| 1 | –СМР |
| 2 | Визија |
| 3 | |
| 4 | Верзија 1.0 |
| 5 | |
| 6 | |
| 7 | |
| 8 | |
| 9 | |
| 10 | |
| 11 | |
| 12 | |
| 13 | |
| 14 | |
| 15 | |
| 16 | |
| 17 | |
| 18 | |
| 19 | ReVision Историја на документот |
| 20 | Датум Верзија Опис Автор |
| 21 | 19/03/2013 1.0 Вовед во информацискиот систем -WMS Зоран Ѓуроски |
| 22 | Јован Маркоски |
| 23 | Един Османоски |
| 24 | |
| 25 | |
| 26 | |
| 27 | |
| 28 | |
| 29 | |
| 30 | |
| 31 | |
| 32 | |
| 33 | |
| 34 | |
| 35 | |
| 36 | Содржина |
| 37 | 1.Вовед 4 |
| 38 | 1.1Цел 4 |
| 39 | 1.2Опсег 4 |
| 40 | 1.3Дефиниции, Акроними и Кратенки 4 |
| 41 | 1.4Референци 5 |
| 42 | 1.5Преглед 5 |
| 43 | 2.Позиција 5 |
| 44 | 2.1Бизнис Можност 5 |
| 45 | 2.2Дефиницирање на проблем 5 |
| 46 | 2.3Дефинирање на позиција на продукт 5 |
| 47 | 3.Опис на засегнати и корисници 6 |
| 48 | 3.1Демографија на пазарот 6 |
| 49 | 3.2Листа на засегнати 6 |
| 50 | 3.3Листа на корисници 6 |
| 51 | 3.4Корисничка околина 7 |
| 52 | 3.5Профили на засегнати 7 |
| 53 | 3.5.1Дистрибутер 7 |
| 54 | 3.5.2Менаџер 7 |
| 55 | 3.5.3Магацински работник 8 |
| 56 | 3.5.4Аналитичар/логистика 8 |
| 57 | 3.5.5Програмер 9 |
| 58 | 3.5.6Администратор 9 |
| 59 | 3.6Профили на корисници 10 |
| 60 | 3.6.1Работник за попис 10 |
| 61 | 3.6.2Работник кој прима пратки 10 |
| 62 | 3.6.3Аналитичар 11 |
| 63 | 3.6.4Систем администратор 11 |
| 64 | 3.7Клулни потреби на Засегнати / Корисници 12 |
| 65 | 3.8Alternatives and Competition 12 |
| 66 | 3.8.1Систем за мониторинг 12 |
| 67 | 3.8.2Систем за попис 12 |
| 68 | 4.Преглед на продуктот 12 |
| 69 | 4.1Перспектива на продуктот 13 |
| 70 | 4.2Сумаризација на можностите 13 |
| 71 | 4.3Претпоставки и зависности 14 |
| 72 | 4.4Цена 14 |
| 73 | 4.5Licensing and Installation 14 |
| 74 | 5.Функционалности на СМР 14 |
| 75 | 5.1Прием на роба 14 |
| 76 | 5.2Складирање на роба 14 |
| 77 | 5.3Контрола на производите 14 |
| 78 | 5.4Контрола на испорака 14 |
| 79 | 5.5Контрола на продажба 14 |
| 80 | 5.6Мониторинг на оператори 15 |
| 81 | 5.7СМС информирање 15 |
| 82 | 6.Ограничувања 15 |
| 83 | 7.Опсег на квалитети 15 |
| 84 | 8.Предност и приоритет 16 |
| 85 | 9.Other Product Requirements 16 |
| 86 | 9.1Applicable Standards 16 |
| 87 | 9.2System Requirements 16 |
| 88 | 9.3Performance Requirements 16 |
| 89 | 9.4Environmental Requirements 16 |
| 90 | 10.Барања за документација 16 |
| 91 | 10.1Упатство за работа 16 |
| 92 | 10.2On-line помош 17 |
| 93 | 10.3Упатство за инсталација, Конфигурација, Read Me File 17 |
| 94 | 10.4Лабелирање и Пакување 17 |
| 95 | 11.Апендикс 1 – Атрибути на функционалности 17 |
| 96 | 11.1Статус 17 |
| 97 | 11.2Бенефиција 17 |
| 98 | 11.3Напор 17 |
| 99 | 11.4Ризик 17 |
| 100 | 11.5Стабилност 18 |
| 101 | 11.6Целна верзија 18 |
| 102 | 11.7Доделено на 18 |
| 103 | 11.8Причина 18 |
| 104 | |
| 105 | |
| 106 | |
| 107 | Визија |
| 108 | 1. Вовед |
| 109 | Процесот на менаџирање на материјали во и надвор од магацинот е сложена и скапа операција. Со цел да се намалат трошоците, од огромна важност е сместувањето на материјалите да биде прецизно. За да постои ефикасен процес на маганциско работење, неопходно е да се поседува информациски систем кој ќе го овозможи тоа. Системот за магацинско работење обезбедува функционалности за извршување на сложени магацински процеси како справување со предметите во магацинската зона, меѓу кои: |
| 110 | o Прифаќање на предемети во магацинот и овозможување пристапност |
| 111 | o Управување со предмети за внатрешна распределба, поместување, продукција |
| 112 | o Пренесување на предмети до клиенти или други локации |
| 113 | o Поделба на магацинот на секции и организација на локациите |
| 114 | o Додавање статус на артиклите |
| 115 | o Мониторинг |
| 116 | o Правење попис |
| 117 | Секој процес може да содржи повеќе подпроцеси и активности. Прифаќањето и складирањето на предмети вклучува и физичко прифаќање на предметите кога доаѓаат во магацинот, и сместување на соодветно место во магацинот. Управување со предмети значи да се пакуваат предмети за продажба, преместување на предметите за оптимизација на просторот, или правење попис на предметите кои се во магацинот. Друга важна функционалност на овај систем е испораката на предмети, процес кој вклучува одбирање предмети од инвентарот, предавање на истите предмети на агент за испорака, па испорака до клиентите. Многу е важно операциите да се ефикасни. За таа цел, предметите мора да се класифицирани, т.е мора да се знае кој предмети се за испорака, кој ќе се користат во производство, а кој предмети се очекуваат да се примат во магацинот за понатаму да се складираат. Статусот на предметите е многу важен за правењето попис што претставува еден од најприоритетните проблеми за кои нуди решение овај информациски систем. Неопходно е да се прави однапред проценка за обемот на работа, па да се изврши правилна распределба на ресурсите. Потребно е да се додаваат статуси на сите артикли кои ќе опишуваат од каков тип е предметот, дали е за испорака, или за производство итн. Опционално, системот може да обезбедува и постојан мониторинг во магацинот, заради безбедноста на инвентарот. |
| 118 | 1.1 Цел |
| 119 | Целта на овај документ е да колектира, анализира и дефинира високо функционални побарувања и особини на системот за магицинско работење. Да ги опише сите функционалности на системот за магацинско работење, да дефинира кој ќе биде засегнат во процесот на работење(кој се засегнатите). Една од целите е и да направи целосен преглед на продуктот, и да ги опише бизнис целите и можностите на продуктот. |
| 120 | |
| 121 | 1.2 Опсег |
| 122 | Опсегот на овај документ е прилично широк и може постојано да се зголемува, па затоа се прави модифицирање преку додавање на нови работи и се објавуваат нови верзии од документот при промените. Се изделуваат сите дефиниции акроними и кратенки, сите засегнати, корисници и нивните профили, сите зависности и ограничувања во посебни подглавја. Овај документ детално ја дефинира работата на информацискиот систем за магацинско работење, и прави анализа на сите побарувања и карактеристики на истиот. Документот е поврзан со слични проекти за системи за магацинско работење(warehouse management systems). |
| 123 | 1.3 Дефиниции, Акроними и Кратенки |
