wiki:Дефинирање на проектот

Version 1 (modified by 201205, 3 weeks ago) ( diff )

--

BookSwap

Членови на тимот

  • Тамара Тодоровска 201205

Краток опис на проектот

BookSwap е апликација за локална размена на книги. Оваа мрежа на љубители на книгите приоритизира географска близина за размена на книги, и затоа е важна локацијата на корисниците, како градот и населбата. Логираните корисници можат да додаваат книги во својата е-Библиотека која одговара на физичките книги што ги имаат дома, и да додаваат книги во листата „Wishlist“ за кои имаат интерес да ги позајмат од другите корисници. Со „Book Request” еден корисник може да побара книга од било кој друг корисник. Апликацијата дозволува размена на пораки помеѓу корисниците со цел поедноставување на размената, како и додавање на пријатели со цел зачувување на корисниците за понатамошни размени. Корисниците имаат можност да додаваат рејтингзи за корисниците со кои правеле размена на книги, и да додаваат коментари на нивните профили. Сите корисници добиваат известувања за различните активности на апликацијата, како покана за пријателство, добиена порака, покана за размена на книга, добиен рејтинг, и системски ажурирања и информации од апликацијата. Доколку некој од корисниците не се однесува според правилата на апликацијата, корисниците можат да го пријават.

Детален опис на проектот

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Апликацијата е наменета за сите љубители на книгата кои сакаат на економичен и еколошки начин да продолжат да читаат, да разменуваат книги на локално ниво, и да пронаоѓаат пријатели кои ги сакаат истите книги како нив. Идеално, платформата би била управувана од фирма или организација, која би била одговорна за хостирање и одржување на базата на податоци и на апликацијата, и спроведување на политики за приватност и заштита на кориснциите, како и техничка поддршка.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Со оваа апликација ќе се задоволи потребата на граѓаните за конекција и дружба преку формирање на заедница, каде граѓаните нема да мораат да плаќаат за да можат да читаат книги, а со тоа верувам дека ќе се зголеми интересот за читање независно од возраста.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
  1. Обични корисници – читатели.
  2. Модератори – вработени во фирмата или организацијата кои би интервенирале во случај на неправилости и кршење на правилата на апликацијата.
  3. Администратори – техничари, вработени во фирмата, задолжени за одржување и ажурирање на базата на податоци и раководење со апликацијата.
  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

Оваа апликација би им овозможила на граѓаните бесплатно и легално да читаат нови книги, и да се спријателуваат со нивните сопственици во процесот. За разлика од државните библиотеки каде што не можат секогаш да се најдат книгите што читателите сакаат да ги прочитаат, оваа апликација им овозможува пристап на корисниците до нови книги, книги кои се актуелни и барани во моментот, како и книги на странски јазици, и број други кои што не можат да се најдат во обична библиотека, а можат да чинат повеќе од што многу луѓе можат и да си ги дозволат.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Станува збор за мобилна апликација, со можност и за веб апликација.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.