Проект Брканица претставуа 3D мултиплеер игра во која има две групи на играчи, едната е играчи кои бркаат и другата оние кои бегаат. Погледот на секој од играчите е во прво лице. Секој од нив го гледа неговото опкружување (ѕидови, пакети, под, небо) како и останатите карактери на играчите кои учествуваат во играта. Цел Целта на оние кои бркаат (обоени со црвена боја) е да ги „фатат“, да ги допрат, останатите играчи кои бегаат (обоени со сина боја), додека играчите кои бегаат за цел имаат да бегаат. Доколку некој играч фати соиграч добива негативни поени. Технички предуслови Потребно е компјутерот на кој се игра играта да има инсталирано Linux, Windows или Mac OS како и Java SE Runtime Environment 1.7 и нагоре.