Првичната архитектура на системот ќе биде клиент-сервер архитектура. Сите играчи, во случајов клиенти се приклучени на една сентрална машина наречена сервер. Серверот е одговорен за сите важни одлуки, управување со состојбите и праќање информации до секој посебен клиент. Во случајот на “Брканица” серверот се грижи за собирање на моменталните координати на секој од играчите и праќање на истите со секој од клиентите. Како резултат на сето ова серверот станува клучна точка во пропустниот опсег и пресметките. Серверот мора да праќа и прима податоци до N независни текови. Главниот алгоритам на серверот одприлика изгледа вака: while not done for each player in world if input exists get player command execute player command tell player of the results simulate the world broadcast to all players Додека главниот алгоритам на клиентот вака: while not done if player has changed his location send location to server if output from server exists update objects locations Архитектурата ќе биде дво-слојна, бидејќе нема да има позадинска база на податоци. Целата логика како избирање мапа, тимови и др, ќе биде извршувана во апликацискиот слој. Системот со кој ќе работи „Брканица“ ќе биде во реално време (real-time system) кој е еден од почестите типови на настан-просецирачките системи. Сепак постојат три вида системи во реално време кои се карактеризираат по тоа како се справуваат со последиците доколку акциите не се извршат за определеното време: Hard, firm и soft. Во случајов за видео игри најпогоден е soft моделот бидејќи дозволува најголема стабилност и толеранција кон проблемите како заостанување на пакети, споро извршување на наредбите, спора интернет конекција итн.