Version 4 (modified by 10 years ago) ( diff ) | ,
---|
Проект Брканица претставуа 3D мултиплеер игра во која има две групи на играчи, едната е играчи кои бркаат и другата оние кои бегаат. Погледот на секој од играчите е во прво лице.Секој од нив го гледа неговото опкружување (ѕидови, пакети, под, небо) како и останатите карактери на играчите кои учествуваат во играта.
Цел
Целта на оние кои бркаат (обоени со црвена боја) е да ги „фатат“, да ги допрат, останатите играчи кои бегаат (обоени со сина боја), додека играчите кои бегаат за цел имаат да бегаат. Доколку некој играч фати соиграч добива негативни поени.
Технички предуслови
Потребно е компјутерот на кој се игра играта да има инсталирано Linux, Windows или Mac OS како и Java SE Runtime Environment 1.7 и нагоре.
Правила на игра
Ако бркаш и ако фатиш бегач поени + 2 ако бркаш или бегаш и фатиш соиграч поени -2 ако бегаш и си фатен поени -1
Конфигурација
port forwarding на порта 27960