Version 5 (modified by 7 days ago) ( diff ) | ,
---|
Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи
Актери
- Корисник (читател) – регистриран и логиран на системот, е примарниот актер, кој додава книги што физички ги поседува во Library, додава книги кои сака да ги прочита во Wishlist, пребарува книги (преку други корисници или низ цела апликација со одбирање на локација), позајмува книги преку креирање на барања до други корисници, одговара на барања од други корисници (за книга, пријателство), дава рејтингзи за корисниците со кои разменува книги, и прима известувања.
- Модератор – интервенира во случај на неправилности и кршење на правилата на платформата. Ги прегледува пријавите од корисниците, и решава проблеми поврзани со корисниците, размените на книги итн.
- Администратор – техничар, задолжен за одржување и ажурирање на базата на податоци и раководење со платформата.
- Гостин (нерегистриран корисник) – има лимитиран пристап до апликацијата (само некои јавни информации во врска со книгите достапни на платформата), и има можност да се регистрира за да стане корисник.
Сценарија
- Регистрација на корисник
- Најава на корисник
- Додавање на книги во Library
- Додавање на книги во Wishlist
- Приказ на Library
- Приказ на Wishlist
- Испраќање на барање за книга
- Испраќање на барање за пријателство
- Испраќање на порака
- Приказ на листа на пријатели
- Рејтинг на корисник
- Пријавување на корисник
- Уредување на профил
- Бришење на профил
Најважни случаи на употреба
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.