| 124 | o Засегнати – сите луѓе кои се засегнати и учествуваат во процесот на креирање и работење со информацискиот систем за магацинско работење. |
| 125 | o Бизнис цел – цел која треба да се достигне преку користењето на функционалностите на продуктот |
| 126 | o СМР – Систем за Магацинско Работење |
| 127 | o ИС – Информациски Систем |
| 128 | o Побарувања – потреби што треба да ги задоволи продуктот |
| 129 | o Корисници – сите кои ќе го користат продуктот после неговото креирање и имплементација во магацинот |
| 130 | 1.4 Референци |
| 131 | 1. “Ware-House-Managament”. - ADK2. |
| 132 | 2. “Sterling Warehouse Management System” – IBM. |
| 133 | 3. “Warehouse Management system” – ATMS. |
| 134 | 4. “WM Systems” – Barcoding |
| 135 | 5. “WMS scope and compatibility matrix” – ArcGI. |
| 136 | 1. |
| 137 | 1.5 Преглед |
| 138 | Понатаму во овај текст ќе се опишат бизнис целите на продуктот и бенефициите кои можат да се добијат од неговото користење, како и објаснување на позицијата на овај продукт на пазарот. Неопоходно е да се изврши индентификација на сите кои ќе се засегнати во целиот процес, што претставува секој од нив, која ќе биде нивната улога и ќе биде даден детален опис на профилот на секој од нив, и на сите корисници. Ќе биде прикажано која функционалност од системот каква бенефиција ќе му дава на корисникот. Ќе се направи детална проценка на трошоци и добивка, и краток опис на ограничувања или други зависности. |
| 139 | 2. Позиција |
| 140 | 2.1 Бизнис Можност |
| 141 | Зголемувањето на дистрибутивни трошоци, прекумерен инвентар, намалување на продажба поради недостиг на продукт кога е пожелен, сето тоа е дел од проблемите со кои се соочуваат компаниите при контрола на инвентарот и самиот магацин со кој располагаат. |
| 142 | Системот за магацинско работење им овозможува на компаниите да ја контролираат и оптимизираат ефикасноста при работење во магацин. Системот воглавно помага при изведувањето на четирите основни функции во рамките на еден магацин: |
| 143 | • Примање продукти |
| 144 | • Складирање продукти |
| 145 | • Избирање продукти |
| 146 | • Испорачување продукти |
| 147 | Управувањето со инвентар е критично за успехот на еден бизнис како што е магацинското работење. Системот нуди решение кое прецизно го следи инвентарот во рамките на еден магацин. Кога не се знае квантитетот на даден продукт со кој се располага, се доведува до позиција да се намали процентот на заработувачка. Системот го решава овај проблем како и проблемот со трошење на скапоцен простор во кој се чуваат продукти кој никој не ги купува.Системот го пронаоѓа најприкладната локација за складирање на продукти (стока) во магацинот, локација која обезбедува оптимална оперативна ефикасност и оптимално користење на просторот. Недостигот на основни информации за инвентарот со кој се располага може да доведе до претерано снабдување на продукти кои веќе ги има во доволни количини при што би се создал вишок или полошо, порачка која не може да се испорача со што би се намалило задоволството на потрошувачите. Со користење на системот за магацинско работење за исполнување на нарачите на потрошувачите, не само што се зголемува брзината на исполнување на нарачките, но исто така системот драстично го намалува бројот на грешки. Грешките се неизбежен дел од магацинските нарачки, но системот за магацинско работење го намалува нивниот процент дури на половина, дури и подобро од тоа. Помалку грешки значи помалку поплаки од потрошувачите и помалку вратени испораки со што се зголемува задоволството на самите потрошувачи и финанскиска придобивка. |
| 148 | Најголемата корист на еден ваков систем потекнува од високо ефективните и брзи процеси за насочување на предмети побрзо и нивно складирање поефикасно. Кога сé е во својот најдобар ред, резултатот е редуциран инвентар, редуцирање на работните трошоци, зголемување на прецизноста и посреќни потрошувачи. |
| 149 | 2.2 Дефиницирање на проблем |
| 150 | Проблем Комплицирани работни процеси ,заморните а воедно и монотони работни задачи кои се дел од секојдневието во магацинското работење, како и се поголемата потреба од менаџирачки систем со голема флексибилност и брзо време на одзив |
| 151 | Влијае Влијае на сите материјално-технички,малопродажни и трговски компании чии магацини се големи и се справуваат со различни многукратни категории на производи |
| 152 | Последица од проблемот Грешки при примање,складирање,избирање и испорака кои предизвикуваат трошок на работна сила, продуктивни пропусти, сиромашна услуга на потрошувачите и изгубени приходи |
| 153 | Успешно решение би било Систем за магацинско работење т.е софтвер кој е дизајниран да ги автоматизира и контролира процесите на справување со инвентар во еден магацин, од примање до испорака со што се придонесува на намалување на трошоци и подобрена услуга што доведува до поголем приход |
| 154 | 2.3 Дефинирање на позиција на продукт |
| 155 | За Сите компании кои располагаат со големи магацини кои содржат многукратни категории на производи |
| 156 | Кој Имаат потреба од автоматизиран начин за следење и тотална контрола на инвертарот со кој располагаат и следење и контрола на нарачките и испораките |
| 157 | Системот за магацинско работење Претставува софтвер |
| 158 | Кој Ги покрива главните функционалности на магацинското работење и ги интегрира компјутерските системи, опремата за складирање и луѓето во еден кохезивен работен систем со што му овозможува на бизнисот силно ниво на контрола и организација |
| 159 | За разлика Другите софтвери кои се нудат |
| 160 | Нашиот продукт Е софтвер кој компаниите може да го прилагодуваат на побарувањата од своите дистрибуциски центри и корисници. Користи флексибилна софтверскаархитектура која лесно може да се прилагоди на индустријата- и потребите на нивните корисници. Лесно се имплементира што е од голема значајност за ваквите типови софтвери и враќање на инвестицијата е на високо ниво |
| 161 | |
| 162 | 3. Опис на засегнати и корисници |
| 163 | За да може комплетно и безпрекорно да работи овој систем голем дел зависи и од човечкиот фактор, односно луѓето кои работат на овој систем.Постојат две страни: |
