= Relational Model = == EP - дијаграм == Во продолжение е прикажан Ентитет-Релациониот дијаграм изработен во Visual Paradigm, кој го дефинира моделот на податоци за системот за управување со сообраќајни прекршоци. [[Image(dijagram (1).png, 1200px)]] Оригиналниот проектен фајл (RelationalModel-AdvDB-25-26-L-V-TRACK.vpp) и експортираниот дијаграм (RelationalModel-AdvDB-25-26-L-V-TRACK.svg) == Опис на ентитети == Моделот е составен од петнаесет ентитети. '''Gragjanin''' е централниот ентитет кој чува лични податоци (ЕМБГ, ime, презиме, адреса, пол, датум на раѓање) и се јавува како сопственик, прекршител или уплатувач. Неговото возило го претставува ентитетот '''Vozilo''', идентификуван преку VIN и модел, при што бојата се чува одделно преку мултивредносниот атрибут '''Boja_vozilo'''. Категориите на возила се дефинирани во шифрарникот '''Kategorija''', а возачките дозволи со нивниот број, датум и рок на важност се чуваат во '''Vozacka_dozvola'''. Врската меѓу граѓанинот и возилото, заедно со целата историја на регистрации, ја управува ентитетот '''Registracija'''. На полициската страна, организацијата оди од '''Sektor''' (со ime, регион и телефон) надолу кон локална '''Stanica'''. Самите службени лица се евидентираат во '''Policaec''' преку ЕМБГ и број на значка, а историјата на нивните работни места се чува во '''Raboti_vo'''. Кога ќе се случи настан на терен, се отвора '''Slucaj''' со датум, тип и статус, за кој потоа се креираат конкретни '''Zadaca''' доделени на полицајци. Доколку настанот резултира со прекршок, се составува '''Zapisnik''' — официјален документ кој ги поврзува полицаецот, граѓанинот и возилото на едно место. Самите прекршоци се наоѓаат во шифрарникот '''Prekrsok''', секој поврзан со соодветна '''Kazna'''. Финансиската страна ја покрива '''Uplata''', која ги следи сите извршени плаќања по записник. == Опис на релации == Граѓанинот поседува возачка дозвола преку ЕМБГ ('''1:N'''), а дозволата може да покрива повеќе категории преку асоцијативната табела Kategorija_Vozacka_dozvola ('''M:N'''). Секое возило припаѓа на точно една категорија ('''N:1'''), а поврзувањето на граѓанинот со возилото се врши преку Registracija, која ја чува целата историска евиденција. Кај полицајците постои рекурзивна хиерархиска врска преку EMBG_nadreden ('''1:N'''), додека нивната историја на работни места низ различни станици се разрешува преку Raboti_vo со датуми datum_od и datum_do ('''M:N'''). Повеќе станици припаѓаат на еден сектор ('''N:1'''). За секој случај можат да се креираат повеќе задачи доделени на конкретни полицајци, како и повеќе записници ('''1:N'''). Секој записник строго ги поврзува еден полицаец, еден граѓанин и едно возило, а може да содржи повеќе прекршоци преку Stavka_Zapisnik ('''M:N'''). Секој прекршок носи фиксна казна ('''N:1'''), а плаќањата се евидентираат преку Uplata.