= ПОПИС НА ПРОИЗВОДИ = Правењето на попис претставува една од најфундаменталните функционалности на системот за магацинско работење. Со користење на системот, магацинските вработени при правењето попис зачувуваат доста време и ресурси, на тој начин што имаат јасен преглед кој би требало да е исходот од пописот. Магацинскиот работник оваа функционалност ја извршува преку следните неколку чекори: 1. Како за секоја функционалност, за почеток магацинскиот работник треба да се најави на апликацијата преку внесување на корисничко име и лозинка[[BR]] [[BR]] 2. На екран излегува главното мени кое содржи линкови до сите функционалности, од кои што магацинскиот работник избира Попис: [[BR]] [[Image(1.png)]] [[BR]][[BR]] 3. Од формата која се отвора, најпрво магацинскиот работник избира магацин во кој ќе прави попис - од листата на магацинит: [[BR]] [[Image(2.png)]] [[BR]][[BR]] 4. Следно, внесува локација(број на редица во магацинот и број на колона) на која ќе прави попис и клика на копчето за да се прикаже кој производ е складиран на таа локација и која е количината на производот во базата на податоци: [[BR]] [[Image(3.png)]] [[BR]][[BR]] 5. Се прикажуваат податоците: [[BR]] [[Image(4.png)]] [[BR]][[BR]] 6. Последен чекор на постапката за правење попис на еден производ е да се внесе количината на тој производ која се избројала во магацинот: [[BR]] [[Image(5.png)]] [[BR]][[BR]]