| 164 | •Засегнатите, односно вработените кои работат на овој систем.Тие ги имаат следниве задачи и задолженија: примање на продукти во магацинот, складирање на продуктите и испорака.Со имплементација на СМР сите овие постапки се автоматизирани и едноставни при што бројот на грешки при примање на суровини и продукти и испорака се значително намалени.Класичен и најпознат проблем во магацинското работење преставува пописот на артикли.Со воведен СМР овој дел од магацинското работење е значително олеснет бидејќи во системот се чуваат местото на складираниот артикал,залихата,датуми на примање/испорака и многу други извештаи со кои многу се забрзува и поедноставува овој дел од работата. |
| 165 | •Потрошувачите, односно луѓето кои купуваат или прават нарачки од магацинот.Голем дел од причините за кои е измислен/направен СМР се потрошувачите.Со имплементација на овој систем, постои голема организиција во самиот магацин при што потрошувачите кои направиле нарачка истата ја добиваат во договорениот предиод, значи има навремена испорака како и најважниот дел од се,грешките при испорака се минимизирани. |
| 166 | 3.1 Демографија на пазарот |
| 167 | Секако секој магацин при имлементација на СМР би добил некој бенефит од некои негови функционалносни, но на секој магацин не му е потрбен системот за магацинско работање.СМР преставува големо,комплексно,интензивно софтверско решение кое содржи голем број елементи од најновата ИТ технологија што го прави скапо. Воедно имплементација на ваквото решение е доста комплицирана,бидејќи истата бара време,почетна инсталација,проверки,тестирања,ресурси односно се што не би можела секоја компанија да издржи.Значи ваквите системи се водеведуваат во големи компании односно компании кои имаат способен кадар како и голем број на ресурси. |
| 168 | |
| 169 | 3.2 Листа на засегнати |
| 170 | Име Претставува Улога |
| 171 | Дистрибутер Вработен во компанијата кој се грижи за дистрибуцијата/испораката на производи/суровини. Ги испорачува производите/ суровините кои се на залиха во магацинот до клиентите. |
| 172 | Менаџер Вработен во компанијата кој ја раководи работата во магацинот и им распределува задачи на останатите. Улога на менаџерот е да управува со поголемиот дел од работите во магацинот. |
| 173 | Магацински работник Вработен во компанијата кој е во магацинот и ја извршува физичката работа. Улогата на магацинскиот работник е да ги преместува предметите, да товари за испорака, и да прави попис кога е потребно. |
| 174 | Аналитичар/логистика Вработен во компанијата кој постојано ја следи тековната ситуација на прозиводите во магацинот (рок, цена, залиха). Магацинскиот аналитичар постојано ги прегледува предметите, како се сместени и се грижи распределба на ресурси и трошоци. |
| 175 | Програмер Човек (или компанија) која го развива системот кој ќе се користи во магацинот. Да изврши кодирање и имплементирање на барањата за системот за менаџерско работење. |
| 176 | Администратор Човек кој го оддржува системот. Има за цел да го поправа системот кога се јавила некоја грешка, или да додава нови работи по барање на клиентите. |
| 177 | 3.3 Листа на корисници |
| 178 | Име Опис Акционер |
| 179 | Работник за попис Претставува вработен во магацинот, кој ќе го користи системот за да си ја олеснува работата при правење попис. Магацински работник |
| 180 | |
| 181 | Работник кој прима пратки и преуредува производи Вработениот во фирмата секоја пратка мора да ја внеси во системот, и да определува статуси на артиклите.Истото треба да го направи(да ажурира во системот) и доколку напрви некое преуредување на производите/суровините Магацински работник |
| 182 | Аналитичар Врши разни пресметки со помош на системот, пресметува состојба после попис, па според тоа ги распределува ресурсите за останатите работи. Аналитичар/логистика |
| 183 | Систем администратор Се грижи за оддржување на системот и извршување на сите потребни промени во системот. |
| 184 | |
| 185 | |
| 186 | 3.4 Корисничка околина |
| 187 | Во главно, односно 90% од работата на овој систем се одвива во самиот магацин бидејќи како главна цел на овој систем е контролата на влез/излез на роба како и состојбата залихата.Секој од горенаведените корисници на овој систем има посебна задача во однос со својата титула.Магацинските работници користат PDA(Personal digit assistant) при што на секој влез или излез на робата со едноставно скенирање на производите/суровините и внесување на нивната количина веднаш базата на податоци се ажурира.Делот од аналитика/логистика со соодветни генирирани извештаи од СМР ги следат и анализираат трендовите на работење, кои што на крајот извештајот го даваат на менаџерскиот тим. |
| 188 | Значи СМР користи уреди(PDA) кои го прават влезот и излезот на робата, сите тие податоци се ажурираат во база на податоци, од која подоцна можат да се генерираат различни извештаи со кои сигурно може да се подобри како и квалитетот, така и квантитетот на работењето.Со други зборови, животниот циклус на овој систем,започнува во магацинот и заврува во магацинот. |
| 189 | 3.5 Профили на засегнати |
| 190 | |
| 191 | 3.5.1 Дистрибутер |
| 192 | Претставник |
| 193 | Опис Вработен во компанијата кој се грижи за испорака на производи/суровини. |
| 194 | Тип Вработениот мора да има познавање на патиштата и добри возачки способности. |
| 195 | Одговорности Вработениот откако ќе изврши испорака мора да ја ажурира промената во системот. |
| 196 | Критериум за успех Има успех доколку доставата на предметите кои ги испорачува е прецизна и навремена. |
| 197 | Улога Ги испорачува производите/ суровините кои се на залиха во магацинот до клиентите. |
| 198 | Испораки / |
| 199 | Коментари/Проблеми / |
| 200 | 3.5.2 Менаџер |
| 201 | Претставник |
| 202 | Опис Улога на менаџерот е да управува со поголемиот дел од работите во магацинот. |
| 203 | Тип Мора да има експертни менаџерски способности. |
| 204 | Одговорности Одговорноста на менаџерот е да ги надгледува работите и промените во магацинот и да распределува задачи на останатите. |
| 205 | Критериум за успех Менаџерот има успех доколку работите се извршиле прописно, нема загуби после направениот попис. |
| 206 | Улога Надледува работи во системот, проверува дали е коретно внесено, определува каде да се сместат нови предмети. |
| 207 | Испораки / |
| 208 | Коментари/Проблеми / |
| 209 | |
| 210 | |
| 211 | 3.5.3 Магацински работник |
