Version 7 (modified by 11 days ago) ( diff ) | ,
---|
Wine Tracker
Членови на тимот:
- Никола Мишевски 153093
- Стефан Трајков 153109
Краток опис:
Веб апликација кој ќе му овозможи на едно претпријатие да чува податоци за своите минати, тековни и идни пратки на вина. Во системот ќе се чуваат податоци за пратка, дистрибутер, возило, клиенти за достава, типови на вина, трошоци за пратка, цени на пратка и основни цени на вина, капацитет на возило, магацини и други податоци. Овој систем ке овозможи на вработените и надлежните да имаат увид во испорачаните и идните пратки и за трошокот и профитот од секоја пратка поединечно што ке води кон зголемена евиденција за нивните приходи. Од тука можат да се добијат и извештаи на месечно или годишно ниво за колку пратки и кои вина биле актуелни што ке води кон подобро планирање на иднината. Ке овозможиме и кофигурација на пратка која според капацитетот на избраното возило ке ни дозволи да направиме достава на 2 или повеќе клиенти за да добиеме оптимизација со помалку трошоци.
Детален опис:
За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби:
Овој проект е наменет за претпријатие кое се занимава со дистрибуција на вино до своите клиенти, кои може да бидат големи фирми, продавници, приватни установи како и за потребата на некои клиенти за нивните домови. Целта е да може на јасен и едноставен начин да имаат увид во водењето на своето претпријатие, со што бројот на часови поминати за организација ќе биде значително намален.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?:
Можност да се следи состојбата на месечните претплати на клиентите, како и трошоците направени од страна на самите вработени со цел одржување на самото претпријатие. Исто така ке има можност за "закажување" и планирање нарачки во иднина и секако следење на самиот дистрибутивен систем за да добиеме корисни податоци (од кој магацин има најмногу порачки, кој вработен има најмногу достави, кој тип и кое вино највеќе се порачуваат, кое вино има најголем профит од продажба и друго)
Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?:
Апликацијата ќе биде наменета за самото претпријатие односно корисниците на оваа апликација ќе бидат вработените.
- Менаџер - Лице задолжено за ажурирање на системот, промена на цени и внес на артикли.
- Дистрибутер - Лице одговорно за достава на нарачките до купувачот. Неговата главна задача е сигурна, точна и навремена достава и соодветно уредување на трошоците за достава и други непредвидени пречки.
Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?:
Во самото претпријатие нема ваква апликација, што се однесува до тоа дали има готови решенија, би можеле да претпоставиме дека веќе постојат слични апликации. Нашата апликација би се разликувала од нив по тоа што ќе е стриктно наменета за функционирање на едно претпријатие кое се занимава со дистрибуција и сите проширувања и подобрувања би билe за нив. Но доколку има успех самата апликација, истата би можела да се "адаптира" и за други намени и други претпријатија во понатамошните развои.
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?:
Се работи за веб апликација.