wiki:Design

Version 1 (modified by 163080, 5 weeks ago) ( diff )

--

Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи Актери Ненајавен корисник: Корисник кој што сѐ уште не е најавен во системот. Може да пристапи само до јавни информации (основни информации за компании и услуги). Најавен корисник: Вработен кој се има најавено во системот, но има ограничени привилегии. Администратор: Корисник со највисоки привилегии. Може да регистрира нови корисници, додава или модифицира компании, клиенти, или фактури. Случаи на употреба Најава на корисник: Корисникот внесува корисничко име и лозинка за пристап до системот. Регистрација на нов вработен: Администратор регистрира нов вработен и му доделува улога (на пример: HR, финансии, програмер). Приказ на сите вработени во една компанија: Администратор или HR може да види листа на сите вработени во одредена компанија. Приказ на сите клиенти: Корисникот може да ги види сите клиенти регистрирани во системот. Детален приказ на клиент: Приказ на сите информации за одреден клиент (на пример: адреса, контакт лице, фактури). Креирање и уредување на фактура: Администратор или финансиски менаџер додава нова фактура или модифицира постоечка. Филтрирање на клиенти по град: Корисникот може да ги филтрира клиентите според локација. Приказ на сите фактури за одреден клиент: Корисникот ги прегледува сите фактури поврзани со избран клиент. Приказ на детали за одредена фактура: Детален приказ на содржината на фактурата (линиски ставки, износ, статус). Најважни случаи на употреба Регистрација на нов вработен од страна на администратор Приказ на сите клиенти и деталите за одреден клиент Креирање и уредување на фактури

Note: See TracWiki for help on using the wiki.