| 212 | Претставник |
| 213 | Опис Вработен во компанијата кој е во магацинот и ја извршува физичката работа. |
| 214 | Тип Не треба да има никакви посебни квалификации. |
| 215 | Одговорности Одговорност при работење на софтверот е да внесува нови артикли пристигнати во магацинот и запишување при попис. |
| 216 | Критериум за успех Доколку нема промашени испораки, погрешен статус на артикли. |
| 217 | Улога Улогата на магацинскиот работник е да ги преместува предметите, да товари за испорака, и да прави попис кога е потребно. |
| 218 | Испораки / |
| 219 | Коментари/Проблеми При загуба, мора да се покрива таа загуба на соодветен начин. |
| 220 | |
| 221 | |
| 222 | 3.5.4 Аналитичар/логистика |
| 223 | Претставник |
| 224 | Опис Вработен во компанијата кој постојано ја следи тековната ситуација на прозиводите во магацинот (рок, цена, залиха). |
| 225 | Тип Мора да има експертско познавање во маркетинг, менаџмент и бизнис раководење. |
| 226 | Одговорности Неговите одговорности се поврзани со трошоците на магацинот. |
| 227 | Критериум за успех Доколку ресурсите се распределени добро и секогаш има резерви. |
| 228 | Улога Магацинскиот аналитичар постојано ги прегледува предметите, како се сместени и се грижи распределба на ресурси и трошоци. |
| 229 | Испораки / |
| 230 | Коментари/Проблеми / |
| 231 | |
| 232 | |
| 233 | |
| 234 | 3.5.5 Програмер |
| 235 | Претставник |
| 236 | Опис Човек (или компанија) која го развива системот кој ќе се користи во магацинот. |
| 237 | Тип Потребно е да има експертско познавање во компјутерско програмирање, и техничка позадина. |
| 238 | Одговорности Системот да ги извршува функционалностите кои биле дефинирани, прописно и прецизно. |
| 239 | Критериум за успех Доколку сите барања на клиентот се опфатени успешно и системот работи како што било дефинирано однапред. |
| 240 | Улога Да изврши кодирање и имплементирање на барањата за системот за менаџерско работење. |
| 241 | Испораки / |
| 242 | Коментари/Проблеми Мора да се извршат активностите до определен рок. |
| 243 | |
| 244 | |
| 245 | 3.5.6 Администратор |
| 246 | Претставник |
| 247 | Опис Човек кој го оддржува системот. |
| 248 | Тип Познавање на компјутерски мрежи, познавање на бази на податоци. |
| 249 | Одговорности Одржување на системот, одржување на робустност на системот, додавање нови работи, поправање на стари. |
| 250 | Критериум за успех Доколку има постојано и навремено одржување на системот. |
| 251 | Улога Има за цел да го поправа системот кога се јавила некоја грешка, или да додава нови работи по барање на клиентите. |
| 252 | Испораки / |
| 253 | Коментари/Проблеми / |
| 254 | |
| 255 | |
| 256 | 3.6 Профили на корисници |
| 257 | 3.6.1 Работник за попис |
| 258 | Претставник Stakeholder: Магацински работник |
| 259 | Опис Претставува вработен во магацинот, кој ќе го користи системот за да му ја олеснува работата при правење попис. |
| 260 | Тип Потребно е да има основни компјутерски познавања и да работи добро со системот за да може да ги внесува артиклите во него. |
| 261 | Одговорности Одговорноста е да не направи никаква грешка при внесувањето за време на попис бидејќи тоа би можело да го поремети целиот тек на пописот. |
| 262 | Критериум за успех Доколку сите работи ги завршил прописно, ефикасно направил попис и не се појавиле никакви загуби. |
| 263 | Улога Со помош на системот прави попис, додава артикли на произвоите и тн. |
| 264 | Испораки / |
| 265 | Коментари/Проблеми / |
| 266 | |
| 267 | |
| 268 | 3.6.2 Работник кој прима пратки |
| 269 | Претставник Stakeholder: Магацински работник |
| 270 | Опис Вработениот во фирмата секоја пратка мора да ја внеси во системот, и да определува статуси на артиклите. |
| 271 | Тип Потребно е да има основни компјутерски познавања и да работи добро со системот за да може да ги внесува артиклите во него. |
| 272 | Одговорности Одговорноста на овај вработен е да обезбеди навремено внесување на пратката и додавање на артиклите на примените предмети. |
| 273 | Критериум за успех Сите пратки да се внесени точно и навремено во системот. |
| 274 | Улога Работникот прима пратка, треба да ја провери и да ја запише во системот, па ако треба да ја ажурира. |
| 275 | Испораки / |
| 276 | Коментари/Проблеми / |
| 277 | |
| 278 | |
| 279 | 3.6.3 Аналитичар |
| 280 | Претставник Stakeholder: Аналитичар/логистика |
| 281 | Опис Врши разни пресметки со помош на системот, пресметува состојба после попис, па според тоа ги распределува ресурсите за останатите работи. |
| 282 | Тип Претставува секојдневен ( casual ) корисник на системот. |
| 283 | Одговорности Мора да има експертско познавање во маркетинг, менаџмент и бизнис раководење. |
| 284 | Критериум за успех Неговите одговорности се поврзани со трошоците на магацинот. |
| 285 | Улога Доколку ресурсите се распределени добро и секогаш има резерви. |
| 286 | Испораки / |
| 287 | Коментари/Проблеми / |
| 288 | |
| 289 | |
| 290 | 3.6.4 Систем администратор |
| 291 | Претставник Stakeholder: Администратор |
| 292 | Опис Се грижи за оддржување на системот и извршување на сите потребни промени во системот. |
| 293 | Тип “guru”корисник на системот. Непоходно е да има познавање на компјутерски мрежи, познавање на бази на податоци. |
| 294 | Одговорности Одржување на системот, одржување на робустност на системот, додавање нови работи, поправање на стари. |
| 295 | Критериум за успех Доколку има постојано и навремено одржување на системот. |
| 296 | Улога Има за цел да го поправа системот кога се јавила некоја грешка, или да додава нови работи по барање на клиентите. |
| 297 | Испораки / |
| 298 | Коментари/Проблеми / |
| 299 | |
| 300 | |
| 301 | 3.7 Клучни потреби на Засегнати / Корисници |
| 302 | |
| 303 | Потреба Приоритет Грижи Моментално решение Предложено решение |
| 304 | Внесување нови артикли Висок Артикли од нов тип Запишување на новиот артикал на специјални листи. Внесување нов артикал преку специјална форма за внесување |
| 305 | Додавање статус на артикли Висок Недифинирани артикли Додавање етикети на сите артикли Автоматско генерирање на артикал од системот. |
| 306 | Сместување на артикли Среден / Сместување на прво место во сектор за типот на предметот. Системот да определува каде да биде сместен артиклот откако ќе биде внесен. |
