| Version 12 (modified by , 7 hours ago) ( diff ) |
|---|
Фаза 1: Релационен Модел - ЕР Дијаграм
EP - дијаграм
Опис на ентитети
Моделот е составен од седумнаесет ентитети.
Gragjanin е централниот ентитет (ЕМБГ, име, презиме, адреса, пол, датум на раѓање) и се јавува во три улоги: сопственик, прекршител и уплатувач. Возилата се чуваат во Vozilo (идентификувано преку бројот на шасија / VIN, со модел и категорија), нивната боја одделно преку мултивредносниот Boja_vozilo, а типовите возила во шифрарникот Kategorija. Возачките дозволи (број, датум и рок на важност) се во Vozacka_dozvola. Сопственоста над возилата, односно врската граѓанин-возило, ја води Sopstvenost, која го поврзува граѓанинот (во улога на сопственик) со возилото и го памети периодот на сопственост преку datum_steknuvanje/datum_kraj. Регистрациите низ време се евидентираат во Registracija, при што една сопственост може да има повеќе регистрации. Регистарските таблици се посебен ентитет Registerska_tablica (регион, број, код), доделуван на конкретна регистрација.
На полициската страна, структурата оди од Sektor (име, регион, телефон) па се до локалната Stanica. Службениците се евидентираат во Policaec (ЕМБГ, број на значка), а историјата на нивните работни места во Raboti_vo. За настан на терен се отвора Slucaj (датум, тип, статус), со припадни Zadaca доделени на полицајци. Прекршокот се документира во Zapisnik-официјален документ што ги поврзува полицаецот, граѓанинот и возилото-а неговите поединечни ставки во Stavka_Zapisnik. Типовите прекршоци се во шифрарникот Prekrsok, секој со соодветна Kazna, додека плаќањата ги следи Uplata.
Опис на релации
Граѓанинот поседува возачка дозвола преку ЕМБГ (1:N), а дозволата покрива повеќе категории преку асоцијативната Kategorija_Vozacka_dozvola (M:N). Секое возило припаѓа на точно една категорија (N:1). Поврзувањето граѓанин-возило, односно сопственоста со целата историска евиденција, се разрешува преку асоцијативната Sopstvenost (M:N меѓу граѓанин и возило, со период datum_steknuvanje/datum_kraj). Една сопственост има повеќе регистрации низ време (1:N), а секоја регистрација е поврзана со точно една регистарска таблица од Registerska_tablica (N:1).
Кај полицајците постои рекурзивна хиерархиска врска преку EMBG_nadreden (1:N), додека нивната историја на работни места низ станиците се разрешува преку Raboti_vo со datum_od/datum_do (M:N); повеќе станици припаѓаат на еден сектор (N:1).
За секој случај се креираат повеќе задачи и повеќе записници (1:N). Секој записник строго поврзува еден полицаец, еден граѓанин и едно возило, и содржи повеќе ставки преку Stavka_Zapisnik (1:N), при што секоја ставка се однесува на точно еден прекршок (N:1). Секој прекршок носи фиксна казна (N:1), а плаќањата се евидентираат преку Uplata.
Attachments (2)
- RelationalModel-AdvDB-25-26-L-V-TRACK.svg (238.4 KB ) - added by 9 hours ago.
- RelationalModel-AdvDB-25-26-L-V-TRACK.vpp (1.0 MB ) - added by 9 hours ago.
Download all attachments as: .zip
