| 3 | Основната стратегија која ќе се користи за да се структуира системот е складиште моделот. Податоците кои ќе се разменуваат ќе се чуваат во централна база на податоци која може да се пристапува и во која ќе може да се интегрираат податоци од еден или повеќе различни извори. |
| 4 | Користењето на централизирана база на податоци се фокусира на самите податоци. Главниот извор на податоци е веќе создаден, чист, трансформиран, категоризиран и достапен за користење од страна на вработените на магацинот и администраторот на системот. |
| 5 | Централизираната база на системот ќе биде поставена на сервер и на неа ќе може да пристапуваат магацинските работници преку претходно најавување на своите ПДА уреди, и би им се овозможило да извлечуваат, променуваат и внесуваат податоци извршувајќи ги своите работни обврски. |
| 6 | Базата ќе биде релациона база на податоци т.е база која содржи колекција од табели од податочни предмети, кои претходно се формално опишани и организирани спрема релациониот модел. |
| 7 | |