== Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи **Актери** - **Ненајавен корисник**: Корисник кој што сѐ уште не е најавен во системот. Може да пристапи само до јавни информации (основни информации за компании и услуги). - **Најавен корисник**: Вработен кој се има најавено во системот, но има ограничени привилегии. - **Администратор**: Корисник со највисоки привилегии. Може да регистрира нови корисници, додава или модифицира компании, клиенти, или фактури. === Случаи на употреба 1. **Најава на корисник**: Корисникот внесува корисничко име и лозинка за пристап до системот. 2. **Регистрација на нов вработен**: Администратор регистрира нов вработен и му доделува улога (на пример: HR, финансии, програмер). 3. **Приказ на сите вработени во една компанија**: Администратор или HR може да види листа на сите вработени во одредена компанија. 4. **Приказ на сите клиенти**: Корисникот може да ги види сите клиенти регистрирани во системот. 5. **Детален приказ на клиент**: Приказ на сите информации за одреден клиент (на пример: адреса, контакт лице, фактури). 6. **Креирање и уредување на фактура**: Администратор или финансиски менаџер додава нова фактура или модифицира постоечка. 7. **Филтрирање на клиенти по град**: Корисникот може да ги филтрира клиентите според локација. 8. **Приказ на сите фактури за одреден клиент**: Корисникот ги прегледува сите фактури поврзани со избран клиент. 9. **Приказ на детали за одредена фактура**: Детален приказ на содржината на фактурата (линиски ставки, износ, статус). === Најважни случаи на употреба 1. **Регистрација на нов вработен од страна на администратор** 2. **Приказ на сите клиенти и деталите за одреден клиент** 3. **Креирање и уредување на фактури**