wiki:About

Version 2 (modified by 225144, 3 weeks ago) ( diff )

--

BuildBoard

Краток опис на проектот

BuildBoard е наменета да е социјална платформа со осврт кон развивачи на софтвер. Идејата е да може да се водат отворени дискусии за технологии, пристапи кон проблеми итн. и тоа да биде достапно за секој развивач на софтвер. Дополнително, апликацијата нуди вграден систем за менаџирање проекти каде повеќе развивачи на софтвер може да се соединат и да градат свои апликации. Целта е на едно место да може да се зборува, учи и дискутира за развиток на софтвер но и на истата платформа да има можност да се видат реални проекти и да се стапи во контакт со развивачите на тие проекти, дали било тоа од консултативна или од колаборативна природа.

Оваа платформа би имала изглед како социјална платформа со разни "threads", форуми и места за дискусија, како и текстуални канали кои овозможуваат комуникација во реално време - наменети за развивачите кои учествуваат во некој проект.

Детален опис на проектот

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби

Одговорни би биле ние, креаторите на овој проект за менаџирање со базата на податоци и нудејќи ја оваа апликација како сервис. Цел е да се поттикне дискусија помеѓу развивачи на софтвер со разен дијапазон на знаење. Идејата е: некој да сподели знаење, друг да научи.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

Во сегашно време, има бесконечен број на ресурси и начини како некој може да стекне знаење. Проблемот не е во обилноста на знаењето кое што е достапно, туку во насоката т.е како да се стигне до посакуваниот резултат. Секое решение на проблем има своја патека како да се стигне до целта. Овој проект се стреми да го реши тој проблем на насочување, односно развивачите на софвтвер меѓу себе да се насочат и да си помогнат.

Друг проблем кој се решава е проблемот на централизација. Овој проблем е всушност поврзан со горенаведеното така што многу полесно е да се насочи некој што сака да научи, ако потребните ресурси се сите на едно место. Во нашата платформа тоа е изразено преку разните информативни threads* и threads за дискусија.

  • * - "thread" е основната структура во оваа платформа која всушност ја преставува содржината на оваа апликација, креирана од корисниците.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Оваа апликација нема рестрикција кој може да ја користи, но е наменета да биде користена од развивачи на софтвер и да делува како социјална платформа токму за нив. Основен тип на корисник би бил нерегистиран корисник кој само би можел да ја разгледува содржината на оваа платформа. Најавен корисник би можел дополнително да креира содржина и да комуницира со други корисници. Ако најавен корисник креира thread, се смета дека тој е модератор на тој thread, односно има привилегии да го контролира кој поставува содржина во тој thread да креира тагови* за тој thread. Исто така најавен корисник има можност да се пријави да учествува во некој проект, со тоа учество ја добива улогата на развивач на софтвер (developer) за тој проект. Би имал пристап до ресурсите со кои располага тој проект и можност да комуницира со другите развивачи преку канали. Секој најавен корисник има можност да дефинира и да креира свој проект, со што станува раководител на проект (project owner).Раководител на проект контролира кој е вклучен во неговиот проект и има можност да креира свои персонализирани улоги во рамки на дадениот проект, кои може да се доделуваат на развивачите вклучени во проектот, со што би добиле разни пермисии и функционалности.

  • *- таг е начин да се класифицира содржината на еден thread.

Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Проектот е планирано да се изработува како веб-апликација.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.