== Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи ---- == Актери - **Вработени**: Корисник кој добива готови креденцијали за најава во системот. По најавата, има преглед на сите резервирани термини, сите клиенти кои резервирале како и информациите кои се чуваат за клиентот при потреба за нивно контактирање. - **Клиенти**: Клиентот треба да се регистрира, а потоа може да се најавува и да резервира термини и да има преглед на услугите и цените кои се нудат. - **Нерегистриран клиент**: Има преглед на страницата и услугите но не може да направи резервација. == Сценарија - **Случај 1:** Најава на вработен – вработениот со веќе добиените податоци за најава се најавува на апликацијата - **Случај 2:** Регистрација на клиент – нов клиент се регистрира на апликацијата - **Случај 3:** Најава на клиент – регистрираниот клиент се најавува на апликацијата - **Случај 4:** Објавување на слободни термини на вработениот – Вработениот ги внесува соодветно своите слободни термини за услугата која ја нуди - **Случај 5:** Закажување термин – клиентот прави резервација на термин за услуга - **Случај 6:** Уплата за резервација – клиентот врши уплата за својата резервација(опционално) - **Случај 7:** Приказ на резервираните термини на клиентот – клиентот има пристап до информациите за направените резервации - **Случај 8:** Приказ на термини на вработениот – вработениот има пристап до листа од сите резервирани и слободни термини - **Случај 9:** Внесување оценка – Клиентот ја оценува услугата која ја добил - **Случај 10:** Преземање резервација – вработениот презема резервација доколку задолжениот вработен не е во можност == Најважни случаи на употреба - Регистрација на клиент - Закажување термин - Приказ на термини на вработениот - Внесување оценка