wiki:DatabaseCreation

Version 13 (modified by 231014, 9 days ago) ( diff )

--

Database Creation

Во оваа фаза се прикажани DDL скриптата за креирање на базата, DML скриптите за иницијализација на базата и погледите за приказ на често потребни податоци.

DDL Скирпта за табелите

init.sql

Оваа DDL скрипта претставува дизајн на релациона база на податоци за систем за управување со производи, залихи, магацини, вработени и магацински трансакции. Нејзината главна цел е да обезбеди структурирано складирање на податоци и да го зачува интегритетот на информациите преку јасно дефинирани релации помеѓу ентитетите.

Скриптата користи ограничувања за да гарантира конзистентност на податоците.
-Примарните клучеви обезбедуваат единствена идентификација на секој запис, додека надворешните клучеви ја одржуваат референтната интегритетност помеѓу табелите и дефинираат правила за бришење на поврзани записи преку опции како ON DELETE RESTRICT и ON DELETE SET NULL.
-Единственоста на критични податоци, како имиња, SKU кодови, баркодови и е-пошта, е обезбедена со UNIQUE ограничувања.
-CHECK ограничувањата спречуваат внесување невалидни вредности, како празни текстуални полиња, негативни цени, тежини и количини, како и логички неконзистентни податоци како резервирана количина поголема од достапната количина или датум на прекин на работен однос кој е пред датумот на вработување.

На овој начин скриптата создава сигурна и конзистентна основа за функционирање на системот.

DML Скрипти за генерирање на податоците

dml.zip

Views којшто беа креирани

views.sql

1.view_current_warehouse_stock Овој поглед прикажува моментална состојба на залихите по магацин, производ и варијанта, вклучувајќи вкупна количина, резервирана количина и достапна количина. Се користи кога треба да се провери дали одреден производ е достапен во конкретен магацин пред продажба, испорака или трансфер.

2.view_products_by_category Овој поглед ги организира производите според нивните категории и подкатегории. Се користи при пребарување на производи по категорија.

3.view_variants_per_product Овој поглед ги прикажува сите варијанти на еден производ заедно со нивните детали како SKU, цена, тежина и статус. Се користи кога корисникот треба да ги види сите достапни варијанти на одреден производ.

4.view_inventory_summary Овој поглед обезбедува агрегирана состојба на залихите по варијанта на производ. Се користи за брза проверка на достапноста на артиклите и за идентификување на производи со ниски залихи.

5.view_employee_current_warehouse Овој поглед ги прикажува вработените, нивниот тековен магацин и нивниот менаџер. Се користи за управување со човечки ресурси и следење на распределбата на персоналот по магацини.

6.view_employee_permissions Овој поглед ги прикажува улогите и дозволите доделени на секој вработен. Се користи при проверка на пристапните права на корисниците и при безбедносни ревизии на системот.

7.view_inventory_movements_detailed Овој поглед содржи детални информации за движењата на залихите, вклучувајќи изворна и дестинациска локација, тип на трансакција и одговорен вработен. Се користи за следење на историјата на движење на артиклите и анализа на магацинските операции.

8.view_variant_details Овој поглед ги прикажува сите атрибути и вредности поврзани со одредена варијанта на производ, како бренд, категорија, цена и слики. Се користи за прикажување детални информации за производите.

9.view_category_tree Овој поглед ја прикажува хиерархијата на категории со нивната длабочина и целосна патека. Се користи за навигација низ категориите, генерирање менија и прикажување на структурата на каталогот на производи.

Attachments (3)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.