Проект Брканица претставуа 3D мултиплеер игра во која има две групи на играчи, едната е играчи кои бркаат и другата оние кои бегаат. Погледот на секој од играчите е во прво лице. Секој од нив го гледа неговото опкружување (ѕидови, пакети, дрвја и сл.) како и останатите карактери на играчите кои учествуваат во играта. '''Цел'''[[br]] Целта на оние кои бркаат (обоени со црвена боја) е да ги „фатат“, да ги допрат, останатите играчи кои бегаат (обоени со сина боја), додека играчите кои бегаат за цел имаат да бидат во бегство што подолго време од оние кои бркаат. '''Технички предуслови'''[[br]] Потребно е компјутерот на кој се игра играта да има инсталирано Linux или Windows како и Java SE Runtime Environment. Исто така играта мора да биде и локално инсталирана на секој кориснички компјутер.