| 1 | = Детален опис на проектот |
| 2 | |
| 3 | **1. За кого е наменета базата на податоци и проектот?** |
| 4 | AgencyOS е наменет за мали агенции што нудат услуги за градење софтвер кои имаат потреба од практично и ефикасно решение за управување со човечки ресурси, клиенти и финансиски активности. Овој тип агенции често се соочуваат со проблеми за менаџирање на бизнисот затоа што користат комбинација на различни алатки како Google Drive, Figma, Google Sheets итн. |
| 5 | |
| 6 | **2. Какви проблеми ќе решавате со вашата изработка?** |
| 7 | Централизација на податоците за вработени, клиенти и финансии. |
| 8 | Автоматизација на рутински процеси како испраќање е-пошта за добредојде и фактури. |
| 9 | Зголемување на ефикасноста преку метрики и прегледна табла (dashboard). |
| 10 | Едноставност во менаџментот на кандидати и новите вработени. |
| 11 | |
| 12 | **3. Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот?** |
| 13 | Администратор: Целосен пристап до сите модули и податоци. |
| 14 | Финансиски менаџер: Пристап до модулите за клиенти и фактури. |
| 15 | HR (Човечки ресурси): Пристап до кандидатите и вработените. |
| 16 | |
| 17 | **4. Дали постојат слични решенија и што е различно во вашиот предлог?** |
| 18 | AgencyOS е различен бидејќи е дизајниран специјално за мали агенции со нагласок на лесно користење, автоматизација и модуларен пристап. Тој ги интегрира основините потреби на финансии, HR и клиенти во еден систем, без непотребни функции кои би го усложниле користењето. Постојат други системи како EOS, Hubspot, Zoho, но сите се сложени, скапи и наменети за големи претпријатија. |
| 19 | |
| 20 | **5. Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?** |
| 21 | AgencyOS ќе биде веб апликација со можност за проширување на мобилна верзија во иднина. |
| 22 | |
| 23 | = MVP Функционалности |
| 24 | **Улоги на корисници:**\\ |
| 25 | - **Администратор:** Пристап до сите функции и податоци. |
| 26 | - **Финансиски менаџер:** Пристап до клиенти и фактури. |
| 27 | - **HR:** Пристап до кандидати и вработени. |
| 28 | |
| 29 | ---- |
| 30 | |
| 31 | **Company Settings (Поставки на компанијата):** |
| 32 | Внесување на основни податоци за компанијата: |
| 33 | Бизнис име, адреса, VAT, е-пошта. |
| 34 | |
| 35 | Управување со шаблони(templates) за е-пошта: |
| 36 | - Нова фактура; |
| 37 | - Задоцнета фактура; |
| 38 | - Добредојде за вработени; |
| 39 | - Покана за интервју; |
| 40 | - Одбивање кандидати; |
| 41 | - Добредојде за клиенти; |
| 42 | |
| 43 | ---- |
| 44 | |
| 45 | **HR (Човечки ресурси):** |
| 46 | |
| 47 | **CRUD кандидати:** |
| 48 | Податоци: име, е-пошта, статус, CV, фаза на интервју, белешки, датум на креирање. |
| 49 | |
| 50 | **CRUD вработени:** |
| 51 | - Податоци: ID фотографија, име, е-пошта, статус, IBAN, CV, белешки, проект/клиент, датум на креирање. |
| 52 | - Испраќање на добредојде е-пошта: |
| 53 | - Автоматизација на е-пошта до нововработени. |
| 54 | |
| 55 | ---- |
| 56 | |
| 57 | **Финансии:** |
| 58 | CRUD продажни фактури: |
| 59 | Податоци: фактура од, фактура до, датум, ставки (опис, количина, валута, единична цена, вкупно), данок, статус. |
| 60 | |
| 61 | **Дашборд метрики:** |
| 62 | Вкупен износ на фактури, платени фактури, неплатени фактури, задоцнети фактури, нацрти фактури. |
| 63 | |
| 64 | **Функции:** |
| 65 | - Испраќање на фактури преку е-пошта. |
| 66 | - Дуплицирање на фактури. |
| 67 | - Преземање на фактури (PDF). |
| 68 | |
| 69 | ---- |
| 70 | |
| 71 | Клиенти: |
| 72 | CRUD клиенти: |
| 73 | Податоци: име, претставник, е-пошта, телефон, адреса, VAT, лого. |
| 74 | Испраќање на добредојде е-пошта. |