wiki:Arhitektura

Version 3 (modified by 13570, 10 years ago) ( diff )

--

Првичната архитектура на системот ќе биде клиент-сервер архитектура. Сите играчи, во случајов клиенти се приклучени на една сентрална машина наречена сервер. Серверот е одговорен за сите важни одлуки, управување со состојбите и праќање информации до секој посебен клиент. Во случајот на “Брканица” серверот се грижи за собирање на моменталните координати на секој од играчите и праќање на истите со секој од клиентите. Како резултат на сето ова серверот станува клучна точка во пропустниот опсег и пресметките. Серверот мора да праќа и прима податоци до N независни текови.
Моделот на архитектурата

Системот со кој ќе работи „Брканица“ ќе биде во реално време (real-time system) кој е еден од почестите типови на настан-просецирачките системи. Сепак постојат три вида системи во реално време кои се карактеризираат по тоа како се справуваат со последиците доколку акциите не се извршат за определеното време: Hard, firm и soft. Во случајов за видео игри најпогоден е soft моделот бидејќи дозволува најголема стабилност и толеранција кон проблемите како заостанување на пакети, споро извршување на наредбите, спора интернет конекција итн.
Активити дијаграм за клиентот
Активити дијаграм за серверот

Класен дијаграм


Архитектурата ќе биде дво-слојна, бидејќе нема да има позадинска база на податоци. Целата логика како избирање мапа, тимови и др, ќе биде извршувана во апликацискиот слој.

Attachments (7)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.