| 307 | Испорачување на артикли Висок Испораката да е навремена Процес на барање на артиклите испорака и бришење од листите. Системот автоматски да го даде местото на артиклот и со еден клик да се избрише од листата. |
| 308 | Внесување на артикли од попис Висок Внесување на артиклите посебни листи во посебни листи. Системот би имал посебна секција за правење попис каде што би се внесувале артиклите. |
| 309 | Поделување на просторот во сектори Среден Просторот веќе е полн со артикли Нема поделување по сектори Во зависност од типови на артикли би се оформувале сектори. |
| 310 | Поместување на предмети Среден Нема веќе простор во магацинот Класично поместување и враќање назад Во системот би провериле кој сектори се празни, и би добиле резултат колку предмети може да вметнат таму. |
| 311 | Надгледување(мониторинг) Висок Нема камери моментално Системот да биде поврзан со камерите и да прикажува што снимаат тие. |
| 312 | |
| 313 | |
| 314 | 3.8 Alternatives and Competition |
| 315 | 3.8.1 WMS(Warehouse Management System) - Info-biro |
| 316 | Систем за магацинско работење кој функционира на начинот – Прв влегол, прв излегол(FIFO). Овозможува постојана контрола на залихите и роковите на производите складирани во магацините. Примарна цел е зголемување на ефикасноста на работење во магацинот, намалување на грешките при испорака и најважно од се – намалување на трошоците. Други поволности – автоматско одредување на локациите, генерирање и печатење на локациските баркодови, мониторинг на оператори. |
| 317 | 3.8.2 IntelliTrack Warehouse Management System(WMS) |
| 318 | Систем лесен за инсталирање, и лесно достапен кога станува збор за цената. Системот ги овозможува осносвните функционалности и одлики на еден систем за магацинско работење, но освен нив вклучува и варијација на други важни функции кои допринесуваат кон зголемување на ефикасноста на работењето на еден магацин. Овзоможува испраќање пораки помеѓу терминали, компјутерски и мобилни апликации во реално време, и прецизно мерење на предметите и чување податоци за нив за подобро искористување на просторот. |
| 319 | |
| 320 | 3.8.3 Warehouse Management System(WMS) - Epicor |
| 321 | Лесно разбирлив систем за магацинско работење, од кој може да се извлече важната карактеристика за целосна и постојана контрола и прегледност врз целоснста логистика и сите операции внатре во Системот за магацинско работење. |
| 322 | |
| 323 | |
| 324 | |
| 325 | 4. Преглед на продуктот |
| 326 | Овој дел е наменет за преглед од високо ниво за можностите кои ги нуди продуктот, интерфејсите кон други апликации и системските конфигурации. Се состои од три подделови, и тоа: |
| 327 | • Перспектива на продуктот |
| 328 | • Функции на продуктот |
| 329 | • Претпоставки и зависности |
| 330 | 4.1 Перспектива на продуктот |
| 331 | Простор, инвентар, опрема и луѓе. Оптимизирање на распределувачките операции во еден магацин бара ефективно раководење со сите овие важни ресурси. Раководење на магацин без технологија или со застарени апликации- може да доведе до непрецизни информации, високи работни трошоци, бавно исполнување на обврските и неспособноста за брзо прилагодување на промените на барањата на клиентите. Изборот на соодветен систем за магацинско работење помага при сите процеси на примање, распределба, организација, пакување, достава и наблудување на инвентарот со кој се располага. |
| 332 | Системот за магацинско работење нуди напредна функционалност за раководење дури со најкомплексните дистрибуциски околини. Овој систем ги процесира сите магацински процеси и се стреми истите да ги направи поефикасни- од процесот на примање до процесот на испорака. Системот е идеален за широк ранг на индустрии вклучувајќи малопродажба, индустрии кои се занимаваат со суровини кои се консумираат секој ден од просечни купувачи како храна и пијалоци, индустрии кои се занимаваат со технологија, производство и авио/автомобилската индустрија. |
| 333 | Системот не само што ја максимизира ефикасноста и безбедноста, туку нејзината напредна функционалност ги зголемува контролата на инвентар и снабдува детална работничка одговорност која резултира со зголемена продуктивност. Исто така виртуелно ја елиминира потребата од безвредните активности како мануелната работна верификација и ревизија на испораките. |
| 334 | Преку работно насочување во реално време, потврда и верификација системот им овозможува на вработените и нивните менаџери директен повратен одговор за работната прецизност. Значи осигурува дека работниците не бараат инвентар кој недостасува или претоваруваат одредена локација. |
| 335 | Системот не ги содржи само функционалностите кои се потребни за да се решат сегашните предизвици кои бизнисот ги наметнува, туку овластува за конфигурирање на бизнис процесите што е можно побрзо и ефективно сé со цел да ја задоволат идната промена на потребите. |
| 336 | Овој систем е уникатен од класата на решенија за магацинско работење кој е потпора од врвна технологија која нуди робустна функционалност која е потребна за максимизирање на операционата ефикасност – што резултира со редукција на трошоците. Како потпора на исполнувањето на обврските кои работењето со магацин ги наметнува системот овластува: |
| 337 | o Подигање на продуктивноста и ефикасноста |
| 338 | o Зголемување на прецизноста на инвентарот и испратките до скоро перфектни нивоа |
| 339 | o Значително ја подобрува услугата кон потрошувачите |
| 340 | Длабоката функционалност на системот е комплетирана со архитектура која ги подржува секогаш- променливите бизнис побарувања. Ова се постигнува со алатки за прилагодување кој овозможуваат ниво на системска конфигурација кое е недостижно од конкурентските апликации. Дополнително надградувањето на овој систем е едноставно како што е и брзо бидејќи нема потреба од скапи, ризични или временско-консумирачки ре-апликации. |
| 341 | |
| 342 | |
| 343 | 4.2 Сумаризација на можностите |
| 344 | |
| 345 | Customer Support System |
| 346 | Добивка за клиентот Функции кои се подржуваат |
| 347 | Оптимизизација на просторот на магацинот Системот обезбедува насочени ротирања на залихи, интелегентни упатства за избор на стока,автоматско соединување,cross-dock техники за максимизација на користење на вредно магацинско место. |
