Version 3 (modified by 10 years ago) ( diff ) | ,
---|
Испорака на нарачка
Целта на оваа фунцкионалност е да му се овозможи на магацинскиот работник преглед кон испораките кои мора да се подготват за тековниот ден за одреден клиент, заедно со податоците за локацијата и количината на производите кои се испорачуваат. Предуслов за оваа функционалност е внесување на нарачка во базата на податоци од страна на администраторот, т.е внесување на сите податоци во врска со барана нарачка како производи и количина , име на клиентот, датум на испорака и краток опис за нарачката. Магацинскиот работник ја извршуваа оваа функционалност преку следните чекори:
- Најавување на апликацијата – Внесување на корисничко име и лозинка
- Се појавува менито со функционалностите кои ги извршува магацинскиот работник. Се избира една функционалност , во случајов Испорака
- Магацинскиот работник има преглед кон сите испораки кои мора да се извршат на тековниот датум од листата на испораки
- Со избор на една испорака се прикажува листа на производи кои се дел од избраната испорака.
- Со изборот на производот се прикажуваат податоци за локацијата на производот во магацинот и колкава е количината на производот која се содржи во нарачката која треба да се испорача.
- Магацинскиот работник за секој производ од листата на производи ја потврдува количината која ја спрема за испорака преку копчето Потврди количина. Откако ќе ја потврди количината за сите производи и ќе ја спреми испораката клика на копчето Заврши испорака со што се комплетира испораката и се ажурираат сите податоци во врска со количината на производите кои се испорачуваат.
Screenshot : /
Attachments (4)
- 1.png (91.7 KB ) - added by 10 years ago.
- 2.png (67.0 KB ) - added by 10 years ago.
- 3.png (76.1 KB ) - added by 10 years ago.
- 4.png (76.6 KB ) - added by 10 years ago.
Download all attachments as: .zip