wiki:Design

Version 3 (modified by 163080, 5 weeks ago) ( diff )

--

Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи

Актери

  • Ненајавен корисник: Корисник кој што сѐ уште не е најавен во системот. Може да пристапи само до јавни информации (основни информации за компании и услуги).
  • Најавен корисник: Вработен кој се има најавено во системот, но има ограничени привилегии.
  • Администратор: Корисник со највисоки привилегии. Може да регистрира нови корисници, додава или модифицира компании, клиенти, или фактури.

Случаи на употреба

  1. Најава на корисник: Корисникот внесува корисничко име и лозинка за пристап до системот.
  2. Регистрација на нов вработен: Администратор регистрира нов вработен и му доделува улога (на пример: HR, финансии, програмер).
  3. Приказ на сите вработени во една компанија: Администратор или HR може да види листа на сите вработени во одредена компанија.
  4. Приказ на сите клиенти: Корисникот може да ги види сите клиенти регистрирани во системот.
  5. Детален приказ на клиент: Приказ на сите информации за одреден клиент (на пример: адреса, контакт лице, фактури).
  6. Креирање и уредување на фактура: Администратор или финансиски менаџер додава нова фактура или модифицира постоечка.
  7. Филтрирање на клиенти по град: Корисникот може да ги филтрира клиентите според локација.
  8. Приказ на сите фактури за одреден клиент: Корисникот ги прегледува сите фактури поврзани со избран клиент.
  9. Приказ на детали за одредена фактура: Детален приказ на содржината на фактурата (линиски ставки, износ, статус).

Најважни случаи на употреба

  1. Регистрација на нов вработен од страна на администратор
  2. Приказ на сите клиенти и деталите за одреден клиент
  3. Креирање и уредување на фактури
Note: See TracWiki for help on using the wiki.