| 348 | Максимизирање на продуктивноста Системот го минимизира патот до залихите, користи корисничко-дефинирани алгоритми за оптимизација на подигање стока, интелегетно го насочува складирањето кон соодветни складишта. |
| 349 | Надминување на очекувањата на купувачите Се зголемува задоволството на купувачите така што системот нуди редукција на времето на циклуси, подобрување на прецизноста на нарачките и навремени достави, и нуди единствени услуги со кои се диференцира од конкуренцијата. |
| 350 | Зголемување на можностите за приход Флексибилните процеси на системот се прилагодуваат на персонализираните побарувања на услуги како усогласеност во етикирања, следење на гаранциите, раководење со повратните залихи, раководење со внес на промоционални материјали |
| 351 | Редукција на загуби и проблеми со намалување на расположливи простори за складирање Системот го олеснува мониторингот во реално време и присилува FIFO ротација за да ги редуцира загубите (загуба поради поминат рок на траење на одреден производ или гниење на храна). Дополнително детекција на проблеми со намалување на расположливе простори за складирање. |
| 352 | |
| 353 | 4.3 Претпоставки и зависности |
| 354 | Системот за магацинско работење може да се развие на самото место преку Oracle база на податоци или на Microsoft SQL Сервер или да се развие наcloud за да се минимизираат ИТ побарувањата. Овај систем може да работи на Windows 2000, Windows Vista, или Windows 7 и може да се развие на самото место или на cloud со интернет прелистувачки способности. Корисниците може лесно да интегрираат со другите софтверски системи како Microsoft Dynamics, SAP и Oracle. |
| 355 | |
| 356 | 4.4 Цена |
| 357 | Корисниците на овај системот за магацинско работење треба да планираат за минимален буџет од 30 000 $. Тие кои ќе одберат Web-базирано развивање наместо развивање во деловни простории ќе заштедат значително на почетни главни трошоци. Овие корисници ќе имаат одговорност на месечно плаќање за одржување и подршка надвор од деловните простории. |
| 358 | |
| 359 | 4.5 Licensing and Installation |
| 360 | [Licensing and installation issues can also directly impact the development effort. For example, the need to support serializing, password security or network licensing will create additional requirements of the system that must be considered in the development effort. |
| 361 | Installation requirements may also affect coding, or create the need for separate installation software.] |
| 362 | 5. Функционалности на СМР |
| 363 | Главната функционалност на системот за магацинско работење е да обезбеди една сигурна и брза база на податоци која со помош на модулите од системот ќе ја оптимизира и поедностави работата на целокупното работење во магацинот, а воедно и на купувачите ќе им обезбеди услуга на високо ниво. |
| 364 | 5.1 Прием на роба |
| 365 | СМР многу го поедноставува приемот на робата.На самиот влез на робата вработениот преку скенирање на баркодот на производот, има извештај колку од тој производ има нарачано, го брои и доколку количината е точна веднаш таа се внесува во базата на податоци со предходна согласност од човекот што работи на прием. |
| 366 | |
| 367 | 5.2 Складирање на роба |
| 368 | При складирањето на робата, вработениот во системот внесува со скенирање по еден продукт од целокупната роба што ја носи при што смр генерира извештај за тоа на кое место кои производи треба да се постават.Работи на принцип прв влегол,прв излегол. |
| 369 | |
| 370 | 5.3 Контрола на производите |
| 371 | Ова е една од најважните функционалности на смр.Со овој модул процесот на попис во магацинот многу е оптимизиран.Со сите извештаи кои ги содржи како количина,ден на прием,ден на испорака, рок на производ и сите други атрибути во однос на компанијата, контролата над производите ја прави доста поедноставена. |
| 372 | |
| 373 | |
| 374 | 5.4 Контрола на испорака |
| 375 | При секоја нарачка од купувачите на магацинот, системот проверува дали има на залиха толку колку што е побараната количина, доколку нема го известува вработениот во магацинот за состојбата на нарачката.Исто така системот овозможува следливост на нарачката, односно кога истата била нарачана, дали е во договорениот рок испорачана, кој/која ја испорачал и слично. |
| 376 | |
| 377 | |
| 378 | 5.5 Контрола на продажба |
| 379 | СМР нуди различни извештаи со кои менаџерот/директорот може да ја пратат профитабилноста на компанијата т.е магацинот.Со други зборови кажано, станува збор за извештаи кои се гледа разликата на излезни фактури и влезни фактури, калкурирање на трошоци како плати на вработени, потрошена електрична енергија и слично. |
| 380 | |
| 381 | |
| 382 | 5.6 Мониторинг на оператори |
| 383 | Под мониториг се мисли, кои вработени колку имаат сработено,односно вработените во комерција колку имаат нарачки направено,вработените во магацин колку роба имаат примено/складирано,дистрибутерите колку роба имаат испорачано и слично. |
| 384 | |
| 385 | |
| 386 | 5.7 СМС информирање |
| 387 | Кога во смр ќе се прави излез на роба, односно кога нарачката од купувачот ќе излезе од магацинот, смр автоматски праќа смс порака до нарачителот на нарачката т.е менаџерот на компанијата која ја направила нарачката. |
| 388 | |
| 389 | 6. Ограничувања |
| 390 | Што се однесува до дизајнот на апликацијата(системот) за магацинско работење, потребно е да има лесен и разбирлив интерфејс, за да биде овозможено да биде користен од секој вработен, без разлика на неговото познавање во раководењето со компјутери ( иако мора да има барем најосновно познавање ) и без разлика на годишната возраст. Приказот на податоците мора да биде јасно исцртан, а во апликацијата сите копчиња, мениа, лабели и тн мора да се напишани на македонски јазик, со опција да може да се промени јазик во англиски. За креирање на останатиот дел од дизајнот на системот, потребни се различни модификации според потребите на оние кои ќе го користат системот во иднина, т.е потребно е да се направи според определените спецификации и барања од вработените. |
| 391 | Неопходен е посебен дел ( таб, секција ) во апликацијата во кој ќе се води евиденција за трошоците на компанијата, и уште колкав дел од ресурсите останува на располагање за идни потребни. Исто, како што веќе напоменавме, неопходно е и посебен дел во кој ќе се прегледуваат сите резултати од пописот ( сите артикли ќе бидат вметнати таму ). |
