник (организатор на патување)''' – корисници кои креираат и менаџираат свои патувања, избираат активности, додаваат омилени места и оставаат рецензии. - '''Член на патувањето''' - корисник кој е вклучен во истото патување со главниот корисник и комуницира со останатите членови на патувањето во заедничка група (group chat). '''Во што се разликува вашето решение од веќе постоечките апликации?''' - Слични решенија постојат како Google Trips или TripAdvisor, но TravelMate се издвојува со тоа што нуди опции за пребарување базирани на повеќе параметри (време, растојание, буџет), како и можност за заедничка комуникација со останатите членови од патувањето. '''Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?''' - Се работи за веб апликација.