= beautyCenter == Членови на тимот: ||= Име и презиме: =||= Индекс: =|| ||Марија Силјановска || 193021|| ||Тамара Симиќ || 193014|| == Краток опис на проектот: Веб платформа за закажување термин во салон за убавина која ќе биде достапна во целата држава. Клиентите ќе може да се регистрираат на сајтот и за нив ќе се чуваат податоци за **име,презиме,телефонски број, е-адреса и број на резервации**. Ќе може да се одбере вработен од повеќето професионалци кои имаат слободен термин во денот кој ќе се одбере, но исто така ќе може да се одбере само термин без разлика кај кого ќе се одвива услугата. За вработените ќе се чува **име, презиме,работно искуство(во години), телефонски број и е-адреса**. За закажаниот термин ќе се чува **број на резервација, цена, клиент,вработен и термин**. == Детален опис на проектот: Се работи за апликација која ќе овозможува закажување термин за клиенти кои сакаат да ги користат услугите на салонот **''beautyCenter''**. Салонот **''beautyCenter''** ќе ја обезбедува оваа апликација како сервис со цел да се поедностави работата на сите вработени. Примарната цел на апликацијата е да не се одзема непотребно време за резервирање преку телефон или пораки, туку сите вработени да имаат пристап до базата во која ќе се достапни термините кои се закажани. Апликацијата е наменета исклучиво за клиенти кои сакаат да видат каков тип на услуги се нудат, да ги разгледаат цените и со тоа да резервираат термин. Салонот **''beautyCenter''** ќе им овозможи на своите клиенти веб апликација која ќе биде достапна низ целата држава и секој заинтересиран е поканет да резервира термин и лично да го искуси професионализмот на вработените!