= Дефинирање на проектот == Членови на тимот ||= Име и Презиме ||= Индекс ||= Улога || || Мила Блажевска || 231100 || Координатор || || Ана Бибовска || 231142 || Член на тимот || || Филип Ѓоргиевски ||231146 || Член на тимот || == Краток опис на проектот Овој проект е систем за управување со аеродроми. Во базата на податоци се чуваат клучни информации кои овозможуваат ефикасно управување со аеродромските операции, подобра организација и побрза обработка на информации во реално време. Целта на овој проект е да обезбеди интегриран и сигурен систем кој ќе ги поврзе сите аспекти на аеродромското работење, овозможувајќи подобра координација помеѓу различните служби и минимизирање грешките во процесите. == Детален опис на проектот '''За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?''' - Главен сопственик и одговорен за одржување на системот би била аеродромска компанија или јавна институција која управува со аеродромот. Таа организација би го обезбедувала системот како централизирана услуга за сите вклучени страни. '''Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?''' - Нашата изработка решава повеќе проблеми кои се јавуваат во работењето на еден аеродром. Се намалува хаосот и неусогласеноста на информации, бидејќи сите податоци се чуваат на едно централизирано место. На тој начин се избегнува дуплирање на податоци и грешки при рачно внесување. Се подобрува координацијата помеѓу различните сектори како што се безбедност, гејтови и техничка служба. Сите тие имаат пристап до ажурирани информации во реално време, што овозможува побрзо донесување одлуки. Системот овозможува подобро следење на патници, багаж и летови, што ја зголемува безбедноста и ја намалува можноста за изгубен багаж или погрешни информации за лет. Се решава проблемот со доцнења и лошо планирање, бидејќи системот овозможува преглед на статуси на летови, писти и гејтови во реално време. '''Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?''' - Системот за управување со аеродром ќе има повеќе типови корисници, со различни нивоа на пристап и одговорности, зависно од нивната улога. **Aдминистративните корисници**, како што се систем администратори и менаџери на аеродромот. Тие имаат целосен пристап до базата на податоци, ја следат работата на целиот систем и донесуваат одлуки поврзани со ресурси, персонал и операции. **Оперативни вработени**, како службеници на гејтови, безбедносни службеници. Тие имаат ограничен пристап и работат со конкретни делови од системот, на пример управување со летови, патници, безбедносни проверки или багаж. **Техничкиот персонал**, како механичари и инженери, пристапува до податоци поврзани со одржување на авиони, хангари и технички статуси. **Авиокомпанија** би имала ограничен пристап до базата на податоци. Таа би можела да управува со своите летови (Flights), да ги следи статусите на авионите, да ги гледа информациите за патници на своите летови и да ги ажурира податоците за резервации и билети преку поврзаните табели како Ticket и BoardingPass. **Клиенти**, односно патници, кои имаат минимален пристап преку веб апликација за проверка на летови, багаж и добивање информации за патување. Оваа поделба овозможува безбедност, контрола на податоците и ефикасно функционирање на целиот аеродромски систем. '''Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?''' - Постојат веќе готови системи за управување со аеродроми во светот, кои се многу сложени и најчесто се развиени од големи компании и се користат во големи меѓународни аеродроми. Нашиот систем е дизајниран да биде полесно прилагодлив за различни големини на аеродроми, од помали регионални до поголеми. За разлика од комплексните комерцијални решенија, нашиот пристап нуди поголема флексибилност и полесна имплементација. Главната идеја е да се чуваат и управуваат податоци за повеќе аеродроми во рамки на една централизирана база, што овозможува обединување на информациите на ниво на држава или регион. Дополнително, преку користење на контролa на пристап (role-based access control), се обезбедува секој администратор да има пристап само до релевантните податоци за својот аеродром. На овој начин се постигнува баланс помеѓу централизирано управување и безбедност на податоците. Овој пристап овозможува подобра координација, размена на информации и поефикасно планирање на авио-сообраќајот. '''Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?''' - Овој систем е замислен како веб апликација до која корисниците пристапуваат преку интернет прелистувач.