= TruckIO == Членови на тимот * Моника Тодорова 201082 * Зорана Стерјоска 201075 == Краток опис на проектот Веб апликација која ги таргетира клиентите кои располагаат со големо количество на продукти за кои е потребен транспорт до одредена дестинација и компаниите кои го нудат тоа. Компаниите кои го користат системот нудат транспорт со сопствени возила и вработени. Целта е побарувачите на услугата да можат полесно да дојдат до можноста за резервација на возило и рута за транспорт, а воедно компаниите полесно да добијат нови клиенти и резервации. За секој ненајавен корисник ќе се прикажуваат само компаниите кои го користат системот и нивните возила. Кога корисникот ќе се регистрира, може да наведе податоци за релацијата на транспортот и категоријата и количината на роба која сака да ја транспортира. Според внесените податоци ќе се креира резервација за конкретната рута. Со креирањето на резервацијата ќе се генерира и фактура. Компаниите располагаат со вработени кои може да имаат улога на администратор, возач или диспечер. Администраторите менаџираат со вработени и возила и издаваат фактури, возачите ги возат резервираните рути, а диспечерите ги управуваат рутите. == Детален опис на проектот Во денешно време на пазарот, диспечерството и транспортот се актуелни теми. Поради таа причина нашата апликација е наменета за клиенти, кои може да бидат поединци или фирми/компании, на кои им е потребно транспорт на продукти. * ''За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби'' * ''Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?'' TruckIO е систем преку кој компании кои располагаат со возила, од тип комбе, камион и шлепер, ќе нудат услуга за транспорт на роба од одредена категорија. Со ваквиот систем ќе го поедностави и автоматизира начинот на резервација за превоз на роба и комуникацијата помеѓу побарувач и компанија што доставува, кој до сега се води физички или преку телефон. Воедно и добивањето на фактура веднаш по извршувањето на услугата ќе биде брз и едноставен процес за двете страни. * ''Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?'' За секоја компанија која преку нашиот систем ќе нуди услуги, во базата на податоци покрај возилата со кои располага, се чуваат податоци за администратори, диспечери или возачи кои се вработени во копаниите. Секој од нив со своја улога. администраториите издаваат фактури до клиентите, возачите ги возат резервираните рути, а диспечерите ги следат истите. За една компанија да го користи нашиот систем, мора да поседува лиценца за вршење на транспорт. Во поглед на клиентите, на нашата апликација клиент може да биде една личност или цела компанија која има потреба од транспорт на роба. Ненајавен корисник може само да разгледува листа од компании кои го користат нашиот систем и нивните возила. За да направи резервација потребно е да се најави. При резервација апликацијата ќе го води клиентот чекор по чекор. Најпрвин мора да внесе крајна дестинација за посакуваната рута, веднаш по тоа ќе се генерираат компании кои нудат транспорт одбраната дестинација со соодветни возила. * ''Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?'' Единствено решение на проблем од оваа област, блиско до нашето е диспечерството, кое само врши мониторирање на рути. Нашата апликација е олеснителна околина која го нуди тој концепт покрај едноставноста за наоѓање на транспорт на роба за клиентите. * ''Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?'' Овој проект ќе биде во форма на веб апликација достапна на веб прелистувачите, како најсоодветна за ваква намена, бидејќи би бил олеснет пристапот до неа без додатни инсталации.