| 392 | Едно од најважните надворешни ограничувања е секој од примените артикли да има бар код. Неопходно е да има бар код, бидејќи бар кодот претставува единствен индентификациски број за артиклот што е многу важно при внесувањето во системот откако се остварила пратката и артиклот се сместил на доделеното место. Тоа исто помага и за правењето попис. Исто така, магацинот има ограничен простор во кој би се складирале предмети, за да се знае колку пратки да се примаат ( оваа информација би ја давал системот преку одбирање на посебна опција за истото ). Што се однесува на податоците кои можат да се внесат преку апликацијата во базата на податоци, нивниот број и големина е тесно поврзан со меморијата на тековниот компјутер, т.е зависи од меморијата. |
| 393 | |
| 394 | 7. Опсег на квалитети |
| 395 | o Ефикасност. Непоходно е системот да е ефикасен за да се извршуваат функционалностите ефикасно и со тоа да се заштедат други ресурси. |
| 396 | o Прецизност. Една од најважните карактеристики на овај систем е прецизноста. Доколку овај систем не е прецизен грешките можат да бидат енормни. Доколку некој продукт се внесе во друг сектор наместо на тој кој што сакаме, или му се даде погрешен статус или во најлош случај, при пописот да се направат грешки, ќе настане целосна мешаница. |
| 397 | o Робустност. Што доколку во текот на правење на попис системот падне (се исклучи струјата итн.) а ништо не сме зачувале ? За таа цел, системот мора да е робустен, мора да знае до каде бил со работата пред да се случи грешката, т.е да има автоматско зачувување. |
| 398 | o Одржување. Веќе напоменавме дека систем администраторот мора да се грижи постојано за системот. Системот мора да биде одржуван, и во случај на грешки или проблеми да биде поправен за одреден рок, максимум до 1 ден. Потребно е да се вградуваат соодветните потреби, ако ги има, во системот кога ќе се направат. |
| 399 | o Коректност. Системот не смее да содржи грешки, мора секоја пресметка да е прецизна и сто процентно точна. |
| 400 | o Преносливост. Системот не мора да е пренослив, бидејќи нема потреба од тоа, ќе биде статички вграден во компјутерите и ќе се користи само од на нив. Додека податоците кои се складираат ќе може да се пренесуваат. |
| 401 | o Сигурност. Карактеристика на системот што кажува дали и колку можеме да се поткрепиме на него. Нас ни е потребно системот да има мала стапка на застапеност на грешки во него, или поточно, системот да биде достапен и да може да се работи на него во 99 проценти од времето. |
| 402 | 8. Предност и приоритет |
| 403 | Приоритетот на функционалностите ќе го одредуваме преку доделување на вредност – број од 0 до 5 ( приоритет: 0 – 5 ), каде што 0 значи најмалку важна функционалност на системот, а 5 значи најважна функционалност. |
| 404 | o Прием на роба. Оваа функционалност добива приоритет 5, бидејќи претставува една од најважните функционалности кои ќе ги имплементира СМР, со што го поедноставува приемот на робата.На самиот влез на робата вработениот преку скенирање на баркодот на производот, има извештај колку од тој производ има нарачано, го брои и доколку количината е точна веднаш таа се внесува во базата на податоци со предходна согласност од човекот што работи на прием. |
| 405 | o Складирање на роба. При складирањето на робата, вработениот во системот внесува со скенирање по еден продукт од целокупната роба што ја носи при што смр генерира извештај за тоа на кое место кои производи треба да се постават. Функционалноста добива приоритет 5, бидејќи складирањето е важно и за многу други функционалности (попис). |
| 406 | o Контрола на производите. Ова е една од најважните функционалности на смр.Со овој модул процесот на попис во магацинот многу е оптимизиран.. Функционалност која е многу важна, и неопходна за прописно работење на магацинот, затоа има приоритет 5. |
| 407 | o Контрола на испорака. При секоја нарачка од купувачите на магацинот, системот проверува дали има на залиха толкуколку што е побараната количина, доколку нема го известува вработениот во магацинот за состојбата на нарачката. Функционалност која е многу слична на контролата на производите, но поважна , затоа има приоритет 4. |
| 408 | o Контрола на продажба. СМР нуди различни извештаи со кои менаџерот/директорот може да ја пратат профитабилноста на компанијата т.е магацинот.Со други зборови кажано, станува збор за извештаи кои се гледа разликата на излезни фактури и влезни фактури, калкурирање на трошоци како плати на вработени, потрошена електрична енергија и слично. Функционалноста добива приоритет со вредност 4. |
| 409 | o Мониторинг на оператори. Под мониториг се мисли, кои вработени колку имаат сработено,односно вработените во комерција колку имаат нарачки направено,вработените во магацин колку роба имаат примено/складирано,дистрибутерите колку роба имаат испорачано и слично. Мониторингот не е неопходен за функционирањето на еден магацин, па затоа добива помал приоритет, 2. |
| 410 | o СМС информирање. Кога во смр ќе се прави излез на роба, односно кога нарачката од купувачот ќе излезе од магацинот, смр автоматски праќа смс порака до нарачителот на нарачката т.е менаџерот на компанијата која ја направила нарачката. Исто така функционалност која не е неопходна и чие отсуство не предизвикува никакви проблеми, добива приоритет 3. |
| 411 | 9. Останати побарувања на продуктот |
| 412 | 9.1 Применливи стандарди |
| 413 | Важно е продуктот да се придржува до општо прифатливи стандарди кои овозможуваат полесна и подобра организација околу работењето на системот заедно со неговата околина. Потребно е да се примени стандард за квалитет на системот за менаџерско работење. Најпознати стандарди за квалитет се |
| 414 | |
| 415 | 9.2 Системски побарувања |
| 416 | Системот претставува stand-alone систем и нуди развивање како Клиент-Сервер модел или развивање во деловни простории. Платформата која го подржува системот е Windows платформата. Како бази на податоци се користат Microsoft SQL Server или Oracle database. Кога станува збор за развивање на системот како Клиент-Сервер модел се користи cloud -технологијата која овозможува целосно фокусирање кон бизнис операциите наместо кон back-office системите. Системот овозможува и лесна интеграција со други сервиси и сертификувани интерфејси кон Microsoft, PeopleSoft/Oracle и SAP. |
