| | 5 | |
| | 6 | == Дополнителен Опис |
| | 7 | |
| | 8 | - Табелата `Flights` претставува централен ентитет во системот и го опишува секој лет. Секој лет е поврзан со `Airline`, со што се дефинира авиокомпанијата која го извршува летот. Дополнително, летот е поврзан со `Airport`, со што се дефинира почетната или крајната дестинација. |
| | 9 | - За да се моделира реалниот тек на еден лет, се користат посебни ентитети `Departures` и `Arrivals`. Овие ентитети се одделени бидејќи имаат различни временски, оперативни и инфраструктурни карактеристики. Тие се поврзани со `Gate`, `Runway` и `Taxiway`, со што се овозможува прецизно следење на движењето на авионот низ аеродромот. |
| | 10 | - Табелата `Airports` е дополнително разложена на инфраструктурни компоненти: `Terminals`, `Gates`, `Runways` и `Taxiways`. Секој `Gate` припаѓа на еден `Terminal`, додека `Runway` и `Taxiway` се директно поврзани со конкретен аеродром, бидејќи не можат да постојат независно. |
| | 11 | - Табелата `Aircraft` е поврзана со `AircraftType`, кој ги содржи заедничките карактеристики како производител, категорија и технички спецификации. На овој начин се постигнува нормализација, бидејќи повеќе авиони можат да користат ист тип на авион. |
| | 12 | - Табелата Passengers ги чува податоците за патниците, кои се поврзани со `Tickets`. Еден патник може да има повеќе билети, додека секој билет е поврзан со конкретен лет, со што се овозможува индиректна релација помеѓу патникот и летот. |
| | 13 | - Табелата Baggage се користи за следење на багажот и е поврзана со `Flights` и процесите на `CheckIn`. Секое парче багаж се следи во контекст на одреден лет, што е важно за логистика и безбедност. |
| | 14 | - Табелата `Security_Checks` ја моделира безбедносната контрола на патниците. Секоја проверка е поврзана со конкретен `Passenger` и со `Employee` кој ја извршил, со што се обезбедува следливост и одговорност. |
| | 15 | - Табелата `Employees` е централен ентитет за сите вработени во системот. Наместо дуплирање на податоци, таа се користи низ повеќе процеси како безбедност, операции и одржување. |
| | 16 | - Табелата `Maintenance` моделира одржување на авионите и претставува многу-на-многу врска помеѓу `Aircraft` и `Employees`. Ова овозможува следење кој авион бил сервисиран, кога и од кои техничари. |
| | 17 | Целиот систем е дизајниран со високо ниво на нормализација, каде што податоците се разделени во логички ентитети и се поврзани преку foreign keys. Ова обезбедува интегритет на податоците и избегнување на редунданција, додека структурата ја следи реалната организација на аеродмромите и авио-сообраќајниот систем. |