wiki: VnesuvanjeActivnostUcesnik

Version 8 (modified by 13078, 12 years ago) ( diff )

--

Use Case: Внесување на активност и приклучување кон активност
Цел: Внесување на активности (трудови, проекти, семинари и сл.) кои не се претходно внесени и приклучување кон активности кои веќе ги има во системот.
Категорија: Примарна
Предуслов: Да се има одржано некаква активност (креирано некој труд, проект, семинар и сл.)
Пост услов при успех: Успешно внесена активност на системот.
Пост услов при неуспех: Неуспешно внесена активност и обид за повторено внесување.
Актер: Главен уредник и регистрирани корисници.
Triggering Event: Корисникот да сака да внесе некаква активност или да се приклучи кон веќе постоечка.
Опис:

  1. Корисник креира нова активност. Ако сите параметри и подсекции се тие дефолтните, корисникот се додава себеси како учесник и ја става улогата што ја имал во активноста (улогата ја има по дефолт), по што чека на одобрување од главниот уредник. Ако се потребни други подсекции, се додаваат. Ако е потребна нова улога се додава.
  1. Ако претпоставиме дека ја има активноста во системот, може при самото впишување на името, да се нуди листа со активности кои ги содржат клучните зборови (од кои некоја е таа што се бара) и корисникот се приклучува во листата на учесници во таа активност, по што чека на одобрување од главниот уредник. И тука исто така корисникот може да додаде подсекција, но таа мора да биде одобрена. Ако при приклучување кон активноста улогата што ја имал ја нема во дефолтните, може да ја додаде.
  1. Ако при внес на нова активност, истата ја има во системот, а корисникот поради некоја причина не избере да се приклучи кон неа и продолжи да ја креира како нова, пред последната потврда за внес се проверуваат внесените параметри. Ако се поклопуваат повеќето, ќе врати порака дека има слична активност, па корисникот ќе може да избере дали да се приклучи. Ако се поклопуваат сите параметри главниот уредник може да го одбие креирањето на новата активност, за да се избегне повторување. (пр. активност нека биде напишана книга, со истите автори, истиот наслов, ист издавач, ама различно издание и година на издавање, што е всушност нова активност.)

Екстензии:
Подсекција е некој атрибут, бидејќи не се сите атрибути исти за сите активности (пример некоја активност како филм може треба да има жанр, а кај друга тој атрибут не е потребен), корисникот може да избере од веќе дефинираните подсекции (кои се нудат при самото впишување) или ако ја нема подсекцијата, да ја дефинира самиот, но подсекцијата мора да се одобри од главниот уредник, дали е соодветна за таа активност.
Улогите (што ги имал корисникот во активноста пр. автор, режисер и т.н.) исто така може да се додаваат по потреба, корисникот може да избере од веќе дефинираните улоги (кои се нудат при самото впишување) или ако ја нема улогата да ја дефинира самиот, по што чека на одобрување од главниот уредник. Еден корисник може да има повеќе улоги во одредена активнст.
Ако корисник сака да додаде други учесници кои учествувале на активноста заедно со него, ако корисникот кој треба да се додаде го има во системот при самото впишување се нуди како избор и другиот учесник се додава, по што се чека тој учесник да потврди дека сака да се додаде на одредената активност, па главниот уредник врши крајно одобрување. Ако го нема во системот се третира само како атрибут име и презиме.

Attachments (7)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.