| 417 | |
| 418 | 9.3 Побарувања за перформанси |
| 419 | Во некои случаи неопходна е ефикасност на перформансите кои се побарани да ги извршува еден систем за магацинско работење. Едно од побарувањата кои не се наброени и не спаѓа во најважните е да не се оштетат предметите при складирање или при изнесување за испорака од магацинот. Системот треба да води евиденција за оние предмети кои се внеле во магацинот и биле оштетени. Друго побарување кое може да биде исполнато од системот, после примањето пратка и внесување на новите предмети, тој да генерира оптимален пат во магацинот по кој би се однеле новите предмети до соодветното место кое го пресметал. Друго побарување кое е неопходно е праќањето на смс пораки при правењето испорака до нарачателот. |
| 420 | |
| 421 | 9.4 Побарувања на околина |
| 422 | Поради целосното интегрирано решение на СМР, најважното побарување во однос на околината е серверската соба,бидејќи во неа се складираат сите податоци кои се внесени како и сите трансакциите кои секојдневно се вршат во магацинот.Серверската соба треба да е заштитена од било какви незгоди како на пример пожар,поплава,радијација и слично.Исто така многу важен фактор е температурата во собата, истата треба да биде константна, за да не дојде до загревање на серверите.Поради важноста да серверите бидат достапни 24 часа во денот собата мора да има достапност на електрична енегрија во текот на целиот ден. |
| 423 | 10. Барања за документација |
| 424 | 10.1 Упатство за работа |
| 425 | Должината на упатството за работа ќе биде до 7 страници во кои ќе биде објаснато како да се користи системот за почетници и детално за користење на сите негови преференци. Ќе биде додаден и речник за објаснување на поважните и понејасните термини, со примери за истите. Наместо туториал, ќе има слики од пример со раководење со системот, како слајд шоу. |
| 426 | |
| 427 | 10.2 On-line помош |
| 428 | 10.3 Упатство за инсталација, Конфигурација, Read Me File |
| 429 | 10.4 Лабелирање и Пакување |
| 430 | |
| 431 | 11. Апендикс 1 – Атрибути на функционалности |
| 432 | 11.1 Статус |
| 433 | [Set after negotiation and review by the project management team. Tracks progress during definition of the project baseline.] |
| 434 | Предложено [Used to describe features that are under discussion but have not yet been reviewed and accepted by the "official channel," such as a working group consisting of representatives from the project team, product management and user or customer community.] |
| 435 | Одобрено [Capabilities that are deemed useful and feasible and have been approved for implementation by the official channel. ] |
| 436 | Инкорпорирано [Features incorporated into the product baseline at a specific point in time.] |
| 437 | |
| 438 | 11.2 Бенефиција |
| 439 | Се дефинира од маркетинг, бизнис аналистот и менаџерот на продуктот. |
| 440 | Критично [Essential features. Failure to implement means the system will not meet customer needs. All critical features must be implemented in the release or the schedule will slip.] |
| 441 | Важно [Features important to the effectiveness and efficiency of the system for most applications. The functionality cannot be easily provided in some other way. Lack of inclusion of an important feature may affect customer or user satisfaction, or even revenue, but release will not be delayed due to lack of any important feature.] |
| 442 | Корисно [Features that are useful in less typical applications, will be used less frequently, or for which reasonably efficient workarounds can be achieved. No significant revenue or customer satisfaction impact can be expected if such an item is not included in a release.] |
| 443 | |
| 444 | |
| 445 | 11.3 Напор |
| 446 | Некои функционалности бараат повеќе посветено внимание и труд за нивно извршување. Тие функционалности се најважните на системот за магацинско работење - СМР, како што се функционалностите |
| 447 | |
| 448 | 11.4 Ризик |
| 449 | Ризикот е присутен скоро во сите случаи кога се развива нов продукт, посебно сложен и обемен продукт, со многу функционалности, како системот за магацинско работење. Најголемиот дел од работата е сконцентриран во функционалностите кои имаат најголем приоритет, па нормално најголемиот ризик би лежел во нивното (не)ефикасно креирање и имплементирање. |
| 450 | |
| 451 | 11.5 Стабилност |
| 452 | [Set by analyst and development team based on the probability the feature will change or the team’s understanding of the feature will change. Used to help establish development priorities and determine those items for which additional elicitation is the appropriate next action.] |
| 453 | |
| 454 | 11.6 Целна верзија |
| 455 | [Records the intended product version in which the feature will first appear. This field can be used to allocate features from a Vision document into a particular baseline release. When combined with the status field, your team can propose, record and discuss various features of the release without committing them to development. Only features whose Status is set to Incorporated and whose Target Release is defined will be implemented. When scope management occurs, the Target Release Version Number can be increased so the item will remain in the Vision document but will be scheduled for a later release.] |
| 456 | |
| 457 | 11.7 Доделено на |
| 458 | [In many projects, features will be assigned to "feature teams" responsible for further elicitation, writing the software requirements and implementation. This simple pull down list will help everyone on the project team better understand responsibilities.] |
| 459 | |
| 460 | 11.8 Причина |
| 461 | [This text field is used to track the source of the requested feature. Requirements exist for specific reasons. This field records an explanation or a reference to an explanation. For example, the reference might be to a page and line number of a product requirement specification, or to a minute marker on a video of an important customer interview.] |
| 462 | |